Абе на фб се сите манекенки, сите лепотици/лепотани, нема дебели, чунки само главата сликана на секоја слика и троа опраена со ауто алатките на инстаграм/фотошоп оти на некои не му врти за повеќе од тоа, пред компјутер сите знаат се и мислиш нема глупи луѓе, али тоа е додека им е отворен чичко гугл пред нив. Затвори гугл да читаат и оп, дигната рачната, не зборува сама устата, ако не си ставил во тиквата нема од каде да црпиш информации.
Тука сите чесни и поштени, никој не кради, никој не лажи, никој не е партиски поттрчко, арно ама во реалност процентот на таквите е доста мал.
Не ги плукајте и исклучувајте ниедна опција, можеби баш тие што ги плукате социјалните мрежи да стапите за прв пат во контакт баш таму, со некој/некоја ќе имате нешто повеќе и подолго понатаму.
На социјални мрежи е добро за почетен контакт, ако ви изгледа интересно гледајте да се видите и во живо за краток период, таму ќе процените многу повеќе, а социјалните мрежи се одлични за прв контакт, бидејќи и да сакате поинаку со одредени личности немате услов да го изведете почетниот контакт.