Шекеринска оди на Машински факултет и гледа студент како пасе трева во градски парк. Запрепастено му вика:
- Еј! Што ја пасеш трева? Така ли прават во Европа?
- Ама г-це јас сум студент, стипендијата е мала, родителите ми се социјално слаби, треба ли да се нахранам...
- На ти 10 денари, да си купиш ѓеврек, доста пасеше!
Студентот ги зел парите и си помислил: "Хммм, со едно ѓеврече цел ден? Ја да продолжам да си пасам."
Еве ти го и проф. д-р. Јани Макрадули:
- Што пасеш бе?
- Ами студент сум, немам пари...
- Абе твојата генерација во Европа по цел ден е на интернет, ти трева пасиш! На ти 10 денара, да си купиш ѓеверк и гитла од тука!
Студентот ги зема парите и тргнува на кај Филозофскиот и Правниот факултет и, си мисли: "Со 20 денари можам да си купам и ѓеврек и јогурт, ама не можам да се најадам. Ја да си попасам...” Студентот продолжува да си пасе. По некое време минува проф. др. Илинка Митрева:
- Кој си бе ти? Што пасеш тука?
- Ами, студент сум, стипендијата ми е мала, родителите ми се стечајци...
- На ти 10 денари да си купиш ѓеврек и во библиотека книги да читаш, со пасење трева ли ке одеме во Европа?!
Студентот ги зема парите и си мисли: „Хмм, може да си купам и бурек, ама ако си попасам уште малку ем денеска ќе се прехранам, ем утре нема да пасам.” И си продолжил да си пасе.
Ете ти го проф. д-р. Владо Бучковски:
- Еј што правиш ти тука?
- Ами, јас сум студент, стипендијата ми е мала, родителите ми се сиромашни...
- Одиш ли на митинзите на СДСМ?
- Одам, одам!
- А, викаш ли - уа Гриевски?
- Викам, скокам-рипам!
- А, викаш ли многу сме јаки!
- Викам, најјако.
- Аха! - рекол Бучковски и се бркнал во внатрешниот џеб од сакото, извадил едно ливче, напишал нешто на него и му го подал го на студентот.
Студентот го зел ливчето и почнал да чита:
„На овој студент му се дозволува да пасе во сите градски паркови, школски дворови, булевари и градинки. Со почит, с.р. Бучковски”.