Еве пак јас да покренам иницијатива па ќе се појави некој што ке пише за друг ден или нешто слично и пак да испаднам лажго како за минатава собиранка.
По барање на @Nessa Alcarin наредната собиранка може да биде наредната сабота 23 ноември.
Терминот и локацијата дополнително ке се договорат во зависност од бројот на пријавени и временските услови. @Bebush предложи собиранка на отворено во парк ама незнаеме колку ке биде изводливо (сончево вечерта сигурно нема да биде а дали ке е топло незнаеме) во случај да е прифатливо ладно нејзината понуда е убава и добредојдена, доколку не мислам дека како ефтина опција може да се земе Кај Маршалот мислам дека сеуште ги имаат оние претерано ниски цени за кафана, а потоа да се продолжи во некој друг локал за сите оние кој планираат да заглават убаво таа вечер

.
Дами и господа, нека започне пријавувањето
