Зарем пак ќе се посрамотиме?

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонија не оди на Евросонг?[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Ако одговорните во МТВ до утре не ги исполнат барањата на тимот на Тамара, Врчак и на Адријан, Македонија нема да учествува на Евросонг во Белград. Одговорниот од нивниот тим Емин Гаџа вели дека поради лични фрустрации на одредени структури во МТВ, нема да дозволи да биде избламирана ниту евровизиската тројка, ниту државата, ниту народот. Оваа реакција на Гаџа доаѓа од стравот дека на неполни 20 дена од големата Евровизија, нашите претставници немаат ниту костуми за настап, ниту е платен промотивниот материјал, ниту е обезбеден хотел, ниту, пак, пари за да преживее евровизиската тројка десет дена во Белград. Гаџа вели: "Ако до утре не ги обезбедат парите, не одиме. Од идната недела нека најдат и милион евра, се е џабе оти е доцна за се. А во Белград нема да одиме како социјални случаи. Или достоинствено и со кренати глави, или никако, ќе си седиме дома".
"Нервите ги скинав ама досега се криев. Се во интерес на децата, на државата, на народот. Се нервиравме за НАТО, па нови избори, па во МТВ постојано се бркаат луѓе, се менуваат директори на секои пет минути и се си мислев има поважни работи отколку јас да ги кажувам проблемите. Ама веќе не можам да издржам оти ми пукна филмот. За прв пат откако Тамара, Врчак и Адријан се избрани за наши претставници, ја отворам душата. И нема веќе ништо да премолчувам, зашто сметам дека се што се случува е од национален интерес и народот мора да знае со какви луѓе има работа. Сето ова што сега го кажувам, на одговорните во МТВ им го реков уште пред еден месец. Мислеа дека се шегувам. Им реков дека нема да одиме на Евровизија ако не се исполнат сите услови за достојно претставување. Нема децата да страдаат за сокче и кафе", вели разочарано Гаџа.
Од националниот избор досега Тамара, Врчак и Адријан имаат поминато неколку држави и, како што вели Емин, секаде каде што биле, тој ги намирувал трошоците. На ова од МТВ досега добивал само ветување дека ќе му дадат пари, но до денес не само што не им се исплатени дневниците туку нема пари и за подготовка на главниот настап.
"Се досега е платено од мој џеб и од мои спонзори. Е па доста е веќе со тоа - вие направете се, а пари ќе се најдат после. Па до кога ќе ме лажат! Отворено кажувам дека се невидени лажговци! Сакаат само да ме заглават и после за нивната глупост јас да се чудам кога половина Скопје ќе ме брка за пари. Тој филм нема да го гледаат. За да биде се како што треба, на одговорните во МТВ им предложив маркетиншка кампања со која требаше да се опфати цела Европа. Затоа и песната е направена на шест јазици и спотот во шест верзии. Единствениот човек што има разбирање е Сајовиц, кој веќе е тргнат, а по него Управниот одбор на МТВ урна се. Со месеци ништо од договореното не прифаќаат. Бидејќи МТВ нема пари, на еден состанок им предложив целата кампања да ја води агенцијата 'Њу момент', која има филијали низ цела Европа и која лани беше задолжена за маркетингот на Марија Шерифовиќ. Направиме супер стратегија, која чинеше околу 140 илјади евра, во која спаѓаше и покривањето на трошоците на 25-члената делегација, македонската вечер, турнеите низ државите, спотовите. Но сето тоа падна во вода и не можеме да се разбереме. Од МТВ велат ние од тимот да најдеме пари за се, ама тие да си најдат генерален спонзор. Ова значи дека тие бараат да најдеме некоја будала што ќе ги покрие сите трошоци, а парите што ќе ги најдат тие или да си ги задржат за себе, или да поделат плата, или не знам што со нив. Па каде го има тоа? Најдов друг спонзор со 120 илјади евра, го тргнаа. Најдов трет со 80 илјади евра, и него не го прифатија. Не сакаат да имаат генерален спонзор. Сакаат ние да ги завршиме работите, а тие да си најдат генерален спонзор и да си останат парите кај нив во каса. Бидејќи сфатив дека сето ова ќе биде само на штета на сите нас, им се заканив. Жал ми е што јас сум првиот што ќе го дигне гласот, но од името на овие деца, кои даваат се од себе за да настапат најдостоинствено и од име на народот, кој по се не сакам да се разочара уште еднаш, ќе пресечам навреме. Оти во Управниот одбор во МТВ и некои други директори во Телевизијата се од различни партии и си контрираат меѓу себе, а ние, ни криви ни должни, треба да страдаме", објаснува Гаџа.
Евровизијата ја гледаат милијарда луѓе, и треба да се направи најдоброто за државата. Затоа, вели Емин, разочаран е што и МТВ и државата се однесуваат арогантно и не ги интересира дека Евросонг е добро на државата, а не лично негово.
"Па Русинот, кој го претставуваат за фаворит во Белград, не доаѓа со Путин! Тој со глас, ние со глас, тој со атракција, ние со атракција. Треба гордо да кажеме дека сме од Македонија. Јас сум така воспитан и така ги терам децата да размислуваат. Ама, по се изгледа, треба да живееме како политичарите и народот. Тие да се сексаат, а ние да останеме трудни. Е па јас не останувам труден. Може ќе бидам жртвата, ќе плукаат по мене, ама ќе го зачувам достоинството на народот, кој ни дава безрезервна поддршка, и ќе го зачувам достоинството на трите деца, и на крајот и моето. Нема да дозволам да ме прават мајмун. Нека бидам крив за се, ама цврсто стојам зад се што кажувам и на народот му кажувам јавно: Немој да мислите дека сакам да ја бламирам државава и вас. Сакам да ве зачувам за да не се избламираме! Свесен сум дека и да влеземе и да не влеземе во финале, барем ќе знам дека сум го дал максимумот од себе. Ама нема да страдам поради некои неписмени што не ги интересира државата туку сопствената кариера. Па нашето претставување е огледало на народот и државата и затоа мора да биде најдобро. Во моментов не се грижам само за Адријан, зашто сум му татко, туку и за Тамара и за Врчак. Тројцата ги гледам како мои деца", вели разочарано Емин Гаџа.

Вест

Добро бе,толку ли не не бива? Сите пари ќе отидат за политичкиве кампањи а за пејачиве нема да остане ни денар?
[/FONT]
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
ццц..... ништо не бива ... се сељачишта во оваа држава ... тотално разочарување ...

неможат да ги поминат тие фази и да имаат малку патриотски дух ... ебате мороните , ебате ...
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Па зашто би оделе? Прво на ова ако дадете логичен одговор за нашето достоинство колкаво е, ок онда. Целиот евросонг е брука жива.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Инаку колку за инфо , коеф за победа на нашите на Евровизија е 720 ( ве зачуди нешто :pos2: ) !!! , трети од доле , најмал коеф а за Молдавиа 820 ...

Епа така Европа гледа на нашите шанси за пласман ...
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ццц аман бе :tapp::tapp:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
О, не!
Во име на отецот, синот, светиот дух, љубовта и цаканата брадичка на татко му на Гаџа, го молам семоќниот да се обрукаме.
Амин.
 

tiffany

Тифаниум
Член од
20 мај 2007
Мислења
742
Поени од реакции
13
Хахаха МТВ рулс. Ко да не се очекуваше вакво нешто или можеби јас сум грешка :ahmm:
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Мене ми стои дека е безвезе галама и дека пак ќе одат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
За кој кур ќе ни е Евровизија?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ахархија е слаб збор за моменталната состојба во државава:tapp:
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
eee ama ako nema skandali toa nema da e makedonija... :icon_bigg

Македонија дефинитивно ќе оди на „Евросонг“

Глупо е да се продуцира скандал во момент кога бараме спонзори. Мислам дека Емин Гаџа има малку трема пред настап и ги предимензионира работите - реплицира Александар Сидоровски, главен уредник на забавно - спортската редакција во МТВ, по заканите на менаџерот на евровизиското трио дека ако до утре не се обезбедат пари за Белград, нашата земја нема да учествува на европската музичка манифестација

По шокантната најава на Емин Гаџа дека нема да дозволи неговиот син Адријан заедно со Тамара и Врчак да запеат за Македонија на претстојниот „Евросонг“ и неговиот ултиматум дека ако за еден ден не легнат доволно пари за достојно претставување ќе ја бојкотира манифестацијата, се огласи раководството на МТВ. Во име на националната телевизија на нашите прашања одговори Александар Сидоровски, човекот кој е директно одговорен за предевровизиските подготовки.

Може ли сериозно да се сфатат заканите на Емин Гаџа за Македонија да не оди на „Евросонг“?

Многу темелно го прочитав интервјуто, а и целиот весник. На насловната страна има два звучни наслова, дека Македонија не оди на „Евросонг“ и дека Лезбос не им се дава на лезбејките. Искрено ме загрижија и двата наслова. Далеку од памет е дека може да не настапиме. Не гледам причина за такви произволни изјави. Она што е кажано дека некој друг ги поднел трошоците за промотивните настапи јасно е дека не е вистина. МТВ им плати на нашите претставници. Факт е дека ние работиме во тешки услови и колку што можеме, но нема совршени работи. Резервациите за во хотелот веќе се направени, а другото е во зависност од амбициите. Дали сакаме да отидеме само да отпееме или и да се претставиме како што треба. Мислам дека нема потреба да се крева тензија особено не поради тоа што во моментов бараме спонзори. Глупо е да се продуцира некаков скандал, бидејќи може луѓето да се разбегаат.

Кога финансиите се во прашање, Гаџа обвинува дека поради исфрустрираноста на некои луѓе од МРТ, му пропаднале неколку спонзорски договори. Се спомнува и цифра од 120.000 евра. Како мислите да го обезбедите потребниот буџет?

Јавниот сервис треба и мора да работи според закон. Првобитната соработка не беше остварлива од временски причини. За некој инвеститор да влезе со сума од над 100.000 евра треба да се распише тендер, па да поминат два месеци, па рок за жалба и ќе не фатеше летото. Далеку од вистина е дека престојот на делегацијата го плаќа некој друг, бидејќи тој дел секогаш бил на товар на МРТ. Факт е дека Емин вложи во кореографијата и во спотот, како што е факт дека и ние максимално, според можностите, помогнавме со нашиот однапред проектиран буџет. Ништо не е предоцна, за вака да се алармира. Не сме заостанати со активностите, па да сме во паника.

Што стои во договорот со евровизиското трио? Имаат ли право Тамара, Адријан и Раде да не се појават на сцената во „Белградска арена“ и МРТ да остане без претставник?

Тоа не е можно. Тие се обврзани на правилата на игра уште кога се пријавија да се натпреваруваат на Скопскиот фестивал. Нема простор за вакви манипулации. Уште еднаш ќе повторам дека Емин се нервира, денот се наближува, а има уште многу да се сработи. Ние сме свесни колку тој вложи. И лично и професионално е многу посветен.

Интересен момент е апелот до премиерот Груевски. Во исповедта на Гаџа стои напишано и дека менаџерот очајно се обидувал да стапи во контакт со некоја од државните институции за да побара помош. Колку надлежните министерства ја поддржуваат МРТ кога станува збор за „Евровизија“?

Традиционално имаме контакти и поддршка од министерствата за култура, за надворешни работи и за економија и еве во оваа прилика им упатуваме благодарност. Тоа е во ред, ако се земе в предвид дека „Евросонг“ не е само натпревар на телевизии, туку и афирмација на држави и народи.

Ќе има ли македонска вечер или пак штандови за понуда на домашните туристички капацитети, што е особено важно за актуелната политика ?

Секако. Тоа е една од основните работи таму да се претставиме во најдобро светло, бидејќи, за жал, нас и по скоро две децении самојстојност се уште ни треба афирмација од други причини.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тие што се брукаат победуваат, тоа е формулата за успехот на Еврошитовизија.
Мој став: Па нека не одат, нека седат, и така знаеме дека победата за нас е измислена именка. Како на некој да ќе му биде гајле ако не одат? По толку пекање за фрикшоуто, ако треба на улица ќе спијат, а не па да не одат.
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Не верувам дека нема да отидат,толку врема цимолеа за победа:)Овој Емин мислам и предходната година направи скандал дека син му требал да оди,е сега кога има шанса не верувам дека ќе отстапи.До кога вака,аман веќе од напорниве скандали секоја година
Него....нешто друго сакав да прашам.....Емин манаџер????:nesvest:
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Ај разбирам човекот си има мака со овие од мтв.Ама што толку се крева прашина за евровизија не знам.Се е тоа политичка работа а нашиве ако не одат ко да ќе пропадне светот.
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
502
Поени од реакции
4
Не ми е јасно што толку се оптоваруваат со таа евровизија,ко демек ќе им донесе некоја светска слава или успешна кариера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom