ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕРАТА
(Извадок од ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
Пријателот продолжи:
-Слушај, ако постои џеннетот (рајот), како што велите, тогаш јас ќе бидам првиот што ќе влезе во него, бидејќи сум многу порелигиозен од могумина ваши пропагатори со бради и тесписи (бројченици) во рацете.
-Порелигиозен?! Што подразбираш под тоа?
Мислам, не навредувам никого, не крадам, не убивам, не мразам, не му мислам на никого лошо, намерата ми е само да учам добро и целта ми е секогаш заедничката корист. Станувам и легнувам со мирна совест. Начелото на мојот живот е да се поправи она што може. Зар сето ова не е вера?! Зарем вие не велите дека верата е целина на човековите односи?!
-Тоа што го кажа не е вера. Сето она што го правиш спаѓа во верата и се вика однесување. Ти не правиш разлика помеѓу она што е вера и она што и припаѓа на верата. Верата значи само едно: осознавањето на Аллах џ.ш. и однос кон Него, Големиот и Милозливиот, кој е блиску и кој се гледа и се слуша кој е единствен што е достоен за славење и фалење. Тоа всушност е верата и таа во себе го вклучува она што ти го спомена.
Божјиот Пратеник вели: Милосрдието Аллах џ.ш. го прима попрво од рацете на оној на кого му се дава. Кој го сака Аллах џ.ш. ги сака и Неговите суштества и убаво се однесува кон нив.
-Верувај ми, понекогаш сетувам дека постои некаква Сила.
-Сила!
-Да, некоја непозната сила, која стои зад целата вселена. Јас потполно верувам дека постои некаква сила.
-Како ти ја разбираш силата? Ја разбираш ли како суштество кое се слуша, гледа и појмува, дава ветувања на своите суштества, ги упатува и ги води кон вистинскиот пат, им праќа Книги и Пратеници и одговара на нивните молби.
-Искрено да кажам, јас таа сила не ја разбирам така, ниту ја појмувам така. А и повеќе од тоа, мислам дека тоа е наивно и неприлично за таа величествена сила.
-Значи, тоа е некоја слепа сила која несвесно и неодговрно управува со вселената?
-Можеби.
-Зарем не е лошо твоето појмување на најголемата сила? Ти дала очи, а велиш дека е слепа, ти дала ум велиш дека е несвесна. Ти си го одрекол Бога и така сам врз себе си сторил неправда...тој твојот Господ го замислуваш како слепа сила на која не и се молиш и не и се поклонуваш.
-Зошто да се молам и на кого да му се поклонувам? Јас ниту во вашата молитва не гледам никаква смисла. Зошто тие движења и зарем понизноста не е доволна?
-Смислата на молитвата е кршење на суровоста . Со паѓањето на сеџдата и со допирање на земјата со челото и со изговарањето Субхане раббијелеала го признаваш своето место, дека си ништожен во однос на Аллах џ.ш. , дека си земја. А што се однесува до молитвите и движењата во нив, и недоволноста на самата понизност, дозволи ми да те прашам нешто пред да ти одговарам: заради што е создадено човековото тело и зошто не се задоволуваш само со апстрактната љубов, која не влкучува во себе и тело? Аллах џ.ш. ти го дал телото за да ти го открие срцето. Ако во твоето срце има нешто, тоа ќе се покаже на телото. Ако твојата предаденост е искрена, ти ќе го покажеш тоа со телото, а ако не е, тогаш тоа ќе остане само на јазикот.
-А веруваш ли ти дека ќе влезеш во џеннетот?
-Сите ние ќе влеземе во џехеннемот, а потоа Аллах џ.ш. ќе ги спаси оние што правеле како што Тој наредил, а се чувале од она што Тој го забранил. Јас не знам дали сум од оние што ќе бидат спасени. Тоа го знае само Сезнајниот. Делото може да биде добро, но намерата која стои зад него можеби не била добра. Можеби некој нешто работи во име на нешто друго, а не во име на Аллах џ.ш. . многу се оние, кои се излажале во своите предвидувања. Ние го молиме Аллах џ.ш. да не сочува од сопственото залажување.
-Дали е можно човекот да биде искрен?
-Човекот сам не може да ја постигне потполната искреност. Таа е дар Божји и Аллах џ.ш. ветил дека ќе го упати и ќе го води по вистинскио пат оној кој Му се обраќа. Затоа не ти останува ништо освен да Му се вратиш Нему.
Д-р Мустафа Махмуд