Закон за забрана на пушење

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.792
Зборуваме за наводните двојни аршини а не за причините на забраната, од тој аспект мојот пример е добар колку и твојот (не е). Да зборувавме за причините, ќе се согласев дека нема логика тутунот да не е целосно забранет, кога (на пример) ганџата е забранета. Едноставно е како што е, проблеми постојат, само не се таму каде што ги бараш.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.783
Поени од реакции
21.188
самиот човек. потешко е да го спречиш сам на себе да си наштети. затоа го праќаш надвор да пуши каде што другите посетители нема да пушат со него заедно. тоа се вика елиминирање на ризикот.
во HSE има неколку правила за заштита на здравјето на работниците:
прво и најосновно, ако немора да биде ризикот најбоље. тоа би било да нема дим од цигари па да се трујат вработените во локалот.
второ е да се замени со помалце опасен ризик. можеби овие електронскиве цигари vapping. ама па за нив има друга заебанција, се додека не се докаже дека се безбедни по здравјето,нема да се дозволат во затворени простории. порано тежиштето беше да докажеш дека нешто е штетно па да го исфрлиш од употреба/оптек. сега е обратно, прво мораш да докажеш дека е безбедно,па да го пуштиш во оптек/употреба/промет. ама тоа во нормални земји. во земји како нашата, докажана канцерогена материја ќе враќаме назад на работното место заради божемен пад на профитот на сопствениците. браво.
трето е инжињерски контроли. физича поделба, јака вентилација итн. заборави на овие контроли бидејќи ова е земја од 3тиот свет а тоа све кошта пари и ниеден газда нема да инвестира во тоа.
4то и последно е лична ХТЗ. ако после првите 3 нивоа,сеуште има опасност-чад од цигари. тогаш одиш на индивидуална заштита на секој вработен. во конкретниов случај-маска за дишење со соодветни филтри за канцерогените материи во чадот од муштериите.пошто кеифот на муштериите не смее да трпи.
значи да резимираме. од најефтината и најефикасната заштита на вработените-да се пуши надвор од локалот. ние се враќаме во 19ти век со тоа што ќе воведеме канцерогени материи на работното место ради профитот на газдите. генијално
Вака по опширниот одговор се си мислам дека не ми го сфати баш прашањето. Ајде ке ти го повторам уште еднаш ама читај внимателно.
Да дефинираме што се тоа го загрозува здравјето на човекот. Чадот од цигари го загрозува така ?
Само чадот од цигари го загрозува здравјето на човекот? Чадот од на пример моторите со внатрешно согорување не го загрозуваат здравјето? Генетски модифицирана храна не го загрозува здравјето на човекот? Вирусот на сида не го загрозува здравјето на човекот ?
Сега појасно ти е прашањето?
Можи една листа на топ загрозувачи на здравјето барем според тебе.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
кај мене собата за пушење се вика тераса или балкон.[DOUBLEPOST=1509410594][/DOUBLEPOST]
Вака по опширниот одговор се си мислам дека не ми го сфати баш прашањето. Ајде ке ти го повторам уште еднаш ама читај внимателно.
Да дефинираме што се тоа го загрозува здравјето на човекот. Чадот од цигари го загрозува така ?
Само чадот од цигари го загрозува здравјето на човекот? Чадот од на пример моторите со внатрешно согорување не го загрозуваат здравјето? Генетски модифицирана храна не го загрозува здравјето на човекот? Вирусот на сида не го загрозува здравјето на човекот ?
Сега појасно ти е прашањето?
Можи една листа на топ загрозувачи на здравјето барем според тебе.
ахам,значи бидејќи чадот од цигарите не е единствениот загадувач.
тоа е доволна причина пак да се воведе назад на работното место?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.783
Поени од реакции
21.188
кај мене собата за пушење се вика тераса или балкон.[DOUBLEPOST=1509410594][/DOUBLEPOST]
ахам,значи бидејќи чадот од цигарите не е единствениот загадувач.
тоа е доволна причина пак да се воведе назад на работното место?
Не го реков тоа туку само те замолив една листа да направиш на топ загрозувачи на здравјето на човекот и тоа според тебе. Нешто што упорно го избегнуваш со ефтини финти. Не ти ни барам да се научно поткрепени, онака баш според тебе. Е па повели топ 10 листа на најголеми загрозувачи на здравјето на човекот.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Не го реков тоа туку само те замолив една листа да направиш на топ загрозувачи на здравјето на човекот и тоа според тебе. Нешто што упорно го избегнуваш со ефтини финти. Не ти ни барам да се научно поткрепени, онака баш според тебе. Е па повели топ 10 листа на најголеми загрозувачи на здравјето на човекот.
темата е чадот од цигарите.а не релативизација со правење листи на сите можни загадувачи на планетава.
ти имаш ли аргументи зошто треба да се врати канцероген чад назад на работното место?
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Денеска имало јавна расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето.

Пратеникот Томислав Тунтев образложувајќи го предлогот нагласи дека целта е бришење на дел од еден став од законот кој го дефинира просторот надвор од угостителскиот објект и дека воопшто не станува збор за дозволување на пушењето таму каде што е забрането или ускратување на правата на непушачите, ниту за легализација на диви објекти.
Сите да имат исти услови, односно делот што е надвор од објектот, делот што е тераса, летна бавча, што е дефиниран дека мора да биде отворен од три страни и покриен или затворен од три страни или откриен, пушењето каде што и сега е дозволено, да не зависи од моменталните метеоролошки услови, рече Тунтев.
Мене болдиранава реченица ме буни, дали тоа значи дека голем број на кафичи и барови за храна ќе мораат да ја остранат едната страна од заштитната церада?
Затоа што во поголемиот број на кафичи, зимно време терасите се целосно затворени со најлонски церади и внатре е пушница.

Еве дел од ставовите од јавната расправа:
Д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје која е вклучена во изработката на повеќе студии на СЗО за употребата на тутунот кај тинејџери од 13 до 15 години, рече дека во изминатите години кај младите се бележи значително намалување на пушењето.

– Не можеме да поддржиме нешто што можеби во иднина ќе се одрази неповолно на резултатите што досега ги имаме постигнато кај децата, затоа што сметаме прогресивно дека тие деца ќе пораснат. Ако ние продолжиме добро со овој тренд за непушачи кај деца, тие ќе продолжат да бидат непушачи како возрасни, рече Ќосевска.

Од здруженијата за респираторни заболувања посочија дека 15 различни болести и десет видови канцер се поврзуваат со пушењето и дека лекувањето на пациентите е поголем товар за буџетот отколку превенцијата. Укажаа на опасноста од терцијарното пасивно пушење односно дека подеднакво штетни се и честичките од чадот на нивната облека додека поминуваат во просторија каде што се пуши.
Кардиологот Јорго Костов рече дека законот не треба да се либерализа, туку да се надгради за целосно одвикнување од пушење.
– Со овој предлог се подотовора вратата за потоа да има друг чекор назад. Затоа сум за нулта толеранција. Кога му е загрозен животот од акутен инфаркт, тој веќе не мисли во каква тенда ќе седне, туку веднаш ги остава цигарите, рече Костов.
Угостителите нормално ги интересира бизнисот, а здравјето не ги интересира доколку и на клиентите не им е битно.



Целиот текст може да се прочита тука.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.848
Важно, уште пред да се измени Законот, а ќе се измени сигурно, се пуши во некои кафулиња како да немало забрана. Во тек се со настаните
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Дали е нешто променето во законот што се тера вака кампања по медиуми и петиции?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Дали е нешто променето во законот што се тера вака кампања по медиуми и петиции?
Секаде почна да се пуши, практично и таму кај што се јаде. Законов е никаков.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Дали е нешто променето во законот што се тера вака кампања по медиуми и петиции?
Не, ама околу празнициве најмногу се излегува, и излегуваат луѓе што иначе ретко одат во кафани и ресторани, а оваа година веќе е врв на непочитување на законот, претерано е затоа што никој нема никаква одговорност, пуштено е безаконието на најсилно.

Порано имаше одредени ресторани каде се знаеше дека нема шанси да се пуши, и имаше каков-таков ред, кој сакаше мирна вечер без да мириса на манџа и дим одеше на едно место, кој сакаше да лумпува без правила до 4 сабајле одеше на друго место. Сега нема веќе.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Имаше во 2018 некои измени од сегашнава влада памтам се пишуваше по медиумите, дека го направија малце полабав законот за пушење односно се дозволи пушење во тераси/платформи ама угостителиве видоа дека инспекторите воопшто не ги замараат за законов па дозволија секаде да се пуши

Петицијава вчера кога се потпишав имаше под 1000 сега веројатно до вечер и 20.000, и телевизииве почнале да пренесуваат така да се надевам ќе има ефект

Сега едно испаѓање во кафич и се ти корне труе на цигари мора одма во машина
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Болештија народ сме со цигариве, нема универзум каде што ова е нормално. Ко минус да ќе ви пишат ако не запалите ебате.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Во секој кафиќ, ресторан, сендвичара, паланчикара се пуши. Па дури и влегуваат и нудат цигари на промоција по кафиЌите. Како после да не пушиш. :love:
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
Болештија народ сме со цигариве, нема универзум каде што ова е нормално. Ко минус да ќе ви пишат ако не запалите ебате.
Кафе без цигар е као... ај да не се изразуам :D
По кафиќи е ок, по кафани, ресторани итн не е ок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom