Дека најголем манипулатор на народот се медиумите тоа е факт, затоа и слабо ги следам и слабо им верувам, верувам само во она што лично ќе го искусам, видам, чујам... Медиумите секогаш им одат во корист на политичарите(пред се власта) т.е. и одат во корист на државата ............ но мене многу повеќе ме иритира и нервира тоа што и самите луѓе еден со друг се манипулираат, или барем се обидуваат во тоа, мислам дека тоа е тотално погрешно и мислам дека секој еден поединец треба да си размислува независно со сопствена глава, а не да потпаѓа на туѓите манипулации и туѓото наметнување на ставови и погледи !
Инаку смешно е за се да се обвинуваат политичарите, бидејќи политичарите се една шака луѓе, а и тие се дел од народот, тие не се ниту вонземјани, ниту странци... тие произлегуваат од самиот народ, самиот народ ги дава, каков е менталитетот кај народот такви ќе бидат и политичарите... каков народ-таква власт-таква држава...
Е сега во државава има сеуште затупен народ кој слепо им верува на политичарите и навистина се надева дека ако тој и тој дојде на власт нешто ќе се промени, но на крај истите тие затупеници ќе си останат изманипулирани, излажани и со прстот во уста !
П.С. Денеска и таков е системот(Капитализам), систем на искривени вредности, се е од интерес и ќар и ’’пријателствата‘‘ и се, баш се, денеска не само политичарите и државата туку ако дозволиш и секој еден поединец ќе те врти како сака и ќе гледа да те зае*е на овој или оној начин, ако го дозволиш тоа секако ....... затоа мислам дека не треба на никого многу да му се верува, дури и на оние кои мислиш дека ти се вистински и блиски ’’пријатели‘‘, роднини, колеги и.т.н. бидејќи денеска секој еден човек е индивидуалист, егоист и материјалист... самиот систем си ги прави/направи овие работи... затоа мој совет до сите е мислете со своја глава, не дозволувајте да бидете изманипулирани, не потпаѓајте под туѓи влијанија, не дозволувајте да ви се наметнуваат туѓи ставови и не му верувајте слепо на никого !