Acid напиша:
Кој молчи?
Редовно им пцујам се живо на властите, таму кај што работите се срање (а речиси се е срање), но пред друштвото. Кажи ми ти, како поинаку треба да постапам за некој да го чуе мојот глас? Да одам и да се дерам пред Собрание?
Да, така ќе ме чујат, ама освен вожња до полициска (Беко) и можеби едно ќотече, што друго ќе добијам?
Не е во младите, не е ни до старите. До оние главучи на власт е. Ако не си на власт, ќе го пиеш. Затоа city, не се фокусирај на младите кои се апсолутно беспомошни во оваа ситуација - туку фокусирај се на власта.
Хеее, абе за такво немолчење сите знаеме, туку дали ни текнало на СИТЕ, ама баш на СИТЕ да се организираме и да сториме нешто? Бидејќи такви некои протести во врска со различни апсурдни одлуки на власта беа превземени, ама никогаш не сме биле ние сложни како народ, како популација, туку сме биле сложни како сопартијци соработници, бла бла...
Не викам дека сум од оние што не молчат - напротив, по природа сум конфoрмист во врска со овие работи, сакам да кажам нема ЈАС да бидам таа која ќе организира нешто, но со сигурност ќе ја дадам својата подршка и тоа не со седење пред TV и пцуење туку делување, со акција! Тука веќе малку ја проширив работата - не зборував само за младите, туку воопшто за Македонците, ама и ние младите сме Македонци, па така се пренела врз нас таа македонската - ќути си, може да биде и полошо...:star:
А зошто молчиме? Молчиме бидејќи уште од свои пет години знаеме што е политика и кои се ВМРО, кои СДСМ и знаеме дека "СИТЕ ЛАЖАТ" и дека тука нема иднина и дека кога ќе го завршиме образованието ќе одиме да работиме во странство - на брод, како бебиситерки, бла бла и тоа...
П.С. Квалификациите на Евросонгот ги глеав пренос од Француска телевизија и водителот објаснувајќи за нашата претставничка рече: Елена Ристеска е многу убава и млада девојка, доаѓа од Македонија, земја чиј народ емигрира низ светот итн...