Не прочитав многу наназад, само 2 страни
Моето прашање е следно:
Иако често пазарувам на интернет, до сега не сум се сретнал со таа проблемтаика да мене од интернет ми исплатат.
Имам некои 30тина евра на една страна и за да ми ги префрлат на сметка ми бара некој си:
Account number:
IBAN:
SWIFT/BIC Code:
Account holder name:
Account holder full address:
Additional info:
Дали може некој од искусниве да ми каже што да барам кога ке појдам во банка, исто така освен страната што ке ми земе некој процент на сумата, дали и банката зема некој процент? Дали тоа е додатна сметка на која ке треба месечно да плаќам одржување во банка? Исто така дали УЈП ке ми бара додатен персонален данок да платам? Зошто париве фактички се мои, не верувам да се рачунаат како заработка.
Поздрав.