- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Заеднички воени вежби на Турција и Кина
Турските и кинеските воено-воздухопловни сили спроведуваат заедничка вежба во централна Анадолија, што е прва ваква вежба на Турција, како членка на НАТО, со Кина, соопшти весникот „Тудејс Заман“.
Слични вежби Турција во минатото спроведуваше и со САД и други држави од НАТО и со Израел.
Турско-кинеската воено-воздухопловна вежба се организира пред посетата на кинескиот претседател Ван Џијабао на Турција, планирана за следниот месец, што се очекува да отвори нова етапа во билатералните односи.
Двете земји планираат да потпишат неколку спогодби за економска и културна соработка.
Турција пред извесно време ја промени својата безбедносна политика, повлекувајќи ги соседните земји од списокот на земји што ги смета за закана за својата национална безбедност, забележува весникот.
МИА
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=10&vId=77355910&lId=1&title=БАЛКАН
http://alsat.mk/svet/1332342.html