Добри и лоши момци.
Мажите се толку променливи по тоа прашање. Ако сакаат некоја, ако се сигурни дека таа е вистинската стануваат добри. А и тие што као важат за "добри" што почнаа да го злоупотребуваат за да ги романтизираат недоволно привлечни, богати и образувани мажи и жени, колку знаат да станат расипани од комплексите што им ги направиле 100 погрешни избори и бељата ја јаде 101-иот што бил вистински избор. Јас во добри момци не ги сврстувам комплексашите голд дигер фобичари. Вчера си дојдов порано од работа, притисок ли што беше работа, ќе припаднев, со крварење од нос со све. И додека одмараме дома ми вика ,, А бе, ќе дојде ден, ќе треба да одмориш на неколку месеци, утре друг ден и свадба и дете ќе има ова она. Јас сум тука, зар не сме се гледале еден со друг кога сме биле слаби досега? "
Јас на шега му викам ,, Да бе, парите да ти ги јадам, никогаш не сум била со таква намера. "
Одговорот што ми го даде пример, мене ме убеди, ем искрен, без симнување ѕвезди, ем зелено знаменце.
,, Срце, да има пари па да јадеме па ти.
Дали мои, твои, или од ќупот на дедо ми, што има врска?"
И исто многу битен момент, барем во моите врски, што отпосле сум го приметила, мажите колку и да изгледаат несериозно, уште на првиот состанок, како на прво интервју за работа, девојките ги ставаат на тест, дали со оваа жена можам да споделам живот. Ако го поставиш очекуваниот гард и му се допаднеш, честито. Кај мажите тоа се повеќе фази од категории.
Ист маж што не направил за една жена во 4 години врска, прави за друга во 6 месеци врска.