Заработка на интернет (официјална тема)

Член од
16 јули 2016
Мислења
37
Поени од реакции
8
Појди на Transfer Money, ќе ти даде опција instant to debit card за да ја избереш картицата и да ги префрлиш на неа.

Вака ги имаш само на Пејпал и можеш да ги користиш за да купуваш од eBay или слични кои имаат поддршка.
Фала ти !
 
Член од
19 ноември 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
Дечки некој да има поврзано Adsense со сајт на англиски? Сакам да почнам со ова, имам некои познавања мали, ми требаат совети дали вреди или помина "модата" со Адсенсе? Thanks in advance :)
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
875
Поени од реакции
502

Да, како и порано, и сега функционира заработката од блог / веб страна преку AdSense.
Содржините треба да се на англиски јазик.

Ако веб страната е изработена од наша страна - советите се бесплатни (почетен план, начин на работа, проширување на веб страната, итн...).

Постои и опција за платени консултации.
 
Не можев да најдам кои категории се забранети, да не ја утнам од почеток :)
 
Член од
13 јануари 2016
Мислења
82
Поени од реакции
50
Некој совет за полесна работа на нет? Транскрипцијава ме јебе transcribeme го има затворено тестот а rev не примале од мк фриленсер. Иначе сум студент и ми треба нешто колку за 2 3 саати во денот да покријам по некој трошок. Од вештини можам да издвојам некое искуство со coreldraw ама немам време за градење cv и поголемо замарање. Друго вака, одличен англиски, ворд ексел тоа се перфект.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Здраво на сите
Ми треба помош од некој што има искуство... Работам како партнер со компанија од мултилевел маркетинг скоро 2 години... Заработката ми стига на интернет страна, преку нејзе си ја префрлам на девизна сметка... Годишниот лимит како физичко лице за заработка е околу 2.500 евра, првата година ги исполнив некаде до Јули месец, се што имав надминато ми стигна во Јануари оваа година и плус заработката од Јануари истиот лимит го исполнив веќе до Февруари месец... Од тогаш имам собрано до сега над 4.000 евра за кој што ми треба да имам фирма за да можам да си ги префрлам (поради плаќање данок е тој лимит)...
Сега бидејќи ова го работам како дополнителна работа, а плус сум вработен ме интересира дали имате искуство со отварање на фирма каде што би бил само сопственик и единствен месечен трошок да ми биде сметководител... Каков тип на фирма да основам бидејќи единствено што би имал се приливи на пари од интернет...
Фала ви на секој одговор.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
531
Поени од реакции
726
Ako ne gresam, firmata mora da e DOOEL bidejki imas prilivi od stranstvo t.e. imas promet so stranstvo.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.929
Поени од реакции
8.082
Здраво на сите
Ми треба помош од некој што има искуство... Работам како партнер со компанија од мултилевел маркетинг скоро 2 години... Заработката ми стига на интернет страна, преку нејзе си ја префрлам на девизна сметка... Годишниот лимит како физичко лице за заработка е околу 2.500 евра, првата година ги исполнив некаде до Јули месец, се што имав надминато ми стигна во Јануари оваа година и плус заработката од Јануари истиот лимит го исполнив веќе до Февруари месец... Од тогаш имам собрано до сега над 4.000 евра за кој што ми треба да имам фирма за да можам да си ги префрлам (поради плаќање данок е тој лимит)...
Сега бидејќи ова го работам како дополнителна работа, а плус сум вработен ме интересира дали имате искуство со отварање на фирма каде што би бил само сопственик и единствен месечен трошок да ми биде сметководител... Каков тип на фирма да основам бидејќи единствено што би имал се приливи на пари од интернет...
Фала ви на секој одговор.
Каков е тој годишен лимит? Не постои лимит на пари кои што можеш да ги префрлиш на девизна. Треба само 10% персонален данок да си платиш на секој прилив и немаш потреба ни од фирми ни од глупости.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Каков е тој годишен лимит? Не постои лимит на пари кои што можеш да ги префрлиш на девизна. Треба само 10% персонален данок да си платиш на секој прилив и немаш потреба ни од фирми ни од глупости.
Самата фирма има поставено таков лимит за да си биде чиста пред закон доколку не си плаќаме ДДВ...
Имам колеги, пријатели што го работат истото, имаат фирма и високи приливи меѓутоа тоа им е единствена работа и си плаќаат плус придонеси и здравство... Е сега јас бидејќи сум веќе вработен имам слушнато дека има опција за отварање фирма само со основач ама не знам која дејност како иде околу тој дел...
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.441

Подобро прашај во подфорумот право. Инаку си има трошоци фирма не знам дали ќе ти се исплати.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506
Здраво на сите
Ми треба помош од некој што има искуство... Работам како партнер со компанија од мултилевел маркетинг скоро 2 години... Заработката ми стига на интернет страна, преку нејзе си ја префрлам на девизна сметка... Годишниот лимит како физичко лице за заработка е околу 2.500 евра, првата година ги исполнив некаде до Јули месец, се што имав надминато ми стигна во Јануари оваа година и плус заработката од Јануари истиот лимит го исполнив веќе до Февруари месец... Од тогаш имам собрано до сега над 4.000 евра за кој што ми треба да имам фирма за да можам да си ги префрлам (поради плаќање данок е тој лимит)...
Сега бидејќи ова го работам како дополнителна работа, а плус сум вработен ме интересира дали имате искуство со отварање на фирма каде што би бил само сопственик и единствен месечен трошок да ми биде сметководител... Каков тип на фирма да основам бидејќи единствено што би имал се приливи на пари од интернет...
Фала ви на секој одговор.
За да не отвораш фирма пробај дали ќе завршиш работа преку Native Teams или слични.

Во врска со фирма, ќе ти треба ДООЕЛ, инаку трошоците разложени на месечно ниво ќе ти бидат околу 100-130 евра за фирмата/сметковоител/сметки и треба да си пушташ плата. Зависи од клиентите, за надвор може да ти побараат professional indemnity insurance и во тој случај дефинитивно ќе ти се исплати повеќе преку Native затоа што е ѓаол на треба (околу 7000 евра годишно со покритие до 1м, околу 13-14к до 5м).
 
Член од
16 јули 2016
Мислења
37
Поени од реакции
8
Незнам дали на точен подфорум прашувам, ако треба ќе прашам кајшто ќе ме упатите.
Имено, си имам свој мал бизнис кој е разработен и се оди преку инстаграм. Пријавена сум како занаетчија, ми тече стаж, немам фискална, не пријавувам данок.
Но, како се шири бизнисот, имам потреба да направам веб-страна бидејќи неможам никако да ги регулирам нарачките со плаќања. Изработувам нарачка -за која нема опција како да се плати однапред- и кога ќе испратам по карго низ Македонија-се дешава не само што нема да ја подигнат, туку да платам јас трошок и кога ќе им пишам, да ме стаат само на seen.
Се распаршував за страна, вордпрес, шопифај и тотално from the scratch.
Најбитно ми е да може плаќањето да си оди преку страната - си оди на страна, си нарачува, си плаќа-и јас почнувам со изработка.
Никакво познавање немам од веб страни-ни цени, ни опции -незнам од каде да почнам но мора страна да се направи.
Било каков совет, насока, штогоде, ќе биде добредојден, или да упатите некој што изработува вебстрани-па да прашам таму.
Фала дечки :oleee:
 
Ако имате своја фирма, на веб страната може да се имплементира МК систем за плаќање.

Во спротивно, има и алтернативни начини.

Заинтересирани сте за изработка на веб страна и инфо околу наплата од Ваши клиенти?

Контактирајте ме во приватна порака.
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
457
Поени од реакции
297
Здраво на сите
Ми треба помош од некој што има искуство... Работам како партнер со компанија од мултилевел маркетинг скоро 2 години... Заработката ми стига на интернет страна, преку нејзе си ја префрлам на девизна сметка... Годишниот лимит како физичко лице за заработка е околу 2.500 евра, првата година ги исполнив некаде до Јули месец, се што имав надминато ми стигна во Јануари оваа година и плус заработката од Јануари истиот лимит го исполнив веќе до Февруари месец... Од тогаш имам собрано до сега над 4.000 евра за кој што ми треба да имам фирма за да можам да си ги префрлам (поради плаќање данок е тој лимит)...
Сега бидејќи ова го работам како дополнителна работа, а плус сум вработен ме интересира дали имате искуство со отварање на фирма каде што би бил само сопственик и единствен месечен трошок да ми биде сметководител... Каков тип на фирма да основам бидејќи единствено што би имал се приливи на пари од интернет...
Фала ви на секој одговор.
Дали реално ти треба фирма, или треба да пополниш некоја форма таму кај нив, нешто како име на фирма и даночен број?
Исто, дали би ти бркало работа со Бизнис Пејпал акаунт? Да ги повлечеш парите.

@Anastasija970 најлесно е со нешто како WooComerce или Shopify.
Изработувањето на custom веб страна у принцип е многу скапа инвестиција и тоа ти го препорачувам само доколку имаш вистинска потреба од тоа.
Проблемот во МК е тоа што бројот на Payment providerи е многу лимитиран и имаме проблеми за наплата.
Јас сум користел комбинација на Shopify+Paypal и сум терал без проблем, но потребен е ЕУ пејпал.
Инаку ќе треба да бараш од банките HalkPay или CPay, а тоа е огромна главоболка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom