Заштита на личен имот со струја

  • Креатор на темата Креатор на темата Vasko_St
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се инсталира електрична ограда ама не како смртоносно како што замислувате туку под мал напон доволно да зашеметува слично како кај електрични пиштоли кај полицајците што имаат во САД ,но во овој случај оградата е приклучан со ел.мрежа и со вграден адаптер и да има струен шок да речеме 20,000-50.000 волти и да замисли провалниците, сепак не е баш ефикасна зашто провалниците ќе најдат начин како да заобиколи ,а ионака не се исплати со трошоци за ел.мрежа и плус вградување ваквите ел.огради кога со истите трошоци помалку месечно се изнајмуваат обезбедувачи (патроли) како НИКОБ,ПРЕТОРИЈАН и слично.
 
Во оваа држава, советот на Let3 е стварно разумно решение. Само, првин треба некако да добиеш дозвола за огнено. Може за ловечко е полесно. Веројатно треба прво да се зачлениш во ловечко друштво.
Проблем е само, ако има уште некој со него, надвор, кој го чека. Он ќе знае дека овој немал оружје.
 
најпросто и без проблем со законот е да се огради дворот со ел.ограда за заштита од влез на крупен добиток, ( а постојат огради и за заштита дури и од слонови). Мислам дека ел.ограда за заштита од волк па до крава нема да убие човек ( тие се на 24 до 36волти) од проста причина да не настрада и сопственикот и ракувачот со оградата, СЕ разбира ќе се постави и натпис...
Б.Т.В., па настрадуваат на мртво крадците на бакар кога влегуваат во трафостаница, но затоа крадат без гајле напојувања на репетитори по планините...
 
Заштитата на својот имот е загарантирано право, ама тоа не ти дава тебе за право да повредуваш или убиваш без разлика од состојбата на нашиот систем и успешноста на полицијата и органите. Секогаш ке се става на кантар имотот и здравјето и животот на човекот и во сите ситуации нормално дека здравјето и животот на човекот е повредно. Во САД е друг муабет, убиваат луѓе ако ги фатат на својот имот и тоа кај нив проаѓа, али не и кај нас, кај нас за да се докаже нужна одбрана е мака. Подобро да поставиш уште некоја врата, решетка, аларм наместо струја. Сепак е имот, не вреди толку.
 
Јас си имам направено електрична ограда ама не за луѓето туку за песот. Многу сакаше да шара и да копа низ дворот баш онаму кај што не треба, а нус прозивод е и што и мачките почнаја да ми го избегнуваат дворот. Ете веќе втора година си функционира без проблеми. Работи на 12 волти, троши колку еден полнач за мобилен, можи ни толку , а има излезен напон од отприлика 15000 волти. Инаку и јас на нејќење се имам чепнато на неа неколку пати па ете здрав и жив сум. Додуша чувството е многу непријатно ама далеку од смртоносно. А и немора баш да се доприш до неа, лета искра и на еден сантим ако е влажна почвата. Мана му е што е високо омска и јачината многу брзо паѓа во зависност од должината на жицата и дали има спој со некоја тревка или било што. Тогаш станува тотално неефективна. Потаму ако не ми е мака ке склопам некоја нискоомска која ги нема овие проблеми, ама потаму. Сега засега арна е и ваква каква што е.
 
дечки како да направам електрична ограда за песот.Предлози???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom