македонијава тапка во место и ќе тапка уште долго, од: (а у меѓувреме ке ја и ќе не тапкаат и тапшаат)
1. СДСМ (кога ја водеа, ја водеа само по еден пат.. и така се до една раскрсница или културно крстосница... лево транзиција, десно амбис, право неповрат... секој со крстот на чело си ја одбра насоката... дел од транзиционерите станаа милијардери, дел уште кукаат дека бранко е крив... од амбисот никој не се врати да каже како е... за разлика од тие од неповрат што кажаа барем хелу фром ауштралија...
2. ВМРО-ДПМНЕ (на чело со реформаторот за инат на СДСМ изградија патишта, патишта ехеее, кружни текови... подвозници, надвозници.. наскоро и подземни патишта.. па што ленти се исекоа... па што лопати се фрлија... ама од многу патишта и кружни текови... сега не знаат кој пат да го фатат... не викам дека не работат... пу пу скраја било далеку од тоа... ама кружните текови им се проблем се некако на почеток се враќаат... се плашам еден ден од толку многу патишта да не се засилат па да залутаат по некој недовршен пат.. и да паднат во некоја провалија... а заедно со нив и ние...
1+2 = 3. корупција, криминал, судство, непотизам, стереотипи, омраза, мирен (глуп) народ, прогледување низ прсти на малцинствата, замолчување на народната маса, поделби на народот по партиска и социјална... а најново последниве години по етничка, верска и сексуална определба... ограничени сваќања, испрани мозоци, катастрофални меѓуетнички и меѓучовечки односи, проблеми во меѓународните односи, проблеми со соседните држави и тие до нив.. и тие позади нив... проблем со комшијава до мене...