Никаде не треба да се пуши во затворен простор. Нема врска дали е кафич, кафана, ресторан или нешто друго. Ужасно е да си непушач а да мораш да седиш во место каде се пуши на велико и да мора да трпиш. Баш пред некој ден ми се случи ова. Седевме со друштво во еден билијард клуб. До скоро беше забрането пушењето како во секој локал. Сега веројатно пошто не е во центар на градот и не го сметаат за кафич (а реално е, пошто има и маси и се’ и повеќе одат за кафе или пијачка) не важи никаков закон и слободно се пуши. Па уште и газдата не дозволува да се отвори прозорец, било многу ладно. За пола саат почнаа да ме печат очите и да се гушам. Целата облека, па и косата и кожата ми труеја на никотин.