Запознај ја Македонија - туристички водич

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Дали знае некој да ми каже како се стигнува до езерото Козјак од Скопје ? Дали постои пат до таму и колку км е далеку ? Фала однапред
Има асфалтен пат.
Ако си бил до Марков манастир, тоа е истиот пат (за Маркова Сушица вртиш лево, а за Козјак продолжуваш право.
Ако не си бил, тогаш тргни кон Драчево и пред мостот, пред самиот влез во населбата, сврти десно.
Има вкупно околу 30-35 километри.Не знам дали функционира патот преку Сопиште-Соње-Света Петка...

Инаку, во околината на Скопје - Патишка Река. Многу живописно селце, со многу викендички, сместени во кањонот на истоимената река. Во близината е Базгунската пештера, а во позадина во секое време се гледа Солунска глава. Се стигнува по истиот пат како за на езерото Козјак, со тоа што се скршнува лево неколку километри пред браната (има патокази).
За жал, во Патишка река нема ресторани, но кога јас бев таму последен пат, сопствениците на викендичките беа исклучително гостољубиви и ни понудија место за подготовка на скара/ручек.

Не знам дали сеуште постои планинарскиот дом Китка, мислам дека го запалија 2002/03?
Инаку, местото е фантастично - се стигнува по шумска патека од селото Горно Количани (дотаму се стигнува со автобус на ЈСП). Кога јас ја одев оваа патека, тоа беше во склоп на еден меморијален марш, ова време од годината отприлика.

За други места во Македонија: Во Брајчино не сум бил одмана, ама последниот пат бевме поголема група, сред лето. Бидејќи бевме прилично расположени, знаевме да напраиме по некоја седенка, а и да им исполниме по некоја музичка желба на иселенците дојдени на одмор.Цело време пиевме на туѓа сметка (од што инсистиираа да не` почестат, а и да се наддаваат еден со друг - еден повратник од Америка, друг од Австралија, трет од не-знам-каде) :)
На крајот на селото има традиционален македонски ресторан со домашни специјалитети - одличен избор.
До Големо Езеро на Пелистер од Брајчино се стигнува после 5-6 часа пешачење, кое вреди за сите очи.
После спиење во планинарскиот дом (пожелно е да се резервира), вреди човек да се симне до Нижеполе и потоа до Дихово кај Перо (и порано сме го спомнувале на форумов).

Доста е како за „од прва“. :)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Требенишко езеро нов рај за рибарење

Среда, 26 Јуни 2013 09:45

Охридските Рибари од како го изгубија Слатинското сега рибарат на Требенишкото езеро.

Езерото Требениште се наоѓа на исток од селото Требеништа на околу 1 км. од центарот на селото и околу 10-тина километри од Охрид. Езерото е природно, настанало пред околу 50 години кога од ридот Габер ( каде се пронајдени златните маски) дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према селото Требеништа и се вливал во каналот на река Сатеска.
Рибарот Радован Димитриески со уловен крап на Требенишко езеро.

Езерото се протега исток-запад. Должината изнесува околу 250 м. а ширината околу 80 м. Максималната длабочина изнесува околу 5 м, акумулира околу 30.000 м3 вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 м во висина. Северниот и западниот брег се пострмни а јужниот и источниот се поблаги. Во езерото се влива поток кој доаѓа од Горно Поле од источната страна, а од езерото истекува поток кој извира под самото лизгалиште и се влива во каналот на река Сатеска. Езерото е доста погодно и привлечно за рекреативен риболов. Водата во езерото е полуматна типично за крајбрежно-изворски езера.
- Езерото е рај за рекреативни риболовци и можат да се ловат крупни примероци на крап и јагула а од бела риба застапени се писа, клен, грунец, моранец, плашица како и црната балканска мрена - вели Радован Димитриески, автор на риболовната карта на Македонија.
Дополнително е порибено со рибата од Слатинско езеро која е префрлена за да се избега еколошка катастрофа, со околу 500 примероци на крап со тежина од 300 грама до 1 килограм.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Белчишки_Син_Вир
Screenshot_1.png

Пехчевски водопади?

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Некој да објасни каде поточно се наоѓа Скачковце т.е манастирот Св. Троица? Значи селово кај се наоѓа поточно во Куманово ли е или после Куманово и како да се стигне до манастирот.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Сакам да одам на Смоларски и Колешински водопади. Има таму вили, мотелчиња нешто за сместување во близина ?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сакам да одам на Смоларски и Колешински водопади. Има таму вили, мотелчиња нешто за сместување во близина ?

http://www.podgorskian.com/

Во овој мотел имам јадено амбиентот е меански нешто во стилот стара македонска куќа. Какви се сместувачките капацитети и цените незнам. Од овдека во радиус од 5 километри ти се и Колешинските и Габровските водопади. Исто така и бањата Банско (која во меѓувреме е во очајна состојба) но одма до бањата се наоѓат ископини на бања од римски период според мене вреди да се фрли поглед. А ако сте за добар пикник и скара би ги препорачал мокринските извори. Смолари е малку подалеку незнам точно но мислам дека се некој си 15 до 20 километри а се оди по патот Колешино Мокрино потоа се свртува кон Ново Село. Инаку Смоларските водопади не се за со мали дечиња бидејќи има многу скали и доста е напорно за пешачење. А самото место на водопадите е доста тесно но навистина убаво. Колешинските водопади се многу по питоми а на самите водопади има видиковци и места за седење.

За друго место незнам освен сместувачките капацитети во Банско.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Некој да објасни каде поточно се наоѓа Скачковце т.е манастирот Св. Троица? Значи селово кај се наоѓа поточно во Куманово ли е или после Куманово и како да се стигне до манастирот.
Со мало (или големо) закаснување да ти кажам.Селото е близу Куманово,на патот Куманово-Св.Николе.Се исклучуваш од Куманово и према Св.Николе после нас.Доброшане едно 10-тина километри..има. Има знак покрај патот си пишува.Е тука се исклучува десно по спореден пат,на почетокот има млин и се вози по спореден пат низ брдо..километар-два.Лесно се наоѓа. Местото и манастирот е преубаво нешто за одмор.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
http://www.podgorskian.com/

Во овој мотел имам јадено амбиентот е меански нешто во стилот стара македонска куќа. Какви се сместувачките капацитети и цените незнам. Од овдека во радиус од 5 километри ти се и Колешинските и Габровските водопади. Исто така и бањата Банско (која во меѓувреме е во очајна состојба) но одма до бањата се наоѓат ископини на бања од римски период според мене вреди да се фрли поглед. А ако сте за добар пикник и скара би ги препорачал мокринските извори. Смолари е малку подалеку незнам точно но мислам дека се некој си 15 до 20 километри а се оди по патот Колешино Мокрино потоа се свртува кон Ново Село. Инаку Смоларските водопади не се за со мали дечиња бидејќи има многу скали и доста е напорно за пешачење. А самото место на водопадите е доста тесно но навистина убаво. Колешинските водопади се многу по питоми а на самите водопади има видиковци и места за седење.

За друго место незнам освен сместувачките капацитети во Банско.

Фала многу за инфорацијава.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Каков е патот до таму?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Каков е патот до таму?

Одличен. Има две можности Струмица, Куклиш, Свидовица, Банско, Колешино овој пат е нов единствено патот во селото Куклиш не е баш но тоа се најмногу еден километар. Овој пат го препорачувам затоа што е побрз и пократок плус цело време се вози во подножието на Беласица.

Има варијанта Струмица , Дабиле , Робово, Муртино, Банско, Колешино. Овој пат е постар и потесен.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590
Солунска Глава преубаво место. Прекрасни пејсажи ,чист воздух + и ако си со екипа - милина.

https://www.facebook.com/PlaninarskiDomCeples2013
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 00:09 ---
Солунска Глава преубаво место. Прекрасни пејсажи ,чист воздух + и ако си со екипа - милина.

https://www.facebook.com/PlaninarskiDomCeples2013
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
koe e meraklija za vo planina moze vo mihajlovo da trkne
okolu 30km od kavadarci,moze i da si prespie ima hotel :)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
kako da ti objasnam olimpija. Toj pat sto vodi do mihajlovo e vsusnost patot za kozuv planina i povrzuva okolu 10tina sela od kavadarecko
patot e ubav i asfaltiran, inaku ne e hotel tuku motel (letno odmaraliste) za decata preku leto odat.
na samata granica so grcija se naogja mihajlovo[DOUBLEPOST=1394006927][/DOUBLEPOST]da ti pomognam uste malce
odi na google earth i napisi KONOPISTE MACEDONIA i ke te odvede vo seloto konopiste,a mihajlovo se naogja pred seloto okolu 5 6 km i visoko vo planina ima i sliki na google earth moze da vidis
 
Последно уредено од модератор:
Член од
19 март 2014
Мислења
2
Поени од реакции
3
во многу брзо време ќе биде пуштена во употреба веб страницата kulturni-nastani, на неа се заведени голем број културно-историски обележја и природни убавини, али доколку имате дополнителни прашања слободно обратете се до мене. Се надевам не кршам ниедно правило на кајгана форумите со поставување на линк. Се извинувам однапред. Се најдобро при запознавање на убавините на нашево мало парче земја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom