Златен Глобус - 2012 година

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740


Денес беа презентирани номинациите за доделувањето на Златните Глобуси кое ќе се одржи на 15 јануари, а ќе го води Рики Џервејс. Како што е познато Златните Глобуси се главен предвесник за доделувањето на Оскарите, па не е лошо да ги погледнеме номинираните за да видиме каква ќе биде конкуренцијата оваа година и да ставиме на листа на гледање она што сме го пропуштиле.

1. Најдобар филм (драма):
- The Descendants
-The Help
- Hugo
- The Ides of March
-Moneyball
- War Horse

2. Мјузикл/Комедија
- 50/50
- The Artist
- Bridesmaids
-Midnight in Paris
-My week with Marilyn

3.Најдобра главна машка улога во драма
- George Clooney ( The Descendants)
-Brad Pitt (Moneyball)
-Ryan Gosling (The Ides of March)
-Leonardo DiCaprio (J. Edgar)
-Michael Fassbender ( Shame)

4. Најдобра главна женска улога во драма:
-Glenn Close (Albert Nobbs)
-Viola Davis ( The Help)
-Rooney Mara ( The Girl With The Dragon Tattoo)
- Tilda Swinton ( We need to talk about Kevin)

- Meryl Streep ( The Iron Lady)

5. Најдобар режисер:
- Woody Allen (Midnight in Paris)
-George Clooney (The Ides of March)
-Michel Hazanavicius ( The Artist)
-Alexander Payne (The Descendants)
-Martin Scorsese ( Hugo)


Останатото тука.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Заеби награди, сакам само Рики да го гледам како пак ги ремети тоа надуванине распрдени Холивудски ѕвезди.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Првпат у живот неам појма кои се филмовите :вонзем:
Ниеден не знам, а не па да ги имам гледано....

Seriously, каде се Limitless, Harry and the Deathly Hallows Part 2, X-Men: First Class, Source Code, The Adjustment Bureau...
What is this shit?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Малку оф топик: Оваков тип на награди (златен глобус или оскар) од никогаш не ми биле репер за тоа дали еден актер/актерка е вреден/вредна во она што го работи.Таа нивна академија нема никаков вкус.Пример: Актер како Пачино да оставиш со еден оскар за мене е мизерно и тажно.


Он топик:
Гласам за Brad Pitt (Moneyball) прекрасна бигорафија/драма од понудава само тоа имам гледано за останативе неможам да коментирам.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Воопшто не е чудно што повеќето филмови ви се непознати. Ова беше навистина лоша филмска година, ама освен тоа некои од филмовиве уште не доживеале премиера или таа била многу скоро, па затоа не ви се познати.
Затоа е добро со време да ја поставиме темата, за да може да ги изгледаме филмовиве и да си оформиме мислење.

Макар што оваа година Рики ќе фрли се во сенка. После она лани сите очи се вперени во него во очекување на добар стенд ап. Мислам дека ќе го добиеме. Уствари мислам дека Ким Кардашиан најмногу ќе си го добие:pos:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Лани ги разбудив моите од спиење вечерта кога го слушав Рики :)
Годинава осеќам и комшиите ќе се будат :)

Инаку од филмовиве немам ништо изгледано, ама ќе биде до 15 јануари повеќето ќе бидат изгледани иако уште од стартот на годината најмногу надежи имав во Манибол.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Заеби награди, сакам само Рики да го гледам како пак ги ремети тоа надуванине распрдени Холивудски ѕвезди.

И јас исто. :vozbud:

Инаку јасно е дека нешто не штима ако за најдобри актери номинација добиле George Clooney i Brad Pitt.
Иако изненадувачки годинава кај жените е полн погодок.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леонардо... Ах, Леонардо. :love:
Субјективна сум да, и гласот секогаш ќе ми оди кај него. :D
Инаку, шала на страна, одиграно има тешка улога, Хувер е многу контроверзна личност и е многу тешко да се долови.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
And the Golden Globe for supporting actor goes to Nick Nolte for Warrior, иако не е номиниран.
Серковци, ако некој заслужил Оскар и Глобус оваа година, тоа е Ник Нолти. Mој најомилен глумец, а воедно и најпотценет актер.


(y)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Леонардо... Ах, Леонардо. :love:
Субјективна сум да, и гласот секогаш ќе ми оди кај него. :D
Инаку, шала на страна, одиграно има тешка улога, Хувер е многу контроверзна личност и е многу тешко да се долови.
Од кога го прочитав твојот постов видов дека Лео снимил филм базиран врз животот и делото на Хувер,гледав документарец за него, типот можеби во струката бил гение но како човек бил бескрупулозно суштество.Сега го ставив на торент и ме интересира како го доловил :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Ниеден филм немам гледано од овие...

Гледам некој ги бара Лимитлес и Аџастмент биро, ако тие два влегуваат у конкуренција за оскар/глобус дефинитивно лоша година за филмовиве...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ниеден филм немам гледано од овие...

Гледам некој ги бара Лимитлес и Аџастмент биро, ако тие два влегуваат у конкуренција за оскар/глобус дефинитивно лоша година за филмовиве...
Да се разбереме филмовите се добри и интересни за гледање, ама од оскари и глобуси се miles miles away....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Чим Bridesmaids влегол во конкуренција (n)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Од овие номинираните за најдобар филм само The Help и Bridesmaids ги имам гледано. Другите ги нема на замунда :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom