значи да се надоврзам дека мислењата се поделени, некои го подржуваат facebook, некои го колнат, јас сум од вторите, проблемот е во тоа што голем дел го злоупотребуваат, особено женскиве, кои со напрчени муцки, подизваени цициња и голо газе( да не го заборавиме и фотошоп) со лајковите и коментарите си фураат лажна цена и самодоверба до небо, а ко ке ги видиш низ ноќните клубови само вртат кругови, чачкат во телефонот божем некој им пиши и си бегат дома растажени и депресивни оти никој не му се пуштил, е оти де. Одат со носот в облаци, корпосват се живо диво, и после го немало принцот на бел коњ да дојди, само стада коњи иделе. А овие па машките ги гледаш ги сликал стомачните или бицепсот и ги турил на профилна, детска радост. Од тие парови што се пронашле на фејс најчесто станува збор за некои повлечени индивидуи што не се баш социјализирани и комуникативни. Сега да ја откријам тажната вистина. Машките по фејс-ов бараат некоја добра риба која не се срами да ги покажи јавно своите атрибути и мислат дека ако им биде прифатена понудата за пријателство, и стават 20 лајкој кај што позира, неколку коментари и приватна порака у типот, Ауу маче колку си добра, ајде со мене на кафе у понеделник, дека оваа ке загризи и ке се кердосаат. Женскиве па пребирлии со оглед на фактот дека штом се најават им пишат сто пендраци истовремено и вооглавноо не ги рецкаат баш, бараат и тие некој што на профилна е сликан со некоја манекенка и е лајкнат 200 пати, каверот му е на море со три швеѓанки лајкант 300 пати, а редовно е тагиран со еден куп пријатели и пријателки, по разни локации и настани. Решение да го избришиш никој нема да те следи, да го саботираш целиот неможиш, остана уште да се надеваме дека ке почни скапо да се наплаќа користењето од другата година