Закон за домување – прашање од Марс

Член од
17 ноември 2014
Мислења
184
Поени од реакции
237
Според член 37 од Законот за домување, фирмата управувач е должен да свика собир на сопственици на становите „најмалку еднаш годишно“, „со писмена покана која се доставува во поштенското сандаче на секој сопственик и на огласната табла“...

Тоа управувачот на зграда од која се јавувам НЕ го прави.

Собир бил свикуван во минатото, ама без исполнување на следниот член од законот според кој на тој собир може да работи и одлучува само ако присуствуваат станари со повеќе од половина од становите.

Тоа НЕ се случувало... од причини - разноразни.

Оттаму, управувањето со зградата се случува во сива зона.

Како овој проблем се решава?

Некој паднат од Марс би си рекол дека фирмите-управувачи, и граѓани групно и како поединци мора да праќаат претставки до законодавецот за измени на Законот за домување за да тој се прилагоди на фактичките состојби, а законодавецот да реагира со прифаќање на тие иницијативи, и правење соодветни измени.

А што се прави и правело во реалноста? . И што МОЖЕ да се направи?
 
Последно уредено:

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Соберете потписи, сменете ги.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Тој закон е испрдок на тогашната неписмена багра и е во стилот ,,во германија е така,,. Воопшто немаше потреба од донесување на таков закон, предметната материја е многу добро регулирана со Законот за споственост и други стварни права а законот за домување е само излишни трошоци и обврски за граѓаните а златна кокошка за некои профитери кои се кријат зад назив на некоја фирма...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.347
Поени од реакции
4.994
Тие фирми управувачи се многу вносен бизнис разработен од хоштаплери кои генерираат трошоци како ќе им прдне остварувајќи тешки приходи. Доволни за да подмитуваат некој ако случајно им излезе на патот.
Кај нас еден појак на вилица помина со ливче, се собраа 50%+ потписи и настапи Фирмата Управител.

Месечно се генерираат сметки во кој:
  • Се плаќа за хигиена која е непостоечка.
  • Се плаќа за струја која никој не знае колку кW/h всушност се потрошени.
  • Се плаќа за лифт кој е во незавидна состојба, потоа,
  • Солидарен фонд за кој никој не знае колку воопшто има собрано средства во него.
  • Додатна провизија за самата Фирма која го води управувањето и уште 2-3 други ставки.......
Немоќен си од проста причина што самиот колектив во зградата е дисфункционален и попрво би плаќале екстра паушални трошоци него ли да се организира и да си води сметка за колективното домување.

Уште кога ќе сватиш дека од 20 стана 10 се празни, и од 10 полни само 5 плаќаат редовно, ќе размислиш двапати колку вреди да се буниш :)

Затоа куќааааааааа!!!! Ѕидана, монтажна, модуларна.... каква било само да си сам на своето.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Амин.
Концептот зграда е измама.
Во Македонија да, затоа што нема ниту закон, ниту институција, ниту суд кој ги штити станарите од вакви измами. И секако да не заборавиме, менталитетот на народот не е на тоа ниво што треба да биде. Во држави каде што имам живеено тоа не е така, на пример Англија, Германија, Холандија, Белгија, Франција имаат строги правила за овие работи, кај нас како и се друго во државата не функционираат големите работи камоли вакви банални за кои не треба ни да се разговара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom