Запросување на плоштадот во Скопје

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Уште малце и прва брачна ноќ ќе се снима....охохохохохо чекаме :sneaky: ....


Иначе со среќа :D Девојкава плачеше како дечково од Афганистан да си дошол со Афганистанка :D
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Никако да ги разберам јавниве запросувања. Човече тоа треба да е најинтимен чин евер а не само што сите се присутни туку и објавено е на нет. Пробувам да навлеамво мотивот ама не ми иде...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Гледам разни коментари.Мене искрено ми се виде како многу интересно.А и морам да признаам,дека никогаш не би се сетил на ова.Од мене браво.(y)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Во HD 1080p е снимено :vozbud::vozbud::vozbud: :facepalm:

Дали само мене не ми е јасно, типкава веќе плаче... и типов додека плачи, ја прашува 'Дали ќе се омажиш за мене?' ... ко поново да е правено, т.е. не чинеше пред тоа, ај одново да ја прашаш :tapp: Од авион се приметува дека намерно е снимено за на YouTube.

Убаво се... ја прашал, децата се земале, нека им е со среќа.

Ама тоа што се снимаат не го оправдувам. Уште да си ги снимаат жените како се пораѓаат.. а ништо чудно и тоа да го видиме :unsure:
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе убаво за нив,само некако наместено ми изгледа. :icon_lol:

Ама ок нека им е со среќа. :)
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Многу романтишен гест.Баш ми се допадна.
Машкото се испланирало,па и фалилијата си ја донел.
Плоштадот сепак излезе убаво место и за запросување!!!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Многу романтишен гест.Баш ми се допадна.
Машкото се испланирало,па и фалилијата си ја донел.
Плоштадот сепак излезе убаво место и за запросување!!!
Сега и црква кога ќе направат тука, директно на венчавка. :D
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Баш ме интересира што ќе се десеше ако типкава речеше „не“, сигурно свекрвата атлантис чоколадцињата од глава ќе и ги акнеше. :D
Замисли го притисокот кога свекрвата е тука. Паметен младич нема кај да бега девојката. Затоа јас ако барам некого за маж си го земам татко ми под рака, па иди нека каже "не" да го видам :pos:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Интересно, ама вака од страна. Публиката беше вишок. Но како и да е нека им е со среќа.
Јас сакам интимно, значи само ние двајца без никакви камери, публика или пак јавно на плоштад или било каде кај што има многу луѓе.
 
Член од
9 септември 2010
Мислења
26
Поени од реакции
4
Не секој има храброст за да го направи ова на овој начин.Секоја чест,иако јас не би сакала вака пред камера :)Немора да се снима и сите да го видат тоа,доволно е тоа што тие ќе го памтат тој момент цел живот.
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Се добро, но според мене и со сваровски кристали да ја запроси ако е одглумено ради интерес или лоша намера а лоши намери ги има милион , тогаш џабе е. А овие некако искрено ми делуваат

Честитки до нив.

Јас имам само една несреќа. Секој кој ќе го засакаш го уништувам. Така да нема шанси за свадба моја никаде никогаш .... -.-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom