За македонските пари

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Мислам дека нема посебна тема во форумов историја која се бави со монетарниот систем низ вековите.

Називите на пари најчесто се позајмувани од други јазици. Некои од нив водат потекло од далечното минато и немаат јасни етимологии.

Во античка Македонија биле во употреба и се ковале пари со називи: Статер, Драхма, Обол и др....според феникиските и античките мерни системи.

За време на римското владеење се употребува називот „denarius“. Овој латински збор е изведен од бројот „deni“ што значи „по десет„. Индоевропски збор е „dek’m“ и е основна на десетеричниот мерен систем.

Називот денариус се употребивал и до деншно време во други форми на Балканот и Медитеранот во две форми. Поретко како денар ама пораспространето како динар.

Изборот на името денар за денешна ваута во Македонија бил избран поради следниве историски причини:

- називот денар е документиран во старословенски натписи. Ова говори дека називот бил наследен и прифатен во оваа форма.
- Соодејствува со зборот декар, основна мерка за површина од 10 ари која можела да се посее со еден кутел семе. Долговековна традиција за сеење.
- На овие простори доминирал децималниот мерен систем...наместо хексагезималниот.

Во прилог неколку дезајни на македонските денари кои не влегоа во оптег.

Првава слика е од Статер како еден од првите предлози за валута. Зборот Статер не беше избран од политички причини.






















 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
одлична тема, фала за сликите, добар дел од нив првпат ги гледам :helou:


конкретно за жената на сликата




има две статуи во собрание со истиот лик, која е што држи и што означува, зане ли некој?
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Во антиката монетите се ковале над отворен оган. Тие не се хомогени по хемиски состав а и имаат многу пукнатини и празнини во внатрешноста каде се затворени некои гасови како резултат на оксидација на основниот елемент со течноста која се користела за ладење.

Од пукнатините и микро празнините се заклучува дека монетите се правени од материјал кој бил во зрна...како што била и основната руда добивана на пр. Од реките.

Иако се нехомогени по состав кога се ковани на едно место составот нивен не варирал многу, што значи дека материјалот бил ист.

Еве неколку примери од најстарите монети најдени на македонска територија. Некои се само во Макеоднија најдени и имаат исклучително висока вредност на пазарот.

Народната банка на Македонија во Скопје има и музеј со многу голема збирка.



Бронзена монета од пајонскиот крал Дропион (ca. 250 – ca. 230 BC) . Дропион се смета за основач на заедницата на пајонците. Ковал пари само во бронза. Овие монети се многу ретки затоа што можат да се најдат само на пајонска автохтона територија (Денешна Р. Македонја) и со тоа имаат многу голема вредност. После неговата смрт (217 п.н.е) пајонската заедница станува дел од Македонското кралство.


Сребрена октадрахма кована на крајот од VI и почетокот на V век пред наша ера од пајонското племе Лајаи кое живеело по горниот дел на реката Струма.



Една многу оригинална монета- сребрен Диобиол посветена на локалниот владетел Теутаус Teutaus (ca. 430 – 400 BC).
Овој владетел никогаш не бил спомнат од античкоте историчари. Според местото на откривање на оваа монета – Демир капија- позната како пајонска територија се смета дека бил од тој крај.




Лихнид како еден од економските центри продуцирал свои монети во периодот од 187 до 171 пред н.е.

Од овие пари, познати како „Лихнидчиња„ егзистираат околу 30. Најголемиот дел се најдени во Охрид кај горна порта. Неколку се колку што знам во Битолскиот крај најдени. Тие се разликуваат во составот од охридските.



Следнава монета од Александар личи на тетрадрахма и го покажува Херакле во лавовска кожа на предната страна а на задната лак и некоја врста на ударач (боздоган) и натписот Александар. Кована е во Македонија во периодот на неговото владеење од 336 до 323 п.н.е. Иначе Бронзата е легура со најголем дел на бакар а како втор елемент е Калајот.

 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120


Сувенир банкнотата "Македонка" издадена на почетокот на 90тите (по предлог на партијата ВМРО-ДПМНЕ). Банкнотите требало да ги заменат тогашните југословенски динари, но Владата на РМ не го прифатила предлогот.
И покрај тоа, ИНПРЕС ги испечатила неофицијалните банкноти на кои е насликана Белата Кула во Солун. Банкнотите се продавани по улиците на Скопје како сувенири.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881


Сувенир банкнотата "Македонка" издадена на почетокот на 90тите (по предлог на партијата ВМРО-ДПМНЕ). Банкнотите требало да ги заменат тогашните југословенски динари, но Владата на РМ не го прифатила предлогот.
И покрај тоа, ИНПРЕС ги испечатила неофицијалните банкноти на кои е насликана Белата Кула во Солун. Банкнотите се продавани по улиците на Скопје како сувенири.
По познати беа како ВМРОВКИ,се сеќавам кога Стоиле Стојков и Врапчето мафтаа со нив во собрание и ги представуваа како новите македонски пари
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Иначе во првите предлози за дезајнот и симболите на македонските пари биле ликовите на св. Климент и св. Наум Охридски, како заштитници на Македонија потоа претстава на житно класје и кошница со македонски плодови (грозје, јаболка, круши). Исто така се предлагале и претстави на „мак„ како стопанска и јазична симболика, маслинова гранка и гулаб (симболи на мирот) ама и бизон кој до 15. век живеел во нашите краишта и претставиува симбол на силата. Предложено биле и познати антички и средновековни споменици и легендарни личности.

Многу од овие предлози биле одбиени уште на почетокот од политиката.

Denarius како што напомнав е римска парична единица. Да се разбере неговото значење потребно е да се објасни римскиот паричен систем подобро.

Римјаните почнале да коваат монети релативно касно, околу 400 год после првите кованици во Лидија (Мала Азија). Со првите освојувачки походи кон јужна Италија, наречена Magna Graecia поради многубројните грчки колонии.

Големо значење при овие походи има освојувањето на градот Тарент помеѓу 272 и 269 г.п.н.е. Тарентинците водела трговија со пурпур кој го вадел од морски школки а исто така ковале сјајни сребрени монети со многу за тоа време напредна технологија. Римјаните ја превземаат таа техника на ковање.

Римјаните почнале да коваат прво бронзени пари па потоа од поскапи метали како сребро, злато, месинг и ретко електрон (природен килибар или легура од злато и сребро).

Имињата на парите се одредувале во тоа време според нивната тежина или според бројот на помали тежински и парични единици...што е случај на denarius= 10 asa или според видот на материјалот.

Металот на пр.: „aes“ значи бронза; argentum сребро на германски на пример Geld значи она што е од сребор, Gold стои за злато....холандски Golden.

Источните словенски народи својата парична единица ја нарекувале куна, според кожата на куни која високо се ценела и служела како средство за размена.

Интересно е тоа дека наводните преселби на словените не ја донесле совојата валута...не се разменувало на нашиве краишта со кожи...барем не во новата ера.

За зборот „ас„ кој како тежинска мерка и парична единица се смета дека потекнува од стар и изгубен медитерански јазик и неговото значење е непознато.

Исто така е познато дека луѓето пред познатите големи цивилизации се служеле со размена на природни блага. Со развојот на полјоделството и сточарството за размена служел живиот добиток (ситен како и крупен).

Во латинскиот се задржани некои зборови кои ја одразуваат таа состојба.

Некој и денес се во употреба. Зборот „калкулација„ е изведено од неолитот и првобитно броење на камчиња....латински „calculus“ значи камче.

Друг збор во употреба е „капитал„ и е изведен од „caput“ –itis „глава„ во плурал „capita” глави (добиток) а потоа симболично пренесен за имот и богатство.

И денес има во Африка племиња кои богатството го ценат по бројот на овни, камили и други домашни животни.

Со законот на XII таблички од 450 п.н.е била заменетат размената со стока со употреба на метали, прво во груба необработена состојба а после во обработена преку доливи во плочки, прачки и други форми.

Сребрени пари римјаните коваат после освојуванјето на Тарент. Коваат пари со различни ликови а и пораки како Чест (Honor), Доблест (Virtus), Спасение (Salus), Мир (Pax) или Слога (Concordia). На реверсот ставале клун од лаѓа – интересно е што клун на лаѓа има на Лихнидите (монетите од Охрид) кои се од пред римскиот период....други претстави се капитолинската волчица, биковска глава, орач со рало и волови, овца, коњи, птици (често орел), риби , ракови.

Ликови на жени биле персонификација на одредени провинции во царството.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Еве уште некои примероци на монети најдени на наша територија:

Монета (Сребрена тетрадрахма) од пајонскиот цар Ликеј(356-340год. пр.н.е)
Иначе кај нас најдобро археолошко наоѓалиште на пајонски монети е долината на Вардар, кај Демир Капија.

Ликеј е првиот пајонски владетел потврден во историските извори, кој ковал пари.



Сребрана Тетрадрахма од Александар Македонски, кована е постхумно околу 310 до 290 пр.н.е на Коринт. На предницата херакле со лавовска кожа а на задната страна богот Зевс седи на трон со цептер во левата и орел во десната страна.



Златен статер посветена на полубратот на Александар Македонски, Филип 3 Аридеј. Кована е во Вавилон од околу 323 до 317 пр.н.е. Кога Аридеј го наследува Александар после неговата смрт продолжил да кова монети од злато, сребро и бронза со истиот дизајн.

 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Златен статер од Деметриј Полиоркет („Опсадникот“) кован во краткиот период на неговото владеење од 294 до 288 пр.н.е. Деметриј е инче син на Антигон први (едноокиот) кој бил генерал на Александар Македонски.



Од Римскиот период ковани во Стоби монета со Титус и Домицијан 73-78/79 н.е. со кружен верски објект и глобус во средината помеѓу столбовите



Константин од 313... Со утка, шлем, копје и штит


Јустин 1ви и Јустиниан 1ви од 527 , двајцата императори седат и држат глобус, а на задната страна ангел со долг крст стои фронтално.

 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Пред да се вратам на времето на осамостојување на Македонија и создавањето на Денарот пред се замената на Динарот и политичките одлуки од историска гледна точка... нешто за османлиите и нивните платежни средства.

Иначе воведувањето на денарот е многу големо и значајно искуство од историска гледна точка иако е од пред само 18 год. Една таква акција бара многу мотивација...по тоа се гледа колку е голема желбата са своја држава. Во време на хиперинфлација со само 20-30 илјади долари државни резерви....и секојдневно пумпање на југословенски/српски динари од страна на Белград.


Иначе Османската империја ги завзема под своја контрола рудниците за сребро во Македонија, Србија и Босна од 1390 до 1460. Овие акции можат да се потврдат со датумите на монетите кои се ковани во ковачниците од овај крај.

Ковачници имало во Серез (1413), во Скопје (1422) и во Ново Брдо (1430).

Османлиите го забрануваат експортот на сребро одкако ги завзеле рудниците во Србија и Босна во 1450 и 1460 год.

Со тоа Венеција и северните и јужните делови од Европа имаат проблеми во снабдувањето на сребро за ковање пари...се додека се најдени нови рудници во Саксонија (денешна Германија) и Бохемија (Чешка). Во 1470 и 1480.

После откривањето на Америка и испораките на сребро од таму во Европа се добива една рамнотежа па и намалување на продукцијата на сребро...со почетокот на 16тиот век.
Османлиите го пратат овај тренд дури од 17тиот век .

После оваа криза во европа полека се воведуваат книжни пари кои се уште се платежно сретство.

Од македонските рудници најдолго бил работе Кратовскиот рудник, околу 500 год.


Еве една монета од тоа време....валутата е Куруш...во Австроунгарија се викаат Грош.


Ќе закачам и книжни пари...интересно враќање во минатото. Некој можеби има од својот прадедо или дедо задржано некоја. Не е лошо ако можат да се стават овде со некоја приказна..
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
еве неколку банкноти од турско кои биле во оптек на нашиве простори...интересно е што како место на печатење се употребува зборот „Constantinople"

200 Kurus 1883


5 Altin од 1874год.



лири од 4 едиција во 1908год.







Во периодот на политичко осамостојување на Македонија од вештачката федеративна творба СФРЈ на голем дел од нејзините простори владееше економски, политички и воен хаос.

Се прекина со протокот на стоки и капитал и пазарната и собраќајната инфраструктура беше за брзо време разорена.

Индустриското производство опаѓаше за 30% годишно. Платниот дефицит во Македонија бил над 500 милиони долари и инфлацијата на месечно ниво достигна стапки до 50%. Пред самото монетарно осамостојување на Македонија дури над 80%.

Во комбинација на многубројни удари однадвор како: војните на подрачја на заедничката држава, санкциите од обединетите нации спрема СР Југославија, финансиска изолација како резултат на непризнавањето на Македонија од страна на ЕУ и фамозната Лисабонска декларација, пораст на цената на нафта порарди првата ирачка војна и губењето на пазарите.

На Македонија и беше наметната и блокада од Грција која беше надвор од меѓународната етика која длабоко ја слабееше моќта на нашата еконимија.

Приливот на девизни средства од нашите во странство стопира поради замрзнувањето на девизните средства во нашите банки.

Први напори за ублажување на овие ефекти беа со основањето на независна централна банка односно народна банка на РМ па потоа воведување на сопствена валута и како следно преструктуирање на општествените препријатија и приватизирање на стопанството.

Тимот од економисти и уметници (креатори на дизајнот на првите бонови во прилепската печатница) неможеа да ги протуркаат своите идеи преку владата заради тоа што на наша територија уште беше присутна Југословенската армија.

ЈНА беше финансирана од сојузниот будџет и невозможно да се има два платни системи на една територија. Ќе се создадеше платен и монетарен хаос.

Средина на април 1992 ЈНА ја напушти македонската територија. Една недела после тоа собранието (на Велигден) едногласни ги прифати сите закони кои водеа до монетарно осамостојување.

Со тој чекор Македонија ја заокружи својата државна самостојност.

За да се намалат можните притисоци од надвор при воведувањето на сопствена валута прво се премина на вредносни бонови.

Боновите беа отпечатени во соодветна структура и дизајн:



Очекувањата беа дека само за неколку денови ќе се замени југословенскиот динар бидејќи беше познато колку динари има во оптек низ Македонија. Динарите требаа тогаш да се вратат во сојузната банка во Белград.

Сепак проценката околу количината на динари на македонска територија бил пограшен. Најповеќе заради дотокот (претежно преку илегални канали) од динари за време на размената на самиот.

Од север (Србија) пуштаа во оптек динари кои во првите денови го девалвираа денарот....сумите беа огромни.

Со неконтролирана емисија на пари од Белград целта била да се префрлат големите трошоци од војната и економскиот колапс врз грбот на населението.

Во период кога инфлацијата достигна трицифрена стапка на годишно ниво некои републики од федереацијата направиа упад во монетарниот систем кај Народната банка на Југославија. Во прв ред Србија па потоа Словенија, Хрватска па и Босна и Херцеговина. Тие повлекоа големи количини пари од примарната емисија на народната банка. Повлекувањето на пари се одви преку кредити креирани во недозволени рамки.

Со тие нелегално извлечени пари беа исто извлечени стоки и суровини од подрачјето на Република Македонија. Македонија беше практично преплавена со динари.

После надминување на оваа ситуација се воспоставува курс спрема германската марка во соодност 1:360 денари.

Значи 1992 се изгласаа законите и се роди македонскиот денар. Парична единица која се дели на 100 помали делови наречени „дени„.

Новата валута се менуваше 1:1 со југословенскиот динар.










во мојот џеб тоа време немаа среќа да се гужваат следниве





 
Член од
22 мај 2008
Мислења
23
Поени од реакции
2
Dali znaetee ako car Samuil imase kovano pari?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
LINK Пеесетина македонски антички монети класифицирани според владетелот што ги ковал

Персеј Македонски



Филип V Македонски



Александар Велики



...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom