А што е ако не само музика ? Само те молам без романтичарски параболи.
Ок, ајде без романтични параболи ами директно на „проблемот“ со сета сила
Јас мислам дека секој што создава нешто, дали е уметност, дали е наука - не е „само создаденото“.
Мора да го живееш тоа што го создаваш, да го живееш тоа што го „проповедаш“ преку своите дела без разлика дали се работи ете како во случајот музика, нека биде и наука, нека биде и философија, или пак нека биде и религија...
Ако создаваш музика преку која се обидуваш да пренесеш порака која не ја самиот почитуваш или живееш во пракса - што ќе му е на светот твојата порака? Ќе биде како што ти велиш - романтичарски параболи...
Што ќе значи моето зборување тука и постојано повторување - работете, изведувајте ритуали, вежбајте јога или некоја друга пракса која вам ви одговара - ако јас тоа не го правам? Напразно значи зборувам одозгора и ќе испадне дека ве лажам, нели
Ниту еден познат музички бенд или општо уметник, што и да му била пораката преку музиката или нивните дела општо, нивните текстови (слики) - не било само музиката (делата), ами и начин на размислување, начинот на живот, начин на дејствување.
Види ги само сцените на познатите уметници кои се занимаваат со музика... На пример, јас секој концерт го гледам како еден ритуал на мноштвото каде што се соединува една струја, околу една идеја - која и да е идејата и пораката на уметникот. Сцената е уредена по сите нишани! Не е се до звукот има нешто и до сликата и до кажаното
И како што реков - никогаш не е само до музиката!
П.С. Крајот малку романтичарски изгледа ама само за да опфатам подобро што сакам да кажам
Сепак ова е мое мислење... И малку далеку од темата...