Зошто бодрење на странски клубови, а не на домашни?

Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
исто као шо јас сега одам на утакмиците на пелистер ;)
Слободно оди, јас не можам на никој да му забранам нешто исто како што не може мене некој да ми забрани.
Јас сигурно нема да се откажам од Победа, ама дури не се смени нешто ќе си трпиме.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Се прашувам и јас ова. Ќе се степаат за Партизан-Sвезда, одат во грција на одмор, употребуваат србизми и англицизми, странското го ставаат пред македонското, на фејсбук ставаат дека живеат незнам каде - тоа не се македонци, тоа се изроди во македонскиот народ!
:vozbud::vozbud::vozbud::cuc:
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
385
Поени од реакции
205
Додека седам пред компјутер или пред тв, подобро ќе појдам на натпревар и ќе го бодрам матичниот клуб колку и да е слаб. Многу повеќе се радувам на успехот на родниот клуб, отколку на успехот на странскиот клуб кој го симпатизирам. Родниот клуб и град пред СЕ !!!
 
F

fantomX

Гостин
И се десило тоа,испил пиво на клупа за резерви......браво.Ради тоа сега ќе го одсакам Вардар.Готово,не ме боли веќе уво за ниту една екипа од кај нас.Не ми е гајле што е наш најтрофен тим,што бил порано како еден вид репрезентација на Македонија,клуб за кои што навивале моите,единствен клуб за кој навиваат сите населби од градот,екипа од моја град........се е тоа небитно.Еден тип у Прилеп испил пиво на терен и готово.....Сето тоа е споредна работа,така? Екипа се засакува ради тоа,не ради колку им се големи професионалци играчите......
Знаеш колку има играчи што признале дека пијани играле утакмица?
Тој тип тогаш веројатно беше и најплатениот во Победа, плата за која јас и уште двајца другари плативме по 100 денари карта за дуелот, оти нели, не се знаевме со чичкото на врата па да не пушти беспари како многу други. Шо убо, а?

И вие изгледа тешко разбирате, фудбалов СЕГДЕ, ама буквално СЕГДЕ во светов за публиката и фановите претставува разонода и бегање од секојдневните обврски на два часа. Која бре јас разонода ја имам гледајќи такви „професионални фудбалери“ како дотичниов неименуван господин? Реков еднаш, еве да не гледам странски фудбал во тоа време, попрво ќе соберам 10-15 души и играме поштено НИЕ, ЛИЧНО, за разонода и уживање.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ја ценам вашата упорност да докажете дека треба да се ценат Македонските клубови но постовите на fantomX се 102,3% точни.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки, вака јас сега ќе ви кажам една сторија што е од индивидуален спорт, а можете слободно да претпоставите дека истово се прави и во колективните спортови во Македонија.

Кога тренирав пливање кај прошлиот тренер, тренирав со неговите деца. Е сеа, неговите деца тој ги имаше намерно запишано на пливање, им гледав во очи на децава дека не им се пливаше, без желба доаѓаа на тренинг. Ги имаше натерано, дали некој негов комплекс од нижа вредност или што и да е, битно натерани беа. Исто така во тимот имаше и едно момче кое беше 3 пати подобро од син му. Ама кога доаѓаа некои натпревари кога требаше да се брка норма и да се оди на балкански, европски и светски натпревари, типацов што ми беше тренер му збореше на детево да не иде да се квалификува, туку да седи да тренира, рано му било уште, не му одговарал стилот, син му да оди место него. Ама деца бевме тогаш, што ќе правиш.
И со тек на времето пораснавме и истиве опструкции и форсирања на синот си продолжија и со годините и детево што имаше најаки резултати во цела МКД со 13 години, замина во Америка. Пред некој ден ми пиша дека е во потесниот избор на 26 пливачи кои ќе конкурираат за норма за на следнава олимпијада во Лондон. Ама знаете што? Под американско знаме. Го боли за Македонија, него тука му вршеа опструкции, да беше уште тука одамна ќе беше откажан од спортот, ќе се осетеше неталентиран според зборовите на тренерот.

Втора случка имаше неодамна, минатата олимпијада, кога вајлд картата за во Пекинг наместо да заврши кај првакот на Македонија кој реално имаше сребро на балканското првенство извесно време пред тоа, му ја доделија на синот на претседателот на федерацијата кој најголем успех што го направи во Пекинг беше сликата со Ана Ивановиќ.

Не се само овие случки, има еден куп, само ова се две случки на кои имам сведочено. Замислете па во колективниве спортови што се прави, каде што има повеќе места за репрезентативци? Колку „падобранци“ може да се стават во една репрезентација ехее :sneaky:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
Јас и ден денес најмногу го сакам Караорман, па Вардар, а вие како сакате... :)

Инаку во секој индивидуален спорт децата од мали си имаат идоли помеѓу врвните спортисти од истиот, па не гледам зошто би било различно во колективните спортови. Тоа е како да му кажеш на навивач на Работнички или МЗТ дека не смее да биде фан на Лејкерс или Бостон.

Се е тоа малку поинаква љубов...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Јас и ден денес најмногу го сакам Караорман, па Вардар, а вие како сакате... :)

Инаку во секој индивидуален спорт децата од мали си имаат идоли помеѓу врвните спортисти од истиот, па не гледам зошто би било различно во колективните спортови. Тоа е како да му кажеш на навивач на Работнички или МЗТ дека не смее да биде фан на Лејкерс или Бостон.

Се е тоа малку поинаква љубов...
Да,во право си,но поентата е што некој вени сечат на Бостон и Лејкерс,јас лично знам еден таков,во случајов Далас Маверикс.
Освоија по бог знае колку време НБА титула и другаров славеше како да го фатил Господ за јајца...
Во другите држави не е така,менталитетот е сосема поинаков.
За пример ја земам Србија,бидејќи имам отидено таму и знам како е,сите го сакаат своето и се горди на тоа,без разлика какво е,нивно е,за него прават се,ич не им е гајле за другите,додека кај нас е обратно,по своето плукаме,а на туѓото свршуваме до немајкаде.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Пак ли ја отворивте темава,и после толку постови пак не сфативте дека секој навива за кого сака и која љубов ќе му влезе во срцето од мали години.Ако на некои не им влегло македонското,било тим поединец и сл,не се тие глупи,не плукаат тие по своето,него самата држава е крива,федерација,управи итн(за ова прочитајте го примерот на Џену погоре).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
За пример ја земам Србија,бидејќи имам отидено таму и знам како е,сите го сакаат своето и се горди на тоа,без разлика какво е,нивно е,за него прават се,ич не им е гајле за другите,додека кај нас е обратно,по своето плукаме,а на туѓото свршуваме до немајкаде.
Сите ја прават оваа споредба ама верувај не е до менталитетот, туку тие се спортски далеку подобро организирани и сеуште се конкурентни. Не зборувам само за врвни спортисти кои ги имаат во тенис, кошарка, фудбал... туку и на клупски план, еве последниве години, Партизан ќе се протне во ЛШ па ќе одигра 1-1 со Реал и слично... значи пак, конкурентни се.

И еве конкретен пример: Вардар против ЦСКА и Спарта. Игла немаше каде да падне. Вардар беше конкурентен со посилни екипи, народот се тепаше за карта повеќе. ИСто е со репрезентацијата кога беше во подобра форма па земаше некој бод тука и таму, со репрезентациите во кошарка и ракомет... секаде каде што можеме да им парираме на посилните, стадионите и салите се преполни.

И уште еден пример: фудбалската и ракометната лига во времето кога тоа што се играше личеше на фудбал и ракомет. Сум бил на локални дерби натпревари на кои требаше да се оди 2 часа порано, или може да останеш надвор дури и со влезница.

Нас не ни треба кузнае што, ние сме скромен народ. Ни треба организација и пристојни резултати. Кога одиме на некој натпревар да знаеме дека се игра чесно и дека ќе се забавуваме, дека нешто од нешто ќе има да се види. Да знаеме дека клубовите и лигите постојат за навивачите, а не за некоја мафијашка будала со три грама памет да се богати. Тоа е се што ни треба и ќе се навива и ќе се бодри, ќе биде како што беше.

А странски првенства и лиги секогаш ќе се гледаат и секој човек ќе си има фаворити, тоа не е ништо ново и го има секаде.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.871
Јас и ден денес најмногу го сакам Караорман, па Вардар, а вие како сакате... :)

Инаку во секој индивидуален спорт децата од мали си имаат идоли помеѓу врвните спортисти од истиот, па не гледам зошто би било различно во колективните спортови. Тоа е како да му кажеш на навивач на Работнички или МЗТ дека не смее да биде фан на Лејкерс или Бостон.

Се е тоа малку поинаква љубов...
Се е тоа океј и јасно знаеш чив фан сум и сто пати кажав, не е забрането да се навива за странски клубови ама да се крстам во нив и да ги сакам повеќе од домашниот не доаѓа во никој случај. :)
 
Член од
19 април 2008
Мислења
302
Поени од реакции
25
Тој тип тогаш веројатно беше и најплатениот во Победа, плата за која јас и уште двајца другари плативме по 100 денари карта за дуелот, оти нели, не се знаевме со чичкото на врата па да не пушти беспари како многу други. Шо убо, а?

И вие изгледа тешко разбирате, фудбалов СЕГДЕ, ама буквално СЕГДЕ во светов за публиката и фановите претставува разонода и бегање од секојдневните обврски на два часа. Која бре јас разонода ја имам гледајќи такви „професионални фудбалери“ како дотичниов неименуван господин? Реков еднаш, еве да не гледам странски фудбал во тоа време, попрво ќе соберам 10-15 души и играме поштено НИЕ, ЛИЧНО, за разонода и уживање.
.

Ај уште еднаш размисли шо си напишал...
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.456
Поени од реакции
10.153
Реално да си кажам мене Беласица ми је изнад свега :P После тоа иде Арсенал :) Така да шшшт , тишина за мене ! Македонското пред све ! :)
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Еве јас си го подржувам мојот локален клуб нема да го откријам името на клубот нити името на навивачката група затоа што сметам дека нема потреба, сум одел дома и гости сум внесувал и пиротехника на стадиони, сум бил лице во лице со џандари и со противнички групи ... но тоа не е важно што сум правел. Видете кај нас зборувам за последниве 10 години не постои ниту една сериозна навивачка група, од време на време некои групи ке се во подем и ке го достигнат својот максимум едноставно застануваат тука и следните 10 години само тапкаат во место. Првин има многу ниско ниво на локалпатриотизам, нема навивачка култура во Македонија, непостои кодекс, нема менталитет, лугето немаат капацитет. Уште од времето кога Македонија се раздели и од поранешна Југославија, работите во нашата земја не се тргнати на арно. Да тажно ама вистинито, во оваа наша држава ако може да се нарече ова "држава" главен проблем не е името со Грција, немаштијата, нити економијата, нити лекарите што неможат да работат со пациентитет затоа што немаат средства, нити корупцијата во сите можни сфери во општеството, нити што посадиле земјоделците и што ке извезат, ни скандалите на високите функционери, ни прашањата нерешени со Македонсите бранители од конфликтот 2001 најголем проблем во оваа држава сме ние Навивачите. Колку пати минатата година на дневен ред се ставаше законот за навивачи. Па да не се носат вакви знамиња, да не се ставаат вакви банери, да не се носат маички со ...... натписи, да не се скандира, и кизнајт уште што не, донесени се абнормални и неразумни казни (Пример земам Обвинет за убиство добива затворска казна од 4 години и 6 месеци, обвинет за силување довива казна 6-7 години. Дешавките на Кале во Скопје цела јавност гледаше на ТВ што работи полицијата и кои лица беја вмешани во инцидентите???) а ние ке одиме на стадион ке фрлиме едно столче на терен ке на затворат 3-5 години, недај боже да те фатат ако запалиш бакља или ако влезиш на терен. Сето ова се разбира и нема никаква врска со МОЗОКОТ, но во оваа држава се е можно, се користат сите можни неправилности за да е во ред. Колку пати на дечките од Скопје не беа пуштани да влезат на стадиони со комплетна средена и најавена документација за гостовање минатата сезона, дечките од битола го имаа истиот проблем да не правам муабет за помалите групи во Македонија колку пати им беа скратени основните права на . Има уште еден куп знаци, разберете време е да ги оставите вашите глупи интереси и да застаниме еден до друг да се бориме за она што е наше.
Секој ден се повеќе и повеќе понижување до каде ке оди ова.
 
F

fantomX

Гостин
Ај уште еднаш размисли шо си напишал...
А за шо се игра бре? За безделничките групи кои се самонарекуваат големи навивачи чија цел е гага влез на стадион, гага патување на гости и ако бидува и гага јадење и пиење, кое секако, ќе треба да се плати од тие шо платиле влезници?
То не е љубов кон клуб, то е паразитство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom