Марк Дарси (Дневникот на Бриџит Џонс) - го обожавам, да не речам го љубам. Речиси никоја девојка што ја знам не го сака, затоа што е малку здрвен, срамежлив дури, но за мене е идеално машко. Добар, пожртвуван, искрено добра душа и можеби не ги изразува најубаво емоциите, но кога ги искажува тоа го прави искрено. Не глуми лудило, не симнува ѕвезди, ама е искрен. Можеби на моменти смотан, ама тоа кај него е ептен симатично. Ликот е прекрасен, а Колин Фирт прекрасно го има доловено. Дури ми е и најблизок идеал за машко. Не е од оние по кои сите лудуваат, не е ни нешто физички најубав, ама е тука кога треба да биде и тоа е најбитно.
Имам кажано, некој вака искрено да ми каже и да ми се отвори, одма го земам за мУж.

А и репликите на Бриџит се исто ко јас да ги кажувам...
Mr. Darcy од Гордост и Предрасуди - Нешто сличен како Марк Дарси, не збори многу, ама кога ќе каже нешто кажано е.
Сили Бут од Коски - Е човечево си го љубам бе! Смешен, има смисла за хумор, но сепак и почит и има манири на однесување и знае како треба да се однесува. Има вредности кои навистина ми се допаѓаат кај еден човек. Ех оваа сцена колку е добра...
Маршал од Како ја запознав мајка ви - Човеков е мече! Срце! Душа! Па еден од најдобрите ликови. Зборам од човечки аспект. Добар, воспитан, на сите сака да им помогне, на никој лошо да му помисли, Лили колку е среќна што има некој кој толку многу ја сака. Како човек, тој лик е беспрекорен.
Ниеден од горенаведените, можеби не е физички најпрекрасен, нема коцкици на стомак, не симнува ѕвезди (добро освен можда Маршал по малце

), ама таков карактер би ме освоил во секунда, за минута без размислување. Може малце подлабоко ги елаборирав, но сакав подетално да ги опишам, пошто со слика не се кажува и објаснува најубаво. Вакви момци кога би ги имало во реален живот (а се надевам дека ги има) би било одлично!