Еве јас си го подржувам мојот локален клуб нема да го откријам името на клубот нити името на навивачката група затоа што сметам дека нема потреба, сум одел дома и гости сум внесувал и пиротехника на стадиони, сум бил лице во лице со џандари и со противнички групи ... но тоа не е важно што сум правел. Видете кај нас зборувам за последниве 10 години не постои ниту една сериозна навивачка група, од време на време некои групи ке се во подем и ке го достигнат својот максимум едноставно застануваат тука и следните 10 години само тапкаат во место. Првин има многу ниско ниво на локалпатриотизам, нема навивачка култура во Македонија, непостои кодекс, нема менталитет, лугето немаат капацитет. Уште од времето кога Македонија се раздели и од поранешна Југославија, работите во нашата земја не се тргнати на арно. Да тажно ама вистинито, во оваа наша држава ако може да се нарече ова "држава" главен проблем не е името со Грција, немаштијата, нити економијата, нити лекарите што неможат да работат со пациентитет затоа што немаат средства, нити корупцијата во сите можни сфери во општеството, нити што посадиле земјоделците и што ке извезат, ни скандалите на високите функционери, ни прашањата нерешени со Македонсите бранители од конфликтот 2001 најголем проблем во оваа држава сме ние Навивачите. Колку пати минатата година на дневен ред се ставаше законот за навивачи. Па да не се носат вакви знамиња, да не се ставаат вакви банери, да не се носат маички со ...... натписи, да не се скандира, и кизнајт уште што не, донесени се абнормални и неразумни казни (Пример земам Обвинет за убиство добива затворска казна од 4 години и 6 месеци, обвинет за силување довива казна 6-7 години. Дешавките на Кале во Скопје цела јавност гледаше на ТВ што работи полицијата и кои лица беја вмешани во инцидентите???) а ние ке одиме на стадион ке фрлиме едно столче на терен ке на затворат 3-5 години, недај боже да те фатат ако запалиш бакља или ако влезиш на терен. Сето ова се разбира и нема никаква врска со МОЗОКОТ, но во оваа држава се е можно, се користат сите можни неправилности за да е во ред. Колку пати на дечките од Скопје не беа пуштани да влезат на стадиони со комплетна средена и најавена документација за гостовање минатата сезона, дечките од битола го имаа истиот проблем да не правам муабет за помалите групи во Македонија колку пати им беа скратени основните права на . Има уште еден куп знаци, разберете време е да ги оставите вашите глупи интереси и да застаниме еден до друг да се бориме за она што е наше.
Секој ден се повеќе и повеќе понижување до каде ке оди ова.