Зошто мажите се плашат од брак?

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас сум девојка која многуууууууу се плаши од брак.Се плашам од помислата дека тука мојот живот ќе заврши и ќе започнат проблемите.Незнам зашто така ама така се чувствувам.И ако продолжи ова чувство кај мене не верувам дека некогаш ќе се омажам.:toe:
И пропадна теоријата на Бертинерс...

Кате ај дај причина две зошто го имаш тоа чуство... онака за споредба :smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас не се плашам(од ништо:icon_lol:)од брак ама тоа е животна одлука па затоа сум внимателен.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
и јас имам одбивност кон бракот..сум за сериозна врска, ама се додека не е брак, можеш многу полесно да го завршиш сето тоа и да се извлечеш од животен период кој тргнал во грешна насока.
Постои и прашањето, што ако се заљубам во друг?што ако не е тој вистинскиот.Не верувам во муабетот кога ќе го сретнеш ќе осетиш и ќе знаеш.
Се плашам од неуспешен пропаднат брак, изгубено скапоцено време од животот поминато со погрешен човек..
 
Член од
21 август 2008
Мислења
140
Поени од реакции
11
и јас имам одбивност кон бракот..сум за сериозна врска, ама се додека не е брак, можеш многу полесно да го завршиш сето тоа и да се извлечеш од животен период кој тргнал во грешна насока.
Постои и прашањето, што ако се заљубам во друг?што ако не е тој вистинскиот.Не верувам во муабетот кога ќе го сретнеш ќе осетиш и ќе знаеш.
Се плашам од неуспешен пропаднат брак, изгубено скапоцено време од животот поминато со погрешен човек..
apokalipto ova e odgovorot na tvoeto prasanje.
sto ako se zaljubam vo drug?
sto ako nemozam da gi izdrzam bracnite obvrski?
sto ako nemozam da im pruzam normalen zivot na moite deca?
i mnogu drugi prasanja....:toe:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Потребата од брак се чувствува. Во одредена фаза од животот сфаќаш дека не ти се шета веќе како порано, не ти се дреме со партнерот по кафиња, по дома на неколку саати. Момент кога ќе се заситиш од се`. Нормално е да си го поставиш прашањето дали ти е изборот вистински, дали ќе биде се` како што треба во иднина, како ќе се справиш со цела нова ситуација и сл. Ама знаеш дека ќе треба да почнеш да живееш кога-тогаш, со исклучок ако немаш цврст став дека нема да стапиш во брак. Оваа потреба за заедништво посебно доаѓа до израз кога ќе се ти се разбуди чувство на мајчинство, кога ќе размислиш дека не можеш да родиш дете на твои 40, кога ќе осетиш потреба за свое семејство.
А стравот секогаш ќе се провлекува, страв за себе и страв за другиот. Прашање е само колку ќе му дозволиш да ти влијае на одлуките и колку ќе го внесеш во меѓусебниот однос.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
јас не се плашам од брак...само не го сакам прерано....има време за се'
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Mажите си сакаат слобода и време да соберат искуства и да проживеат што е можно повеќе. По одреден период за мнозинството мажи веќе им здосадува таквиот динамичен живот и сакаат да се удомат, и тогаш во основа не бараат лично во која лудо би се вљубиле туку пријатна личност со која ќе можат да се толерираат со која ќе може да си ги задоволуваат меѓусебните потреби и со која би имал деца.
Нормално кај мажите тоа трае подолго, најверојатно поради тоа што го спомна бети буб дека жените порано ги фаќа страв поради ограниченоста да се има подмладок во подоцните години, при што мажите не мислат на ова, што се однесува до мажите тие се плодни и после 50 години.
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Е јас немам одбивност кон бракот , напротив сакам да се омажам , да создадам семејство , да си живеам заедно со човекот кој ке си го сакам и ке ме сака....
Порано несакав да се мажам ама не гледам сега ништо страшно , како да ке одиме на колење
 

PiNkGiRl

Queen of rain
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.717
Поени од реакции
8
Далеку од тоа дека само мажите се плашат од бракот. Во целина се зависи од човекот, а стравот од бракот баш нема никаква врска со полот. Понекогаш баш мажите се оние кои посакуваат брак, семејство, деца и.т.н.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Паа Бертинес...повеќето мажи се плашат затоа што ако на пример шмекаат нешо на страна па да не кажам се ебаваат со швалерајки на страна првин се во постојан страв дали ќе се дознае тоа од страна на брачната другарка. Второ ако се дознае околу тоа се појавува нов страв и нова неизвесност а тоа е : Дали ќе ми прости жената (неизвесност) а ако не ми прости ќе се разведе од мене и ќе ми земе пола имот (страв)...
И после зошто се плашат...:vozbud:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
јас ич не се плашам...да најдам некоја шо ке ме земи одма се женам..пфф
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.561
1. Затоа што секое плаќање што било на доброволна база до сега од сега е и законска обврска.

2. Затоа што секое прибирање дома во 4 сабајле после убаво помината и запиена вечер со лепо друштво ќе го дочекаш на нож ако си до толку среќен да не ти рикне батеријата на телефонот за време на истата.

3. Затоа што не смееш да имаш секс со други жени. Чак што више не смееш ни уф добра цицка да искоментираш.

4. Затоа што тоа е како со полн разум и здрава свест да потпишеш дека сакаш во Идризово.

5. Затоа што ќе стануваш во 5 сабајле да менуваш пелени а во 8 си на работа додека жената ти е на трудничко боледување.

6. Затоа што денешниве жени не знаат кафе да сварат а камоли на правосмукалка гајтанот да го одмотат.

7. Затоа што цехот за фризер за козметика, маникир, педикир, сауна, халини и долна руба е еднаков на струја+вода+телефон на куб.

8. Затоа што на комшијата ќе му се отвори работа повеќе од твојата кариерна.

9. Затоа што ќе се разбудиш еден ден со 50% од станот, куќата колата и калапот за мраз.

10. Затоа што ни Bayer фабриката да ја поседуваш нема да ти помогне во сексот.

Зошто? Еве зошто




Иначе сум недефиниран по ова прашање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Не се плашете, ништо не боли. 19-та година сум у брак, ама ич не ми е страв :)

Мислам дека на прва страна беше спомнато, мажите ги пишмани помислата дека ќе се цел живот само со една, а не дека се плашат од самиот брак.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
јас сметам дека не се плашат од бракот, туку се плашат од тоа што со бракот до негде доагаат и поголеми обврски а плус тоа што ти се скратуваат други работи како искачање со другари, забава и слично...:toe:
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Зашто се плашиме?! Зашто да не се плашиме? Како што кажа Кате муфи
kate.mufi напиша:
тука мојот живот ќе заврши и ќе започнат проблемите
и јас се чувствувам слично. И плус
доагаат и поголеми обврски а плус тоа што ти се скратуваат други работи како искачање со другари, забава и слично...
Страшна работа е бракот треба да се врзеш и да се посветиш на нешто. И кога ќе сјебеш последиците не паѓаат само на твој грб туку повредуваш и други (да почнувам реферат за тоа како е страшно да бидеш татко и на некој начин да држиш нечиј живот во раце), итн итн итн...
Може ова се да сведе на страв од растење, созревање и обврски кои доаѓаат со статусот... ама интересно како не не плаши алтернативата, на пример да се живее цел живот сам, да не се сподели животот, и лошото и доброто, со некого, да не се осети какво е чувствто да се биде татко... Нема бе идеално, се се сведува на помалото од двете зла.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom