Значи вака. Пред околу 2 години бев во врска со една женска. Одевме еден месец и некако се запоставивме и едноставно раскинавме. Епа сега оние кои не се вљубени можеби нема да ме сватат, но затоа ќе ме сватат вљубените. Тоа жарче на љубовта кон неа сеуште гори. Останавме како пријатели после врската. Сега немам толку голем контакт бидејќи учиме во различни училишта. Пред некој ден си пишувавме на фејзбук, и и реков дека сакам да се видиме. Таа ми рече дека многу сакам и дека таа нејќе. Епа сега многу ми се свиѓа чупево и сакам пак да бидеме заедно. Па ако може некој совет од оние кои имаат искусено, на кои финти им успеало, што да направам за да го придобијам нејзиното внимание, како да се однесувам со неа, како да и речам повторно дека сакам да се видиме без да ме одбие, итн.... ? Ве молам помогнете ми.