Te MOLAM кажи ми каде спомнав ТРПЕЊЕ....дај бе луѓе читајте!!!
Ако сме реални жената е послаб сад во секоја смисла и емотивно, и психички и физички и секако....ај ако не е така кажи ми освен МАрија Кири една жена научник!!! Ама да нема кој не ја знае, не некоја затуцана што ја знаат само одреден круг на луѓе. ВООПШТО не ја потценувам жената и самата јас сум жена...само велам дека улогата на жената е за друго, дека жените не треба да се нафаќаат на товар за кој не се создадени....
А љубовта подразбира и почитување, нормално ако е мажот е христијанин и ако се однесува како Исус кон Црквата.ТОЈ Е УСЛОВОТ!!!
Изгледа ти не читаш убаво и се фаќаш за сламка.
Поентата е дека жените се способни за се(освен за физичкиот дел).
Во мојата фамилија,мајка ми е поинтелигентна од татко ми и од кога знам за мене,она е во најмала рака рамноправна(ако не и повеќе).
Во фамилијата на мајка ми е истиот случај(а селска фамилија е,некој би помислил дека во таква средина нема шанси да се дозволи жена да има било какво право на збор),жената е столб на семејството и околу неа се вртат сите останати членови.
Имам премногу примери околу мене,за да поверувам во нешто спротивно.
Точно е,нема многу жени научници,а си размислила ли,колку жени воопшто добиле можност да бидат научници?
Дали имале шанса за образование во минатото?
Дали воопшто имале некаква(и најмала),можност да дојдат до збор,во строго наметнатиот патријархат што се случувал(а и сеуште трае)?
Значи,има причина за слабото мешање на жените во глобалниот социјален живот,и воопшто не е поврзана со нивната интелигенција и способност.
Не знам колку ти е дозволено да ја разгледаш еволуцијата(?),ама,пред да дојде оваа структура на општеството,каква што ние ја знаеме т.е патријархатот,постоело многу поинакво уредување-матријархат,во кое жените го имале главниот збор,а сепак постоела многу поголема рамноправност од сега(и лично верувам дека лугето живееле многу поубаво од наредните векови).
Овој систем сеуште постои во природата,и функционира многу добро(да не речам совршено).
Тоа што нас како луге,ни е всадено во главите дека жените мораат да им служат на мажите и да претставуваат машини за раѓање деца и миење садови,нема никаква врска со реалната ситуација.
Уште потажно е тоа што жените како тебе го прифаќаат без збор сето тоа и дури се деградираат самите себеси(се нарекуваат помалку паметни и способни),само за да се вклопат во тој вештачки создаден систем,наместо да пробаат да се изборат за нешто или барем нивниот глас да биде слушнат.
Мажите,нормално од своја страна,ќе го прифатат сето тоа(а зошто би очекувале нешто поинакво),бидејќи им оди во голема полза.
И така,машината функционира,а вие лазите под неа и ја подмачкувате кога е потребно.
Прекрасно.