...
Луѓе, или писмени да го направат целиот систем нормален, меѓу кој ќе биди и здравствениот систем или да не гласаме на следните избори за никој од овие што ги ставаат неписмени кои што се со купени дипломи. ПС: Арно што го укинаа медицинскиот факултет на Мерко, под дното ќе бевме ако го оставеа.
Не знам дали ова е твое лично искуство или цитираш некој друг, но како и да е, ако една работа требаше македонските гласачи да научат изминативе 30 (ТРИЕСЕТ) и повеќе години, тоа е дека политичарите ги заболе уво за бојкот на избори.
Како најтазе примери можат да ти послужат последните два циклуси на парламентарни избори одржани во 2020 и во 2024 година, а на кои над 40% (ЧЕТИРИЕСЕТ ПРОЦЕНТИ), односно над ДВЕ ПЕТТИНИ од сите гласачи воопшто не го искористија правото на глас.
Па сепак политичарите
и понатаму се товат на грбот на сите граѓани - и на тие кои гласале, и на тие кои не гласале, и на тие кои гласале за нив, и на тие кои гласале против нив. Тука лежи зајакот, во подвлеченото, тотално неважно е колку луѓе ќе гласаат или нема да гласаат, и за кого ќе гласаат или за кого нема да гласаат, партиските паразити се осигурани за наредните 4 (ЧЕТИРИ) години и ќе се товат на туѓ грб, а тие кои не гласале единствено ќе можат да глумат инает бидејќи не го искористиле правото на глас, додека со парите од нивните даноци директно ги финансираат истите тие партиски паразити за кои воопшто не гласале.
Бојкот на избори може да има смисла доколку тие кои не гласале бидат ослободени од плаќање на даноци, па во такви околности ќе знаат дека всушност навистина направиле некаква пресвртница бидејќи нема со нивни пари да се товат партиските паразити за кои воопшто не гласале.
И за жал истото важи и за здравствениот систем и за образовниот систем, како што на тие кои гласаат им е сеедно, така и на даскалите во училиштата им е сеедно дали учениците навистина нешто научиле и разбрале или ќе ја завршат учебната година со било каква оценка во сведителство, додека во пракса ништо не научиле и ништо не разбрале. Исто и на лекарите кои дале Хипократова заклетва, а кои се вработиле со партиска книшка, им е сеедно дали пациентот е излекуван или мртов, веројатно приоритет им се парите кои ќе си ги заработат директно на платен список и индиректно под маса, исто како и даскалите.
Џабе се нови згради, нови возила, нова опрема, нови технологии, ако луѓето кои треба да ги искористат се тотално незаинтересирани или уште полошо, неписмени и глупави за да ги искористат таквите работни средства. Секако дека и корупцијата тука игра клучна улога, но повторно тие кои се посветени на својата работа треба први да излезат во борбените редови против корупцијата, за ова за жал единствен вистински пример во Македонија го имаме во Воздухопловната контрола, односно во М-НАВ.
Несомнено им треба едно година дена турнеја низ логорите во Северна Кореја за да добијат инспирација за да се посветат на професијата која ја одбрале, или да си бараат друга работа.
Големиот дибек во Северна Кореја треба да му послужи на западниот свет како средство за опаметување на нивните народи заспани во светот на Интернетот и телевизијата. Да трампаат на година дена по еден американец, Канаѓанец, Британец, Французин, Германец, за десет корејци од Северна Кореја, западните држави ќе станат далеку попродуктивни и поздрави, а за возврат нека му плаќаат на Големиот дибек за да ги научи нивните граѓани на ќотек и дисциплина. Тоа е во типично за методологијата за охрабрување и опаметување на еден народ позната како морков и стап, очигледно досега во своите матични држави претежно кркале моркови, сега на ред треба да кркаат стапови во Северна Кореја.
Кристално истото важи и за Македонија и за македонските државни и јавни функционери и работници, вклучувајќи ги и вработените во државното и јавното здравство, и во државното и јавното образование.