- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
знам дека си во тек ама ај...одма да ти кажам за панчев целосно се согласуваме!!!
Во тек сум со настаните, знам дека Емил беше човекот што се претставуваше како лидер на иницијативниот одбор. Ама не знам кој стоел позади него. Ти викаш дека тоа е Панчев. И јас сум убеден дека некој беше позади Емил, ама не сум убеден дека тоа е Панчев. За ваква работа потребна е поголема група луѓе, цела мрежа. Пред 5-6 години кога Панчев се појави како кандидат за претседател на ФФМ позади него стоеше истата група што подоцна се обиде со Емил Бошиновски како кандидат.
Не може Дарко Панчев да биде главен во таа група. Тој човек нема капацитет да биде организатор на некоја сложена работа како што е раководење со ФФМ. Панчев може да седи во кафичот негов, да вози скапи џипови и да се фали со златната копачка која патем речено заслужено си ја доби. За нешто посложено од тоа, Панчев нема капацитет.
Таа група луѓе што имаат намера да го сменат Хари, не знам кои би можеле да бидат иако мислам дека Миленко е дел од нив, а останатите се луѓе од негов тип. Тие секогаш ќе имаат некое фудбалско име - марионета, кое ќе им биде медиумски екпонирано.
Јас не очекувам дека чесни и фудбалски луѓе ќе застанат на чело на ФФМ бидејќи тие се премногу прости и наивни за да може да се избораат за таа позиција.
Криминалци во фудбалски федерации не сме измислиле ние. Бугарија, Србија, Романија ... се бетер од нашите. Нашите се ситна риба. Разликата е во тоа што Србија, Романија, Бугарија ... имаат поквалитетни лиги, се игра на многу подобри терени, имаат многу поорганизирано натпреварување.
Да беше Хари повеќе паметен ем ќе лапаше пари, ем ќе му дадеше на народот да гледа малку добар фудбал.
Гледам се воодушевуваш на тоа што Хари два пати победил некого. Хари не 2 пати уште 222 пати може да ги победи неговите противници. За тоа време додека некој се радува на победите на Хари, ќе гледаме фудбал само на телевизија и ќе бараме во архив кога некоја наша екипа последен пат поминала едно или две кола во Европски куп.
е сеа за криминалците... зошто ако е така ние први го опапавме со наместени натпревари??? зато шо кај никој од овие кои ги наведе не преовладуваат самоуништувачките чувства и грижата сано за самите себе и болната желба да се дој на власт БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ (како шо е кај нас)...сите велите ацуле и хари ја предадоа победа...можи е и така ама тие не се јавија доброволци ко со душа да чекаа да појдат на суд и да сведочат против победа (мак фудбал).
не се воодушевувам на то дека хари 2 пати го победил панчев, туку само ја нагласувам болката која владее кај скопјани за то...