Зошто Македонија тапка во место-наведете барем 3 причини!

Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Нема да биде добро

Пред кои сите сме биле бе човек,како од вселената да си паднат,кај живееш ти,изгледа тебе комуњарите уште те лажат дека кога они биле на власт,ние сме биле регионална сила..:tapp:
Ние немаме мрднато 20 години од мртва точка и немој да ми кажуваш филмови,дека последниве 4-5 години сме ептен уназадени и осиромашени... Бајки за мали деца
Зборувам за времето кога во екс Југославија се водеа војни и сите завојувани страни имаа огромни штети, ние имавме стотици марки а во Србија десетина.Босна, Црна Гора па и Хрватска.Сите се извлекоа и ние останавме со најголема невработеност и најниски БДП.Што требе уште да се каже.Сега еве ќе им покажеме на Европа и Америка?
И јас би сакал да сме единствени во она што би се договориле - но оваа поделеност ништо добро не ни ветува. Да не должам - нема да биде добро.:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Пред кои сите сме биле бе човек,како од вселената да си паднат,кај живееш ти,изгледа тебе комуњарите уште те лажат дека кога они биле на власт,ние сме биле регионална сила..:tapp:
Ние немаме мрднато 20 години од мртва точка и немој да ми кажуваш филмови,дека последниве 4-5 години сме ептен уназадени и осиромашени... Бајки за мали деца
Хехе, Цитро она што го кажуваа ако ти текнува едно време дека сме као некои лидери и ептен пред влез у еу ама ете антиката ни ги "расипа" демек сметките...делува на народ :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837

Да да лидери бевме,ми текнува ..Во малцински права,во слобода на говор,секој може у оваа држава да каже што сака и да не одговара, у верска толеранција и прва држава "експеримент" за "мултиетнички соживот" Фала али мене тоа не ми се свиѓа да сме први у такви работи,а за економија е банално да се зборува,дека сме биле пред Србија и Хрватска за време додека они биле у војна.. A антиката да.. не заеба она :)
 
Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Причината за нашето тапкање, или еден вид на по лесно пропаѓање лежит во далечната 91'.Зошто? Сега ќе ви кажам.
Во 1991 како шо знајме сите, Македонија се оддели од Југославија и стана самостојна Република Македонија.Дојде време да се постават темелите на независна Македонија,како шо знајме на власт дојде нашиот прв претседател Киро Глигоров, Либералната Партија(не сум сигурен дали беа под то име).Темелите ги поставија на принцип лева рака десен џеб.Секој си гледаше да земит шо појќе за себе, а народот, ко и секогаш сиромашен.Гигантските фабрики како „Лихнида“ Охрид, „Емо“ Охрид и други сега да не набројвам, полека осиромашија,па се затворија, кој на 70% кој технолошки вишак, кој избркан итн.Немаме стабилни лидери на државата,секој гледат за свој интерес.Сегашнава влада гледам некако почвит да излегвит од кризата,не дека секоја влада е совршена,ама барем пробвит државава да ја вратит во една стабилна позиција,а и самите знајте дека спорот со името(вето), во моментов е најголем проблем.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
многу ме нервирит кога некој че пишвит на дијалект... половина од зборовите ги нема во македонскиот правопис...

а од друга страна сосема се сложувам со скоро целиот текст, освен она последното дека “оваа влада“ се трудела да направи нешто позитивни и дека истата излегува од криза... оваа влада е нај лошаа влада што воопшто и се десила на МК... преку коњи, букефали, статуи, бисти, шмизли, камбани и остали глупости, во сред економска криза они си опраа голема колична на пари... а народот го оставаат во нај тешките моменти да цркаваат за корка леб...

спорот со името е проблем на кој оваа власт на чело со гЛујо не име во интерес да се реши, т.е. не сакаат или пак можда немаат луѓе кои можат да го решат...
 
Ај батали ја политичката обоеност и погледни малце по реално,барем за секунда... И кажи ми која влада беше боље од оваа ??? (не дека и оваа е нешто боље од претходниве,ама како што напиша Youthanasia барем нешто се труди),да го испере малку од малку срањето што се насобра последниве 15-20 год

Ај ти биди муж и кажи кој политичар во МК е спремен да го реши спорот..( кој ќе го смени името ќе си изврши сам себе гилотина, за цел живот)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
не сум политички обоен, само сум политички изгорен... значи не сум наклонет кон ниедна партија, сега за сега, ама како што гледам во интерес на мојот приватен бизнис ќе морам да се наклонам... така функционира кај нас се... не сум ни за сдсм ни за вмро нити за било која друга партија....

која власт била подобра од оваа? сите досегашни, па дури и кога љуБчо беше на власт, (е*а му бугарот-бугарофилот), ни тој не ја зезна држава толку колку што овие ја зезнаа... а оваа не е подобра од ниедна друга до сега... абе дали сте свесни колку многу секој ден се задолжува државава? преку записи, преку кредити... во моментов имаме РЕКОРД, т.е. во овој момент имаме нај големо задолжување на државата од нејзиното осамосталување од 1991 година.... ти дали тоа го знаеше? и сега, имало ли подобра влада-власт од оваа актуелнава? се разбира дека имало а и ќе има... сдсм барем фрлаше нешто ситно на народот... овие и мувлосаниот леб од трпеза им го зедоа...

имаме рекорд на пропаднати фирми и фирми што се отидени во стечај.. рекорд и по зголемување на казни... се сами рекорди со оваа власт, ама рекорди кои удираат по џебот и плеќите на народот, истиот оној народ што ги изгласа... и пак ќе те прашам, сега што мислиш дали имало? ај сега ти одговори дали имало... ама реално согледај ги работите... немој да компарираш градењето на цркви и бисти со некакво мрднување од мртва точка или трудење какво такво на власта... значи имало ли?

--- надополнето ---

ај посочете ми со со што оваа власт СЕ ТРУДИ да направи нешто и да го испере срањето насобрано од осамосталување па до сега? посочете ги и покажете ги потезите на грујо и компанија со кои они јаваат кон подобро утре? ве молам, јас сум слеп и глуп и не гледам такви потези... ПРОСВЕТЛЕТЕ МЕ!!!
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.118
Поени од реакции
776
1.Затоа што политичарите носат одлуки што ќе им го штитат газот утре а што ќе биде погубно на долг рок.
2.Затоа што народот верува во одлуки кои мисли дека се исправни на долг рок а се погубни за следниот ден.
3.Затоа што “интелигенцијата„ која “се прави„ дека знае по кој пат да се тргне онанира над народот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
не сум политички обоен, само сум политички изгорен... значи не сум наклонет кон ниедна партија, сега за сега, ама како што гледам во интерес на мојот приватен бизнис ќе морам да се наклонам... така функционира кај нас се... не сум ни за сдсм ни за вмро нити за било која друга партија....

која власт била подобра од оваа? сите досегашни, па дури и кога љуБчо беше на власт, (е*а му бугарот-бугарофилот), ни тој не ја зезна држава толку колку што овие ја зезнаа... а оваа не е подобра од ниедна друга до сега... абе дали сте свесни колку многу секој ден се задолжува државава? преку записи, преку кредити... во моментов имаме РЕКОРД, т.е. во овој момент имаме нај големо задолжување на државата од нејзиното осамосталување од 1991 година.... ти дали тоа го знаеше? и сега, имало ли подобра влада-власт од оваа актуелнава? се разбира дека имало а и ќе има... сдсм барем фрлаше нешто ситно на народот... овие и мувлосаниот леб од трпеза им го зедоа...

имаме рекорд на пропаднати фирми и фирми што се отидени во стечај.. рекорд и по зголемување на казни... се сами рекорди со оваа власт, ама рекорди кои удираат по џебот и плеќите на народот, истиот оној народ што ги изгласа... и пак ќе те прашам, сега што мислиш дали имало? ај сега ти одговори дали имало... ама реално согледај ги работите... немој да компарираш градењето на цркви и бисти со некакво мрднување од мртва точка или трудење какво такво на власта... значи имало ли?

--- надополнето ---

ај посочете ми со со што оваа власт СЕ ТРУДИ да направи нешто и да го испере срањето насобрано од осамосталување па до сега? посочете ги и покажете ги потезите на грујо и компанија со кои они јаваат кон подобро утре? ве молам, јас сум слеп и глуп и не гледам такви потези... ПРОСВЕТЛЕТЕ МЕ!!!

Me мрзи на се да ти реплицирам,само за болдираното ќе кажам:
Првото болдирано:

Дали мислиш ти дека казна во оваа држава не треба да постои,или да си играме распашана команда ( па нека работи кој каko знае и му чини, а за држава кој ја ебе). Дали мислиш дека ќе е подобро (за тебе лично можда) меѓутоа гледано во целина за целата држава, да не се казнува,да не се почитува закон,да не се плаќа ДДВ да не се осигурува работник,да не се плаќа данок на добивка и слично..? Плачеме за Европа,еве ни ја, у Европа се казнува батка,ако не го читаш законот секој ден пред заспивање.. Си призна меѓу редови дека кога СДСМ е на власт,казните не се толку страшни и може да ги избегнеш,со еден ручек у кафана, а може и без тоа да поминеш ако имаш некој голем у фамилија и пријатели (невелам дека и сега нема такви случаи,но далеку помалце од порано). На крај,тој што работи добро и е чист пред самиот себе и пред законот,казни не го плашат..па така и тебе ,се надевам..

Второто болдирано:

Колку што знам Македонија ево земји со ниска стапка на надворешен долг..под 40 % БДП односно околу 30% сме до сега... за споредба Грција мислам дека беше преку 120% а Хрватска и Србија нешто околу 100%, па освен Грција овие двете колку што знам функицонираат без некои големи потреси, а се 3 пати позадолжени од нас...
И на крај колку што паметам,пред економската криза Македонија врати дебела сума на пари кон странски побарувачи, некои и предвреме...Епа сега батка кога е криза и кога цела Европа бележи економски пад, не е ни срамно ни страшно да се задолжуваме,нормално до умерена стапка.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
1. Затоа што провинцијалците работат за 100 денари.
2. Затоа што секој втор има животна желба да вози немачко БМВ и да си купи златен 15 каратен ланец.
3. Затоа што државните факултети и професори се прости и неабгејдувани од 1.0 верзијата Тито што ја измислил.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гигантските фабрики како „Лихнида“ Охрид, „Емо“ Охрид и други сега да не набројвам, полека осиромашија,па се затворија, кој на 70% кој технолошки вишак, кој избркан итн.Немаме стабилни лидери на државата,секој гледат за свој интерес.Сегашнава влада гледам некако почвит да излегвит од кризата,не дека секоја влада е совршена,ама барем пробвит државава да ја вратит во една стабилна позиција,а и самите знајте дека спорот со името(вето), во моментов е најголем проблем.
Ако сегашниве гледаат да не извлечат (а не дотепаа) зошто не ви го возобноват ЕМО? Ете Емо е државна компанија со државни управители,зошто не ја оправат?
Спорот со името најголем економски проблем,ќе си пукам во колено!

--- надополнето ---

Ај батали ја политичката обоеност и погледни малце по реално,барем за секунда... И кажи ми која влада беше боље од оваа ??? (не дека и оваа е нешто боље од претходниве,ама како што напиша Youthanasia барем нешто се труди),да го испере малку од малку срањето што се насобра последниве 15-20 год
Ти си многу заслепен за да можеш објективно да говориш за резултати.Сепак реченицава ми се допаѓа,тоа е доволно да се каже,барем се труди.Читајте добро владава барем се труди! А не надвор ружи цветаат,ние сме најдобри,Англија имала минус,Америка должна е милијарди,Германија има раст од 0% и МАкедонија во споредба со нив е најдобра.Само глуп политичар може да тресне ваква зелена,а фала богу ги имаме вишок во парламент.
Значи цитро оваа се труди и моментално меша кај насобраните гомна како што велиш,вергла ли вергла во место.Важно се вергла,има напредок во гомната,ги растресува.
 
Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Ако сегашниве гледаат да не извлечат (а не дотепаа) зошто не ви го возобноват ЕМО? Ете Емо е државна компанија со државни управители,зошто не ја оправат?
Спорот со името најголем економски проблем,ќе си пукам во колено!

--- надополнето ---

Ти си многу заслепен за да можеш објективно да говориш за резултати.Сепак реченицава ми се допаѓа,тоа е доволно да се каже,барем се труди.Читајте добро владава барем се труди! А не надвор ружи цветаат,ние сме најдобри,Англија имала минус,Америка должна е милијарди,Германија има раст од 0% и МАкедонија во споредба со нив е најдобра.Само глуп политичар може да тресне ваква зелена,а фала богу ги имаме вишок во парламент.
Значи цитро оваа се труди и моментално меша кај насобраните гомна како што велиш,вергла ли вергла во место.Важно се вергла,има напредок во гомната,ги растресува.
Како прво темава имат наслов: Зошто Македонија тапка во место,а спорот со името е една од главните причини за тапкањето,а не дека е економска причина.

многу ме нервирит кога некој че пишвит на дијалект... половина од зборовите ги нема во македонскиот правопис...

а од друга страна сосема се сложувам со скоро целиот текст, освен она последното дека “оваа влада“ се трудела да направи нешто позитивни и дека истата излегува од криза... оваа влада е нај лошаа влада што воопшто и се десила на МК... преку коњи, букефали, статуи, бисти, шмизли, камбани и остали глупости, во сред економска криза они си опраа голема колична на пари... а народот го оставаат во нај тешките моменти да цркаваат за корка леб...

спорот со името е проблем на кој оваа власт на чело со гЛујо не име во интерес да се реши, т.е. не сакаат или пак можда немаат луѓе кои можат да го решат...
Барем гледаш кај одат парите од државната каса,така ? Да, секако дека гледаш, а ко беше на власт СДСМ, не ги гледаше, драг пријателе.Друго, ко требеше да се обновит Плаошник во Охрид, сите се бунеа, а сега е туристичко место, сите го посетувет, така ќе бидит и со спомениците.И кажи ми ти мене, дали ти за една две години мојш да вратиш во ред нешто шо со години се уништувало?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
дали ти за една две години мојш да вратиш во ред нешто шо со години се уништувало?
ова прашање во стилот на фалење скоро секој ден го слушам од вмроовци... преку онак џуниор ми е од тупањето во груда... што тоа груевски врати на место? која кривина ја исправи? што толку се занесувате и дозволувате политичката партија да ве заслепи? зашто не си дозволите да ги затнете ушите пред метланото малтретирање во штабовите и да му дозволите мозок сам да почне да си ги инсталира потребните компоненти за рационално размислување? зашто дозволувате ДРУГИ да размислуваат за вас, па нек се тоа и грујо и бране и кој сака? леандра погоре напиша еден текст со кој мнооооогу се сложувам:

Ти си многу заслепен за да можеш објективно да говориш за резултати.Сепак реченицава ми се допаѓа,тоа е доволно да се каже,барем се труди.Читајте добро владава барем се труди! А не надвор ружи цветаат,ние сме најдобри,Англија имала минус,Америка должна е милијарди,Германија има раст од 0% и МАкедонија во споредба со нив е најдобра.Само глуп политичар може да тресне ваква зелена,а фала богу ги имаме вишок во парламент.
Значи цитро оваа се труди и моментално меша кај насобраните гомна како што велиш,вергла ли вергла во место.Важно се вергла,има напредок во гомната,ги растресува.

имате ли бе вие приватен бизнис или само барате и чекате да си најдете работа кај некого за плата а во меѓувреме слушате и слепо се фаќате за она што ви го “соопштил“ вашиот лидер дека е така и треба да биде така? кога ќе дојдете во точка да се борите со рационалноста на заработувањето во сопствениот физички и ментален труд, тогаш ќе може да дискутираме за вредностите на политчката гарнитура која е на власт и она што она го прави дали е добро или лошо...

плус груевски не е 2 години на власт туку ова му е веќе петта година а за 5 години итекако се исправаат многу многу работи кои “криви се одамна“... пошто спорот со името се збори... буква по буква да се договараа до сега за 5 години ќе се договореа ако се сакаше да се реши спорот сега јасно ви е? не сум јас сезнајко, далеку од тоа, ама сум голем паталец и индивидуално одкако што работам, ова ми е веќе четврта гарнитура на власт која ја дочекувам и едвај чекам да и го видам грбот кога ќе си оди... а кој ќе дојде ќе видиме што со него...
Me мрзи на се да ти реплицирам,само за болдираното ќе кажам:
Првото болдирано:

Дали мислиш ти дека казна во оваа држава не треба да постои,или да си играме распашана команда ( па нека работи кој каko знае и му чини, а за држава кој ја ебе). Дали мислиш дека ќе е подобро (за тебе лично можда) меѓутоа гледано во целина за целата држава, да не се казнува,да не се почитува закон,да не се плаќа ДДВ да не се осигурува работник,да не се плаќа данок на добивка и слично..? Плачеме за Европа,еве ни ја, у Европа се казнува батка,ако не го читаш законот секој ден пред заспивање.. Си призна меѓу редови дека кога СДСМ е на власт,казните не се толку страшни и може да ги избегнеш,со еден ручек у кафана, а може и без тоа да поминеш ако имаш некој голем у фамилија и пријатели (невелам дека и сега нема такви случаи,но далеку помалце од порано). На крај,тој што работи добро и е чист пред самиот себе и пред законот,казни не го плашат..па така и тебе ,се надевам..

Второто болдирано:

Колку што знам Македонија ево земји со ниска стапка на надворешен долг..под 40 % БДП односно околу 30% сме до сега... за споредба Грција мислам дека беше преку 120% а Хрватска и Србија нешто околу 100%, па освен Грција овие двете колку што знам функицонираат без некои големи потреси, а се 3 пати позадолжени од нас...
И на крај колку што паметам,пред економската криза Македонија врати дебела сума на пари кон странски побарувачи, некои и предвреме...Епа сега батка кога е криза и кога цела Европа бележи економски пад, не е ни срамно ни страшно да се задолжуваме,нормално до умерена стапка.
и мене ме мрзи да ти реплицирам на се, затоа вака:
-за казните, постои и друг начин, наместо да се фрлиш на казни.. се вика стимулирање кон подобро.. само вашиот горд лидер кого безрезервно го поддржувате не знае за тоа, тук знае да лупне казни и да полни буџет.. поинаку не... а за математиките колку МК должи, реинформирај се повторно, бидејки долгот од 40% БДП (или 30%) ти е ептен стара информација... а и за грција дека е 120% ти е стара информација... да бевме со 30% долг, сега ќе цветаше државата... ќе имавме појака економија од сите на балканов... каде леташ со тие грешни информации друшкане?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Onak ќе ти кажам,ако сакаш веруј ако не не... немам партиска книшка од ДПМНЕ, и не сум "заслепен" од нивната политика...Гледам од неутрална точка.. За бројките околу задолженоста на државата погуглај малце по нашиве институции и статистика и сигурно ќе ги добиеш,ако не им веруваш погуглај малце на сајтовите на ММФ ,Светска банка светски релевантни фактори,сигурно ги има и провери,нема ја што да те убедувам.. А од казни друшкане не се полни буџет, во голема грешка си....0,8 % на годишно ниво учествуваат казните во буџетот и не само од фирмите,него и секакви казни,ако поминам на црвено,ќе лапнам казна и тоа е дел од тој процент..Поздрав!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ако сегашниве гледаат да не извлечат (а не дотепаа) зошто не ви го возобноват ЕМО? Ете Емо е државна компанија со државни управители,зошто не ја оправат?
Не сум запознаен, немам некои информации лично од работниците и не знам дали се платени во ЕМО, осигурани...од подолу информациите гледам дека нешто сепак сработиле
Менаџерскиот тим на АД ЕМО - Охрид со соопштение реагира на изнесените ставови на прес конференцијата на општината организација на СДСМ, според која оваа компанија е на раб на банкрот. Таквите наводи се груба дезинформација, се вели во соопштението на компанијата, во кое понатаму стои:

„Во врска со банкротот треба да се каже следното: Кога сегашното раководство го превзеде ЕМО на почетокот од 2007 година, компанијата навистина беше пред банкрот. Загубите тогаш изнесуваа 250.000.000 (двесте и педесет милиони) денари. Во 2006 година од деловните партнери беа земени аванси за работи кои требаше да се извршат во износ од 120.000.000 (сто дваесет милиони) денари а кои наместо за набавка на материјали беа потрошени за исплата на плати. Кредитното задолжување беше околу 60.000.000 (шеесет милиони) денари.

Со доаѓањето на ова раководство и во 2007 и во 2008 година АД ЕМО бележеше позитивни резултати, беа исполнети обврските кон сите партнери и имаше скоро редовна исплата на плати.

Ова раководство со помош на Владата на Република Македонија преку Законот за претворање на обврските кон државата во траен влог успеа да ги подмири истите и во голема мера да ја зголеми конкурентноста на ЕМО на странскиот и на домашниот пазар.

Сега, и во услови на глобалната економска криза чии последици сеуште силно се чувствуваат ЕМО ОХРИД со потешкотии но сепак го одржува производниот процес и континуитет и се труди да обезбеди егзистенција за своите вработени.

На крајот да ги потсетиме оние кои на ЕМО ОХРИД и предвидуваат банкрот дека тоа задоволство нема да им го приредиме бидејќи во тешката 2009 год. ЕМО ОХРИД на ЕВН и испорача електроопрема вредна 3.000.000 (три милиони) евра, во Албанија изведуваше далекуводи и трафостаници вредни 2,7 милиони евра, ги заврши големите трафостаници во Бунарџик, Драчево и Теарце, ја завршува првата секција од Далекуводот Вруток-Тетово, во моментов работи на Далекуводот Приштина-Урошевац вреден 1,4 милиони евра и започнува со изведба на Далекуводот за напојување со елекрична енергија на трафостаницата во Бунарџик“, се вели во соопштението на Менаџерскиот тим на ЕМО Охрид.
27.01.2010
И од овој текст гледам дека работат и извезуваат.

Проблем има во други сегменти - правниот систем е инертен, животот е поскапен, услугите во здравството се лоши, услугите воопшто се на многу ниско ниво, нема лекови, инфраструктурата има проблем да се среди, има бааги сива економија, нема можност за регуларни вработувања и воопшто перспектива...ова сето најмногу се однесува лично на квалитетот на живот на граѓанинот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom