За Мартина Димитрова

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Се молат сите граѓани кои се во можност, да допринесат.

Петгодишната Мартина Димитрова боледува од Leucosis Acuta Biphenotipica (BAL). Моментално е сместена на детската клиника во Скопје, но со оглед на лошата дијагноза, предвидена е трансплантација на матични клетки во Западна Европа.

Тој потфат чини 100.000 евра, од кои родителите треба да партиципираат со 20.000 евра. Неможноста и лошата материјална состојба, апелират ако може да се помогне.

Помош за лекување на Мартина Димитрова:

-Донациски број 070/143-143
(важи за корисниците на Т-Мобиле)

-Денарска жиро сметка
300 047 069 362 362
Комерцијална Банка АД Скопје

-Девизна сметка
Martina Dimitrova
Acc. No. 02-301-0507752.7
IBAN CODE: MK 073 003 010 507 752 19
SWIFT KOBS MK 2X KVB
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
VIP Телефон: 077 143 143 (важи само за корисниците на VIP)
Пред некоја минута испратив празна порака на овој број и веднаш ми стигна повратна:

Почитувани, вашето барање за активација на промоцијата двојно повеќе е примено. Активацијата на истата ќе се изврши во наредните 48 часа.

Веднаш се јавив во VIP контакт центарот и од тамо ми рекоа оти неможат да ми кажат ништо, освен дека овие броеви се наменети за специјални потреби, па се надевам дека пораката што ја испратив стасала на правото место.

Малку ме зачуди повратната порака, па затоа да прашам, дали има некој праќано или ако некој испрати да ми каже што и како.
 
Мислам дека треба да се сврти на бројот, јас досега имам донирано само со повик на овие броеви, за пораки не знам дали функционираат.
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Мислам дека треба да се сврти на бројот, јас досега имам донирано само со повик на овие броеви, за пораки не знам дали функционираат.
Ми текна, али сигурно чим ми отидоа 100ден. од сметката, сигурно се на правото место, барем се надевам.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Да освежиме меморија, на девојчево уште му се неопходни средства. За мало девојче се работи, подразмислете пред да ја прескокнете молбата.

А и оваа тема ѕирнете ја, Ива уште е на лечење http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=41421
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Обезбедени 200.000 евра за лекување на Мартина

15.12.2009 16:41
Мартина Димитрова
Малата Мартина конечно доби шанса за лекување. Второстепената комисија во Министерството за здравство одобри 200 илјади евра за трансплантација во Германија.
До крајов на неделава Мартина Димитрова треба да замине во болницата во Франкфурт каде ќе остане наредните 6 до 9 месеци.
„Мартина е добра, спремна за трансплантација, значи спремни сме да заминеме таму. Вака е добра, се надеваме на најдобро“, вели Горан Димитров, татко на Мартина.
Дополнителен проблем може да биде патувањето до германија со редовен лет, во време на епидемија на грип.
„Малку ни е страв да одиме со редовна линија. Нема директен лет до Франкфурт, значи треба со претовар, дали во Виена, дали во Прага, со неколку часа чекање. Сега доаѓаат и новогодишните празници, гужви се по аеродромите и навистина мислам дека патот ни е голем проблем“, рече Горан Димитров.
Државата цел месец го одложи лекувањето на Мартина која боледува од редок тип на леукемија. Петгодишното девојче успеа да ја издржи тешката цитостатска терапија како што и наложија од второстепената комисија. Сега ја чека нова борба. Трансплантација на коскена срцевина во болница во Франкфурт. Мартина повеќе од три месеци е на Детската клиника.

-----------

Превземено од сајтот на А1. Линк: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117535
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

Па редно беше Здравко Чолич го викат и му дават 300 000 евра(колку и да е) а за девојчето нема беше малку смешно или....
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Стално се вадат „Знаете ли колку деца чекаат на ред, знаете ли колку деца се болни...“
Јас би им рекла, вие не можете да спасите многу деца, вие можете да спасите, едно, две, три, четири, пет... Зошто да не го направите тоа... Арно што им текна, во секој случај...
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Баш вчера гледав на вести и навистина ми е мило што конечно се обезбедија средства за Мартина. Редно беше да и се помогне од страна на државата. Мене лично овој гест ми е многу помил и многу повеќе го ценам отколку многуте споменици што ги поставија. Така што мислам дека ако се сака, може да се помогне.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.229
Поени од реакции
6.710
Малата Мартина е со влошена здравствена состојба, која се влошува се повеќе. и треба итно да се направи нова(ВТОРА) трансплатација на коскена ср’ж која ќе чини повеќе од 20.000 евра . Затоа Ве Молам да продолжиме со донации на телефонските броеви 070 143 143 и 075 143 103 .... ВИ БЛАГОДАРАМ.
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Донирано и од моја страна.Да помогнеме на малата Мартина,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom