За македонските мозоци

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
„ Се сеќавате ли Кајганаџии за сакатиот волк што пред повеќе години колеше
крупен и ситен добиток во селата.Нели сите ловци од Подгоријата го хајкаа
со стотици пушки и пеколен џган кучиња,му правеа замки и местеа примки?
Го мамеа со врзани јагниња и јариња,со топла овча крв и пресен телешки дроб,
Му свиреа дури и со кавали и гајди,но не го намамија во клопка.Не можеа ни
да го видат.Го викнаа и силниот селски ковач,и воденичарот и клисарот а
еден ден и поштарот и некој ѕидари и дрвосекачи но ништо,волкот си колеше.
Ни овие не можеа да го видат,како да беше сенка,воздух,ништо.
И којзнае колку ќе траеше неговата ужасна надмоќ,да не дојдоа некои мозоци,
двајца членови на Академијата на науките,од оделението за Фауна.
Тие на полна месечина,на широка полјана,среде неми кории почна да вијат
како многу болни и гладни волци.На седмата ноќ,ѕверот излезе од мракот на
гората и полека,како маѓепсан,се добра до академците,како до најблиски и
им седна в скут,како дете.Тие го милуваа по вратот,по челото и муцката,му ги
тегнеа ушите како на лош ученик.И го покрија со нераскинлива мрежа.Го фатија.“
Мозоци.За Македонските ...мозоци.
овој дел од еден расказ ми даде идеја за темава,но и се почесто во јавноста
прашањето има ли или каде ни одат македонските мозоци.
Се пишува Македонија вложила во нив, ги школувала а сега бегаат по светот.
Кој се тие мозоци и колкава им е вредноста во знаењето.
Зошто бегаат,таму да го истурат-искажат знаењето,што тука го стекнале.
На пример во градежништвото,сигурно се „мозоци“-оние инжињери и архитекти
кој ќе ги прават (или проектирале)40 катните облакодери во Аеродром.
Но дали се „мозоци“ исто оние инжинери кој го направиле и проектирале,оној
потпорен ѕид што се урна деновиве на Водно.
Овакви примери треба да има во сите гранки,посебно во произвоството.
Мозоци нам ни се потребни,но не од типот,машински или електро инжињер а
кој не знае да смени пловак во казанче за шоља, и тоа дома, а за на работа
да не трошиме муабет, компјутерот,картите,климата и кафето се доприност
негов во компанијата од која зема плата.За жал такви се повеќето.Мозоци.
Има и такви случаеви каде во компанија со стотина наши Мозици и тоа добро
платени,а при некој дефект или ремонт се викаат Мозоци од странство да го
решат некој проблем.И го решаваат.А нашиве имаат диплома.Мозоци,за што?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Ми се допадна расказот и тоа многу :) (y)
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Мозоци нам ни се потребни,но не од типот,машински или електро инжињер а
кој не знае да смени пловак во казанче за шоља, и тоа дома, а за на работа
да не трошиме муабет, компјутерот,картите,климата и кафето се доприност
негов во компанијата од која зема плата.
Се додека сметаме дека инжињер мора да биде способен да поправа казанчиња ќе живееме во 19ти век.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.096
Поени од реакции
11.504
Сите разбраа , ти не ?!
Ајде тумачи уште малку ќе сфатиш !
Па стварно не капирам дали македонските мозоците се лоши, или само лошите останале тука а добрите заминале по бел свет, или обратно, или...
 

Hedera

Noxious
Член од
20 јуни 2012
Мислења
91
Поени од реакции
84
Се додека сметаме дека инжињер мора да биде способен да поправа казанчиња ќе живееме во 19ти век.
Ако инженерот поправа казанчиња....од што ќе живее водоинсталатерот? Или ако си инженер треба потполно се да знаеш ама ајде за да имаат леб да јадат мајсторите ќе се смилуваш и ќе ги викнеш (иако и сам знаеш да го поправиш тоа).
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Македонија не направи ништо за мене, како и за многу други студенти на техничките факултети, зошто тогаш би останал во државата? Еве оние кои имаа знаење и беа решителни, со тешко срце ги напуштија своите и им го оставија шлајмот на државата. Им ги оставија сите оние стипендисти, десеткаши и бубалици, затоа нема соодветен кадар, оној што вредеше избега, овие што останаа се клукаат со таблети и учат како да живеат во држава која стана лулка на непотизмот.
„Мозоци“ во државата има на претек, но со закржлавени нервни клетки. :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Чичко Анчо сакаше да каже дека инженерите ни бегале по бел свет, а ’’инженерите‘‘ ни проектирале катаклизмички ѕидчиња/потпори на Водно, кои им се рушеле како кула од карти .......... што да признаеме и држи вода неговиот пост !
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Се додека сметаме дека инжињер мора да биде способен да поправа казанчиња ќе живееме во 19ти век.
и не треба да знае.За тоа има мајстори.И јас го велам тоа.
Машински инжињер.не мора да знае да работи на дребонг или да заварува
ама е проблемот не знае ни обем на буре да израчуна,на тоа мислев.
Тоа објасни го.Кога ќе ги примат на работа десетина години одат низ погон
како слепи кучки по двајца да не се изгубат а не пак да кажат нешто.
Сум работел јас и со Јапонски машински инжињери пред 30 години,но тие видоа колку е саатот на време овдека во Македонија и си заминаа.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 22:27 ---
јас не го ни читам, се плашам да не го сватам
па према твоето тајно име што го имаш дадено,
се е сватено веќе,на сите ни е јасно,не се труди.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.096
Поени од реакции
11.504
Чичко Анчо сакаше да каже дека инженерите ни бегале по бел свет, а ’’инженерите‘‘ ни проектирале катаклизмички ѕидчиња/потпори на Водно, кои им се рушеле како кула од карти .......... што да признаеме и држи вода неговиот пост !
Се слагам со тоа, ама инженери и "инженери" има насекаде по светот, не знам зошто мислите дека таму сите се безгрешни.
 
L

Luki Junior

Гостин
Доста “интересен“ текст.. Анализа на ситуацијата право у центаро погодена.. Ама се си мислам оти поарно е човек да предлага решенија и да зима некаква иницијатива, отколку да посочува проблеми со прст.
Да, има шантави “експерти“, премногу главатари и недоволно индијанци... Ама моментално ни требат човеци од акција, човеци шо праат, шо создават, а не човеци шо посочуват проблеми.. Ама со оглед на возраста и работното искуство, тија нешта се очекуват од младите деца, не од изработени средовечни човеци...

Трагичното у македонија е шо сите очекуват од средовечните човеци со истрошени години у транзиција и црнило, се очекува свежи идеи и сила да ја бутат македонската економија напред....


А од друга страна, повеќето очекуват државата да напраа нешто, шо си е типичен социјалистички начин на мислејне.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Се слагам со тоа, ама инженери и "инженери" има насекаде по светот, не знам зошто мислите дека таму сите се безгрешни.

Анчо напиша: :LOL:
и не треба да знае.За тоа има мајстори.И јас го велам тоа.
Машински инжињер.не мора да знае да работи на дребонг или да заварува
ама е проблемот не знае ни обем на буре да израчуна,на тоа мислев. :pos:
Тоа објасни го.Кога ќе ги примат на работа десетина години одат низ погон
како слепи кучки по двајца да не се изгубат а не пак да кажат нешто. :pos:
Сум работел јас и со Јапонски машински инжињери пред 30 години,но тие видоа колку е саатот на време овдека во Македонија и си заминаа :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom