Во дискусијава пропуштаме еден важен момет од насловот и тоа допринесува да се изгуби фокусот. Во насловот убаво стои ,,САКАТ,, (сакаат), и дискусијата треба да е дали и зошто на девојките не им летаат пеперутки во стомакот и не им се тресат колената кога ке запознаат или сретнат некое ,,добро момче,,. ,,добро момче,, за потребите на темава се издефинира дека тоа е некое мирно, трудољубиво дете кое студира со висок просек, не заработува многу, почитува, внимателен, го нема оној мачо момент во себе и секогаш завршува во френд зоната.... Па не го сакаат девојките баш за последното, го нема тој мачо момент, нема самодоверба, нема харизма, нема самостојност.... Ке се треси и препотува додека праша некоја за состанок и кога ке ја добие шансата ке ја прокоцка уште вечерта не почната, ке се усере на основна работа... пример ке ја земи од дома и кога ке го праша минџата каде ке одиме овој ке рече ,,каде сакаш,,
од што на цурата и се темни и инстантно донесува одлука дека за него пристап до п... нема. Она сака (и со право) човек кој донесува одлуки, кој решава, превзема одговорност за тоа таа да биде срекна, човек кој има план.... па макар било тоа и за банална работа како излегување, сака типот да ја товари и да и каже одиме таму и таму, сами или со тие и тие луѓе, карактерот да му кажува држи се за мене и немаш гајле за излегувањево и за животот... не сака некој кого ке треба да го управува и таа да ја носи одговорноста која природно треба да ја носи мажот. Значи не лигловци, не билдери, не богати или сиромаси.. туку луѓе со самодоверба, интелигенција и харизма (што секако се главни особини за успех и на секој друг план). Некои погоре дискутираа какви ликови од филмовите привлекуваат жени... па жените сакаат типови, карактери, како Ал Пачино од Кум или Арманд Асанте од марија... не збориме за пари, туку за сакање, парите се друга работа и со нив може лесно да се купи супститут за сакањето, со пари може да имаш жени колку сакаш и какви сакаш ама неможеш да им ги размрдаш пеперутките во стомакот.