Зајче како миленик

Член од
17 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
2
Дечки, дали некој чувал зајче од тие декоративните дома? Дали се учи да врши нужда на едно место? Дали смрди? Толку многу се мили овие животни....
На каналот на овој дечко приметив дека го чува како кученце, дури може да се дрерсира...
Овие се прекрасни! Холанд луп....
Во Кина има кафе за галенње на зачиња, пиеш си сокче и се релаксираш...допирот на такво животно смирува....
Исто и овој канал препорачувам да се разгледа...

По белиот свет хгледам како миленици по дома ги чуцваат, тука немам сретнато, затоа прашувам....одгледувачници ако има исто инфо може....значи општо искуство околу чување на зајче?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.174
Поени од реакции
4.188
Поголемиот дел од тие што чувале кажуваат дека многу им смрди мочката, иначе преслатки.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.708
Поени од реакции
33.722
Ако редовно се чисти кафезот нема да смрди. Интересни се за чување и треба голема грижа, внимание и нежност, исто како мало дете. Колку ми е смешен кога заспива. :pos:
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.044
Поени од реакции
4.770
Мочка од секаков зајак доста мириса да, фецесот пак им е цврст во облик на мали топчиња и не им е толку многу гаден и смрдлив, може и со раце да им се соберат топчињата фецес !
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
79.219
Поени од реакции
169.349
Ако чистиш редовно не смрди, не знам што е тешко да се разбере. И човек да не се избања два дена, ќе засмрди.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.708
Поени од реакции
33.722
И вие дома да не пуштате вода кога одите во вц и една недела да не го чистите со средства и тоа ќе смрди. Исто е и со зајакот ако не му го чистите тоа место. Ова со смрдеата е изговор од оние што не сакаат да чистат.

Многу лесно се учат и само за спиење и мокрење оди во кафезот иначе цел ден е надвор. Само треба голем кафез во кој ќе има место за сите тие работи. Ако некој планира да го чува во кутија или помал кафез од еден метар нека не го ни зема. Мора да има место за вц, мала куќа каде ќе се сокрие кога ќе му треба одмор и за слама и вода.

Го пушташ по дома и го следиш неколку дена каде највеќе сака да оди и кое му е најомилено место, па кафезот се става таму. После тоа следува поставување на вц во кафезот, исто каде што му одговара на зајакот, односно на она место каде прв пат ќе оди кога ќе го пуштите во кафезот.
Ова подлога што е под него ја впива влагата и еднаш во денот се менува, а најкасно еднаш во два дена. Прво беше научено да спие во вц. :LOL:

20031766_1404028512986296_3485663092559786865_n.jpg
18301936_1335407829848365_4163435251992263135_n.jpg
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
79.219
Поени од реакции
169.349
И вие дома да не пуштате вода кога одите во вц и една недела да не го чистите со средства и тоа ќе смрди. Исто е и со зајакот ако не му го чистите тоа место. Ова со смрдеата е изговор од оние што не сакаат да чистат.

Многу лесно се учат и само за спиење и мокрење оди во кафезот иначе цел ден е надвор. Само треба голем кафез во кој ќе има место за сите тие работи. Ако некој планира да го чува во кутија или помал кафез од еден метар нека не го ни зема. Мора да има место за вц, мала куќа каде ќе се сокрие кога ќе му треба одмор и за слама и вода.

Го пушташ по дома и го следиш неколку дена каде највеќе сака да оди и кое му е најомилено место, па кафезот се става таму. После тоа следува поставување на вц во кафезот, исто каде што му одговара на зајакот, односно на она место каде прв пат ќе оди кога ќе го пуштите во кафезот.
Ова подлога што е под него ја впива влагата и еднаш во денот се менува, а најкасно еднаш во два дена. Прво беше научено да спие во вц.

Прегледај го приврзокот 177066
Прегледај го приврзокот 177067
Еден ќе каже дека мириса и сите како вагони на локомотива, мирисаа, ајдеее. Заради тоа и јас се мислев дали да чувам ама откако чувам веќе 5 години, видов колку експертизата може да има влијание. Ако не сте чувале, не коментирајте, само одмагате. Напротив, зајакот е многу чисто животно, самото се мие секој саат и никогаш не замирисува само од себе.

Мењаваш подлога/пилевина еднаш дневно или еднаш на два дена како што кажува Форца. Го чешлаш исто редовно периодите кога се митари, за бањање нема потреба освен ако не е бело како моето па од што се пика сегде да пожолти, да се испрља. Ако се кастрира ќе е уште полесно да се научи да врши нужда на едно место, ноктите му се сечат со грицкалица, има туторијали на нет до кај да сечеш, за забите има гипсени коцки да гризе, да ги тапи и тоа е тоа. Не е нешто комплексен за чување со оглед на тоа дека и како идат годините, се помирно станува.

П. С. Ни под точка разлог да не се чува во ист стан со мачка. Многу им е страв од мачки а и мачките ги напаѓаат. Нема теорија bonding да остварат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.708
Поени од реакции
33.722
Немаат чувано дома или само надвор имаат видено некој што чува, а таквите поретко ги чистат. Слушнале и дека се плашливи и досадни животни и освен грицкње друго ништо не прават. Не мирисаат тие, им мириса изметот и мора да се исчисти. Почисти се од мачките и кучињата.
Имав пилевина и беше низ целиот кафез, ама се лепи и ја разнесуваше насекаде.

Ако нешто има замислено ништо не може да го спречи иако знае дека тоа не смее да го прави. Си чека посебна прилика за тоа.
Се правам дека спијам и го посматрам што ќе направи, одма се качува на маса и таму ќе си поседи малку и после скока долу. Како ништо да не било и се превртува од радост. :pos:

И многу сака да е во друштво. Навечер кафезот му го оставам отворен и сабајле го наоѓам под спалната. Или нешто кога работам на компјутер одма доаѓа до мене и дреме. :D

Со мачка може да биде најголем непријател, но и најголем пријател. :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.044
Поени од реакции
4.770
Вие говорите за некакви помали раси на зајчиња што се чуваат по дома, јас чувам во голем бокс во двор зајци Оријаши е тие внатре во куќа чување јок растат доста големи и јадат нон-стоп 24/7 сува трева(сено), зелка, јачмен и доста пијат вода ... повеќе пијат вода и од куче !
Секој ден им чистам во боксот, но факт е дека се голема раса на зајци и поради тоа што доста јадат и пијат вода исто така нормално дека и доста уринираат и дефецираат десетици-стотици зрнца кои со мала лопатка или дури и со гола рака им ги собирам ... не е воопшто лесно да се чуваат големи раси на зајци, кој чувал знае, има навистина работа секој ден !
 
Што ти е тебе мотив за јадење или за продавање ? :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
79.219
Поени од реакции
169.349
Вие говорите за некакви помали раси на зајчиња што се чуваат по дома, јас чувам во голем бокс во двор зајци Оријаши е тие внатре во куќа чување јок растат доста големи и јадат нон-стоп 24/7 сува трева(сено), зелка, јачмен и доста пијат вода ... повеќе пијат вода и од куче !
Секој ден им чистам во боксот, но факт е дека се голема раса на зајци и поради тоа што доста јадат и пијат вода исто така нормално дека и доста уринираат и дефецираат десетици-стотици зрнца кои со мала лопатка или дури и со гола рака им ги собирам ... не е воопшто лесно да се чуваат големи раси на зајци, кој чувал знае, има навистина работа секој ден !
Значи имаш посебни раси за чување по дома, посебна раса како оријашите за исхрана, затоа и насловов на темава потенцира дека се работи за милениче. Земи оријаш да чуваш и три саата му давам да ти ги спои кујната и ходникот :)))))))
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.044
Поени од реакции
4.770
Што ти е тебе мотив за јадење или за продавање ? :)
Ma и јас си ги чувам како миленици, искрено жал ми е да ги колам, а за продавање не сум размислувал бидејќи сеуште женките не ми родиле младунчиња. Само што поради нивниот габарит, исхрана и физиолошките потреби ги чувам во посебен бокс во двор, невозможно е внатре во куќа !
Неколку месечни ми се, некои се сиви оријаши, а некои се панонски бели исто така големи по раст како и оријашите !
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.708
Поени од реакции
33.722
Не знам зошто одгледуваш вакви кога ти е жал за колење и не размислуваш за продавање. Овие се за чување надвор.

Земи друга раса која се чува во дома и ќе видиш дека има разлика и не е како што мислиш. Ептен мили, паметни, друштвени и чисти животни кои нема шанси да не ги засакаш. Секое животно има физиолошки потреби и мора да чистиш.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.044
Поени од реакции
4.770
Не знам зошто одгледуваш вакви кога ти е жал за колење и не размислуваш за продавање. Овие се за чување надвор.

Земи друга раса која се чува во дома и ќе видиш дека има разлика и не е како што мислиш. Ептен мили, паметни, друштвени и чисти животни кои нема шанси да не ги засакаш. Секое животно има физиолошки потреби и мора да чистиш.
Физиолошки потреби има секое живо суштество ама разликата е во габаритот на истото ... овие зајци се исклучиво за во некој бокс/кафез во двор или пак во некоја штала на пр. но никако внатре во куќа (освен кога се мали бебиња) ... ај што им собирам трева и ја сушам, плус и им купувам бали сено од сточен пазар, им купувам и јачмен, а и зелката цела ми ја изедоа машала си јадат, а и брзо напредуваат, како прасенца се !
 
На врв Bottom