Поентата што не ја гледате е во тоа дека Редот не навлегува во тоа како човекот ќе се нарекува, туку какви ставови, принципи и однос кон останатите има.
Ако некој поради традиција или поради било што има потреба да се идентификува како христијанин или муслиман, а неговиот начин на размислување и однос кон останатите не е во конфликт со принципите на телемата, тогаш може да се смета како таков. Нас ни е битно како живее човекот, не како се етикетира. Ти можеш и телемит да се декларираш, но ако секој твој акт е спротивност на принципите дефинирани во Liber Oz, тогаш нема да добиеш спонзорство.
Мајка ми на пример тврди дека е христијанка, но неверува во задгробен живот, "безгрешно зачнување", ниту пак дека Исус бил богочовек. И кога ја прашувам како може да биде христијанка кога тоа е суштината на христијанството, ми вели епа така - може, традиција било..