Закон за трансплатација на органи

  • Креатор на темата Господ
  • Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Спомна ли некој дека целиов овој процес т.е умирачката треба да биде во болница каде што ќе може да ги зачуваат органите за да ги употребат подоцна? Инаку кога веќе би дошло да се умира по болници, гарант ќе се најде некој кој ќе ја спомне опцијата твоите органи да одат кај друг. (се разбира зависно од причината заради која би се нашол таму)
 
Г

Господ

Гостин
Законот НЕ е хуман.
Законот е бизнис.Трговија со органи.Фејс ит.Народов врие неписмени и голем број нема ни да знаат за законот.Мене не ми е гајле што ќе прават со МОИТЕ органи ама да видите каква убава пара ќе се врти од органите на тие што ќе умираат.
Ќе исфејкаат природна смрт и ќе го распродадат.
Државна болница ќе се претвори во замокот на Франкенштајн.
@rossonerka Колку што слушнав денес на вести законов е стапен во сила ама ете можеби не сум разбрал добро.Се надевам дека е така.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

можеби си во право за ова ..
ни сме свесни доволно ни пак професионални за оваква работа ..

мито и корупција владее по здравството .. за ситни пари .. не пак за големи пари ... ќе те спичкаат ич нема да им чуе ..
не дека и денекса нема такви работи ... само тогаш се би било легално .. доволно е да те умрат ...

патем .. ако постои професионалност и свест ... добар е законот ... после смрт на никој не му требаат органите а е добра можност да се спаси нечиј живот ...

но сепак .. не верувам во нашето здравство ..

Едит: не во здравството .. туку во вработените ..
 
Г

Господ

Гостин
можеби си во право за ова ..
ни сме свесни доволно ни пак професионални за оваква работа ..

мито и корупција владее по здравството .. за ситни пари .. не пак за големи пари ... ќе те спичкаат ич нема да им чуе ..
И не само тоа.Што мислиш кој прв ќе добива право на трансплантација поболниот или побогатиот?
 
М

Мартин`

Гостин
Законот НЕ е хуман.
Законот е бизнис.Трговија со органи.Фејс ит.Народов врие неписмени и голем број нема ни да знаат за законот.Мене не ми е гајле што ќе прават со МОИТЕ органи ама да видите каква убава пара ќе се врти од органите на тие што ќе умираат.
Ќе исфејкаат природна смрт и ќе го распродадат.
Државна болница ќе се претвори во замокот на Франкенштајн.
@rossonerka Колку што слушнав денес на вести законов е стапен во сила ама ете можеби не сум разбрал добро.Се надевам дека е така.
Да се согласувам за законов дека е глуп зошто X особата треба да пријави дека сакаш да ги донираш органите после смрта, а не да пријавуваш дека не сакаш да ги искористат органите. Да треба корекција но сепак законов ќе биде еден од подобрите со мала корекција.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
И не само тоа.Што мислиш кој прв ќе добива право на трансплантација поболниот или побогатиот?
Побогатиот се разбира! Толку и во тоа е проблемот со законот, кој навидум изгледа како да е добар и хуман, но во суштина е многу подмолен и е еден голем бизнис проект со човечки органи! Македонија може да се претворри во луксузен шопинг центар за органи!
Јас не би имала ништо против моите органи после смртта да спасат некој друг човечки живот, ама се плашам дека тоа е невозможно во оваа жална земја...
 
Г

Господ

Гостин
Да се согласувам за законов дека е глуп зошто X особата треба да пријави дека сакаш да ги донираш органите после смрта, а не да пријавуваш дека не сакаш да ги искористат органите. Да треба корекција но сепак законов ќе биде еден од подобрите со мала корекција.
Законот нема да трпи промени.Законот е така дизајниран за да од него се извлече максимумот.Законот е генијален.

--- надополнето ---

Јас не би имала ништо против моите органи после смртта да спасат некој друг човечки живот, ама се плашам дека тоа е невозможно во оваа жална земја...
Абе твоите органи ЌЕ спасат НЕКОЈ.Али тој некој ваљда ќе биде некој 65 годишен расшкебен педофил парајлија а не 17 годишен сиромашен ученик во музичко.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Зошто моите органи да се распаѓаат откога ќе умрам кога со нив можам да спасам живот,а мене и онака нема да ми користат.Да беше ваков закон донесен во некоја развиена европска земја или во САД одговара.Но во Македонија?Каде во Македонија можам да направам трансплантација на органи?Доколку овој закон стапи на сила ќе има многу криминал со органи.Например ако некој остави срце или бубрези најверојатно ќе биде дека некој лекар ќе ги продаде на некој кој се бави со трговија на органи.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ме "фасцинираат" размислувањата, ќе продавале органи, 65 годишни педофили, во кој мафијашки морбиден филм сте влегле!
Во принцип, не се согласувам со тоа да треба да потпишеш дека не сакаш, обично оди обратно, но нашиов менталитет е чуден, па никој не би се откажал од нешто свое иако не може да му користи после смртта.
Прво, законот не може да е само за тоа дека ако умреш ти ги разграбуваат органите. Сигурно има одредби и за тоа кој ќе ги добива, како ќе функционира тоа и сл.
Не се филмајте дека органите ќе се купуваат и продаваат како пипер во септември. Постојат правила кои мора да се следат инаку нема да постои воопшто програма за трансплантација во Македонија. Докторите и здравството, колку и да се корумпирани, не смеат да прават малверзации со трансплантација на органи, инаку ќе бидат јавно распнати, со уништена кариера и во затвор. Верувајте, за другите работи може не е така, ама за трансплантација постојат СТРОГИ правила кои се на меѓународно ниво и МОРА да се почитуваат, во спротивно програмата се затвара и луѓе умираат чекајќи да им се одобрат трансплантации во странство. За Македонија да учествува во тие меѓународни програми за трансплантација, мора да има и локална база на донори. Наједноставно претставено би дошло како размена на органи на меѓународно ниво. Не "траат" органите по пола саат-саат и не се прави тоа така филмски како што очигледно имате стекнато впечаток (веројатно од House и Grey's anatomy). За да може ние во Македонија да повлечеме орган од странство, мора да постои можност да и странските бази потенцијално добијат орган од тука. Морбидно звучи, ама така функционира. Едно што ретко кој би сје*ал меѓународна програма, а друго што едноставно не може да си го земат бубрегот во фриго ќесичка и да го прошверцаат скриен во гаќи.
Мислите така се продаваат органи. Така само во Индија, а сепак, ние сме на маааалце повисоко ниво од Индија.
Патем, јас ниту сум 65 годишен богат педофил, ниту корумпирав некој, ниту моите се припадници на Рокфелер лозата, па бев ставена регуларно на листа и еве ме сега. Исто така, познавам уште неколку луѓе за чија трансплантација ниту беше некој убиен, ниту "купија" органи.
На се' мора да се исплука, што мрчало народ ќе бевме. Излезете од Бал-кан-кан филмот, не е толку лесно да се продаде орган и да се изманипулира целиот систем, а и не сум слушнала некој да се разбудил без еден бубрег и со чуден рез на грбот.
 
Да.Обратно е.Сите наопаку само ние терсене.А добро што мислиш зошто е така дизајниран законот?Да мораш да потпишеш ако не сакаш.Зошто баш таков чуден пристап?

Хах.Едно е законот во теорија а друго се спробедува по пракса.Законот вели дека ако не потпишеш ти летаат органите.И онака си мртов/ва.Кој те прашува?

Не се филмајте дека органите ќе се купуваат и продаваат како пипер во септември. Постојат правила кои мора да се следат инаку нема да постои воопшто програма за трансплантација во Македонија. Докторите и здравството, колку и да се корумпирани, не смеат да прават малверзации со трансплантација на органи, инаку ќе бидат јавно распнати, со уништена кариера и во затвор.Верувајте, за другите работи може не е така, ама за трансплантација постојат СТРОГИ правила кои се на меѓународно ниво и МОРА да се почитуваат, во спротивно програмата се затвара и луѓе умираат чекајќи да им се одобрат трансплантации во странство. За Македонија да учествува во тие меѓународни програми за трансплантација, мора да има и локална база на донори. Наједноставно претставено би дошло како размена на органи на меѓународно ниво.
А колку ли само често луѓе умираат по болниците заради негрижа на докторите?Нит некој оди во затвор нит ништо.Све може да се заташка па и ова.Здравството ни е катастрофа,нема шанси оваа програма да функционира така лизгаво.Всушност ќе функционира али начинот на функционирање е неетички.

Мислите така се продаваат органи. Така само во Индија, а сепак, ние сме на маааалце повисоко ниво од Индија.
Споредба ако индија е 1 ние сме 1.12

Патем, јас ниту сум 65 годишен богат педофил, ниту корумпирав некој, ниту моите се припадници на Рокфелер лозата, па бев ставена регуларно на листа и еве ме сега. Исто така, познавам уште неколку луѓе за чија трансплантација ниту беше некој убиен, ниту "купија" органи.
На се' мора да се исплука, што мрчало народ ќе бевме. Излезете од Бал-кан-кан филмот, не е толку лесно да се продаде орган и да се изманипулира целиот систем, а и не сум слушнала некој да се разбудил без еден бубрег и со чуден рез на грбот.
Не значи дека секој купува органи или убива но зошто воопшто да ги има.Законот ќе биде на место ако кој сака да донира потпишува а не обратно.
Не плукаме туку критички гледаме на работите.
Кај се сите деца што ги снемува од по затуцанине места?Кај ги снемува бездомницине?Или ако не е на ТВ не постои не?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ме "фасцинираат" размислувањата, ќе продавале органи, 65 годишни педофили, во кој мафијашки морбиден филм сте влегле!
Во принцип, не се согласувам со тоа да треба да потпишеш дека не сакаш, обично оди обратно, но нашиов менталитет е чуден, па никој не би се откажал од нешто свое иако не може да му користи после смртта.
Прво, законот не може да е само за тоа дека ако умреш ти ги разграбуваат органите. Сигурно има одредби и за тоа кој ќе ги добива, како ќе функционира тоа и сл.
Не се филмајте дека органите ќе се купуваат и продаваат како пипер во септември. Постојат правила кои мора да се следат инаку нема да постои воопшто програма за трансплантација во Македонија. Докторите и здравството, колку и да се корумпирани, не смеат да прават малверзации со трансплантација на органи, инаку ќе бидат јавно распнати, со уништена кариера и во затвор. Верувајте, за другите работи може не е така, ама за трансплантација постојат СТРОГИ правила кои се на меѓународно ниво и МОРА да се почитуваат, во спротивно програмата се затвара и луѓе умираат чекајќи да им се одобрат трансплантации во странство. За Македонија да учествува во тие меѓународни програми за трансплантација, мора да има и локална база на донори. Наједноставно претставено би дошло како размена на органи на меѓународно ниво. Не "траат" органите по пола саат-саат и не се прави тоа така филмски како што очигледно имате стекнато впечаток (веројатно од House и Grey's anatomy). За да може ние во Македонија да повлечеме орган од странство, мора да постои можност да и странските бази потенцијално добијат орган од тука. Морбидно звучи, ама така функционира. Едно што ретко кој би сје*ал меѓународна програма, а друго што едноставно не може да си го земат бубрегот во фриго ќесичка и да го прошверцаат скриен во гаќи.
Мислите така се продаваат органи. Така само во Индија, а сепак, ние сме на маааалце повисоко ниво од Индија.
Патем, јас ниту сум 65 годишен богат педофил, ниту корумпирав некој, ниту моите се припадници на Рокфелер лозата, па бев ставена регуларно на листа и еве ме сега. Исто така, познавам уште неколку луѓе за чија трансплантација ниту беше некој убиен, ниту "купија" органи.
На се' мора да се исплука, што мрчало народ ќе бевме. Излезете од Бал-кан-кан филмот, не е толку лесно да се продаде орган и да се изманипулира целиот систем, а и не сум слушнала некој да се разбудил без еден бубрег и со чуден рез на грбот.
Значи државата превентивно делува поради нашиот менталитет и носи закон од типот “bring on the butchers on...someone is dead„...
Како шо напомена Смекси треба да се земат во предвид стотиците лица кои ги исчезнуваат и никој никогаш не дознава што им се десило...
Митот со лузната и бурегот е грешен...бубрези има но лузна нема...нема ни леш...го изела црната земја некаде...

Веројатно ќе никнат клиники во Малешевијата некаде...со високи огради,камери,приватно обезбедување,добермани...во кои ќе завршуваат по неколку лица месечно кои заборавиле да потпишат.После сручно месарење на џигери,бубрези,кичмена мождина,бели дробови,кожа и све она што може да се употреби...ќе бидат сошиени нашминкани и пратени кај ожалостената фамилија.
Ако таква фамилија нема во равенката - крематориум во подрумот...
И органите ќе си го најдат патот низ соодветните законски дупки...или пак не мора ни да се замараат...со овој закон лешот е своина на државата веќе...

Дали Косово е Индија...жолтата соба ти текнува?
А Косово е тука...на 50 км...

Да.Обратно е.Сите наопаку само ние терсене.А добро што мислиш зошто е така дизајниран законот?Да мораш да потпишеш ако не сакаш.Зошто баш таков чуден пристап?

Хах.Едно е законот во теорија а друго се спробедува по пракса.Законот вели дека ако не потпишеш ти летаат органите.И онака си мртов/ва.Кој те прашува?

Не значи дека секој купува органи или убива но зошто воопшто да ги има.Законот ќе биде на место ако кој сака да донира потпишува а не обратно.
Не плукаме туку критички гледаме на работите.
Кај се сите деца што ги снемува од по затуцанине места?Кај ги снемува бездомницине?Или ако не е на ТВ не постои не?
Уште еден во низата закони кои се поблиску ни ја внесуваат директ во фаца Орвеловата држава и големиот брат...
Можеби проектот 2014 е нешто како 1984...:(
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@AlternativeF ,изгледа не си свесен кај живееш и што се се случува во оваа држава.
Здравството е невидена мафија а ваков закон е само чекор кон уште поголемо профитерство и злоупотреба.Така да мотивот е далеку од хуман
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Знам дека реков дека ќе отсуствувам малку но предмалку нешто ми го прливлече вниманието.
Само што чув на вести и не ми се веруваше па погуглав и видов дека одамна е замислен а сега и стапен на сила закон кој вели:
"Предлог законот идната недела ќе биде доставен до министерството за здравство, каде може да претрпи измени, а потоа ќе се најде пред пратениците." (од http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nov-zakon-za-transplantacija-na-organi-i-koskena-srcevina иако коскената срцевина не се зема од починати).
Плус, "Граѓаните, пак, ќе треба да имаат картичка дека се за таквата иницијатива, а картичката, најверојатно, ќе можат да ја подигнат кај матичните лекари со што тие стануваат потенцијални донатори." (од http://www.time.mk/read/8904e4ab37/e8de13acc3/index.html).
И "“Едно е носење на драфт верзија, а друго имплементација која ја покренува Министерството за здравство, но доколку се одвива со оваа динамика и законот се донесе, кон крајот на годината ке почнеме со негова имплементација“, рече Чадиковски." (http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=73837&kategorija=1)
Before panicking, google it :smir:
Штотуку ја слушав веста и читав статии, ова е само ПРЕДЛОГ закон кој ќе биде доставен до министерството за здравство, каде што ќе претрпи измени, а потоа министерството за здравство ќе го достави до собранието каде треба да биде изгласан (и каде повторно може да биде изменет). Дебилноста на предлогот да сите бидат донори освен ако не потпишат со 90% сигурност ќе биде изменета.
Значи, по втор пат, ПРЕДЛОГ закон е! Всушност, ДРАФТ верзија на ПРЕДЛОГ закон! Не е стапен во сила. Безбедни ви се бубрежињата at the time being :smir:
 
S

skywalker12

Гостин
јас сум за...барем некој живот ке спасиме...е сеа дали ќе ги оставаат пациентите да умираат намерно,за своја корист, ќе покаже статистиката...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom