Темава ја отварам со цел да се разгледаат аспектите од оваа општествено-паразитска појава. Пред неколку месеци, имаше податок дека најдолго боледување "по случајна проверка" Фондот открило 3,5 години. А, во такви случаи би требало инвалидска пензија. Имено, кадешто работев во минатата фирма (лани летото), појавата на лажни боледувања беше како "добро утро". Најчесто, први земаа оние кои го искористија годишниот одмор, а по нив исто така се појавија "пациенти" на кои не им се овозможуваше да земат од слободните денови од годишниот. Овие вториве, донекаде ги оправдувам целосно. Бидејќи таков систем воспостави менаџментот на фирмата, односно оние кои се залагаа беа обесправени, а овие другиве паметни. Најголем рекордер во бившата фирма беше една колешка која што 4 пати зеде боледување. Во тие 4 боледувања пола година на боледување, а за време на боледувањата слики на социјални мрежи, низ град на кафе излезена постојано, сториња од забави по ноќни клубови и сл. Како тенденциозно да сакаше да се фали со тоа за да испадне таа паметна, ние глупави. Е сега, за наведениов случај велеа многумина дека е со врски. Други случаи шо знам работеа и нешто приватно шо си имаа пр. по пазари на тезга, свирачи и пеачи со тезга на свадби, и сл.
Неодамна читав по соц. мрежи колумна како парите кои ги исплаќа Фондот за боледувања над еден месец (а каде несомнено има и лажни боледувања) може да се искористат за поголема партиципација на Фондот за одредени лекови за хронични болести, партиципација за одредени операции во странство и сл. Што мислите вие за ваквите појави и како најефикасно да се регулираат?