Здравството кај нас

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.947
Поени од реакции
25.486
Хирургот од Битола признал на суд дека побарал поткуп за операцијата, и судот по спогодба му одредил условна казна, батето дури бил во притвор си поднесол барање за во пензија и моментално си е во мировина :ojeaa:
Се додека некој не го изгорат салам за вакви работи ќе продолжи тој тренд.
Земи си поткуп, добиј си опомена и свиркај си, пациентите кој ги мати.
И после бегаат младите, ќе бегаат ако се паметни.
epa eve sega ti leci gi pacientite
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.593
Поени од реакции
11.822
не сум знаела дека постои некој што ги знае сите генерики на постоечките лекови, без грешка посебно биолошките, нели, би ти напишала колку е капацитетот на нашиот мозок во памтење на сите генерики, а тоа со нонстоп спомнување на Фармакологијата ќе бидеш експерт кога прво ќе ја знаеш фармакокинетиката, фармакодинамиката, а со тоа можната токсикологија, па после одлучи се за лекот за тераписка примена.
Па панцефот и не е баш некој таму редок лек за кој што ти треба време за да се сетиш на неговото генеричкото име, туку напротив е лек кој што доста често се користи во денешно време (за жал!)

Секако дека знам и фармакокинетика, и фармакодинамика, и механизам на дејство, и несакани ефекти, и индикации, и интеракции итн. Во спротивно не би смеела да ги применувам лековите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.958
Поени од реакции
12.607
Чудна сорта докториве. Се потсмеваат на колега кој го згрешил називот на некој лек па мора да знае латински, германски, арапски, грчки, македонски назив на секој можен лек на планетава. И да ги знае сите можни и неможни зафати, инфекции, третмани,симптоми...
еми, не се виновни само зградите и инструментите зашто ни е вакво здравството. Со ваков медицински персонал кој наместо да стане еден мал Хипократ, станува голем хипокрит не е за чудење.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.029
Поени од реакции
38.186
Се плашам дека е вистина ова.

Прегледај го приврзокот 446276
...и не само тоа, туку поради викенд и поради неочекуван прилив на пациенти, неспремни болниците во количини на лекови, основни лекови како антибиотици и инфузиони раствори, посебно физиолошки и за дополнување на волумен на плазма дехтран, па уште ја замајуваат јавноста дека имало све, повлечени сите на работни места да се снајдат и во кревети и во постелнини, а најважно со лекови, за кој истиот министер за здравство треба да даде согласност, а исто и ФЗОСРМ за да можат болниците да распишат тендери за набавка, а сеуште со месеци не дале согласност и дозвола на истите болници, душогрижници само за вработување на кадри и тоа несоодветни и еден куп договорци, е тоа е моментално наше здравство, тоа не финкционира во нормални услови, а не пак сега во вонредни.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
17.670
Поени од реакции
20.253
Како да не, само оној кој не се нашол во државна болница можи да му поверува дека имаат потребен материјал.

Ќебињата кај што лежев беа од времето касарната во Битола кога беше во функција, ужасни услови, имав слика до пред скоро време кај што лежам, ја избришав оти ме потсеќаше на една многу болна случка за мене.
Таравари вика немаме потреба од донации имаме се што ни е потребно, за одма на друг канал претседателката да изјави дека немаме завои.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.047
Поени од реакции
552
Здравството за никаде....ни опрема ни алати,ни персонал, ни хигиенски услови...ни основни лекови.
а тие инвестираат пари во прилично непотребни информатички решенија, им рекле тоа сега е фенси и успеале да им продатат приказна како тоа све им треба и како помага и дека не се може без тоа.
Па сега дури и си додаваат други работи за да извлечат повеќе пари и да си отворат повеќе рабитни позиции....а тоа информатичарите за ситни пари не работаат.
Па сега уште ке смислат работи како верификација, надградување,брзина,едно друго...безбедност...па можеби и апликација.
Што ако некој виде што терапија земам или од што боледувам....демек ке дознае некоја светска тајна...се знсе после 50г нешто ке земаш (притисок,масти,дијабет,срце,циркулација + нешто онака друго ако испадне,простста,алергии, тироида итд)

Еве пример јас одам да снимам синуси ми викаат апаратот е расипан нема кој да го поправи а кога ке биде поправен никој не знае, но нема да биде за брзо сигурно.

додека не се средат основни работи џабе, модерни лифтови,администрации,рекламирања,сензори за титкање,водење евиденции,имплементирање на разни програми.
порано ништо од ова немало па пак за тоа време можеби сме имале подобро здравство.

Само тоа имам да кажам. Мое мислење.
Ајде за кебиња некако се замижува....можеби не очекувале...
Но завои да нема.....ако е ова вистина немам коментар.
Барем тој нема рок, можеле да набават и да има повеќе секако нема да се на загуба.
А јас моето мислење си го кажав уште од пред некој ден.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
800
Поени од реакции
353
Толку ли е скапо и тешко да се врши набавка на неколку илјади комплети прекривки за креветит на комплекс клиники секоја година. Би коштало смешна сума и стално би биле нови.

Као земи направи еден список на некој таков материјал што треба секоја година да се обновува постепено или целосно и прави го тоа секоја година.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.348
Поени од реакции
9.213
Толку ли е скапо и тешко да се врши набавка на неколку илјади комплети прекривки за креветит на комплекс клиники секоја година. Би коштало смешна сума и стално би биле нови.

Као земи направи еден список на некој таков материјал што треба секоја година да се обновува постепено или целосно и прави го тоа секоја година.
Не остануваат пари за тоа, гледаш тука сите се на "зијан"
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.029
Поени од реакции
38.186
...е па нека оди некој да ги фотографира лекарските канцеларии, канцелариите на раководители соработници кој се реновираат скоро секоја година, тој намештај кошта, па фотељи од не знам колку евра, плазма ТВ, па климатизери, па компјутери пиши пет донеси три,па возила службени, па кафе, пијалоци и апетисани за гостите и за тие што се заштитени мечки да имаат на дежурство, како во секоја јавна државна институција, така и во здравството се одлеваат пари за други работи кои не се неопходни, а не се наменети за пациентите!
...да се разбереме, не велам да не се реновира или купи намештај, ама малку усул, не мора фотељи од по 1000 евра нагоре...итн

...не знам колку чаршафи и ќебиња од болничките соби наменети за болнички пациенти се изнесуваат од болницата кога ќе почине пациент, дали го решил некој воопшто тоа прашање, зарем во тие тешки моменти семејството ќе донесе чаршав, ќебе или било што, се дава од болницата и тоа веќе не се враќа, ама и не се надополнува како потреба за транспорт на починати пациенти!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.348
Поени од реакции
9.213
Трагедијата во Кочани покажа дека во Македонија не постојат болници туку "старски домови" наречени како "болници".
 
Член од
20 март 2025
Мислења
23
Поени од реакции
28
Знаете како,се што е операција можете да го завршите во приватниот сектор во здравствто.
Се што е комплицирана операција,можете да го завршите во државниот сектор од здравството. (Приватниот сектор ќе ве упати во државниот,немојте да берете гајлиња.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom