Најголем загадувач во Скопје е Топлификација:
1.Топлификација троши за 50% повеќе гориво од сите автомобили регистрирани во Скопје.
2.Топлификација годишно продуцира 85 536 044 килограми јаглендиоксид од фосилно потекло, со кој предизвикува глобално затоплување.
3.Топлификација годишно продуцира најмалку 263 101 килограми азотна киселина која паѓа во вид на кисели дождови.
Пресметка и докази:
1.Факти и докази дека Топлификација троши повеќе гориво од сите автомобили во Скопје:
Во табела 4 од „ О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија за 2016 година на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје “ која Регулаторната комисија за енергетика ја донесе на 29. 07. 2016 година и која има број УП1 Бр.08 -35/16, е наведено дека Топлификација сега преименувана во БЕГ, во 2015 година потрошила 44 434 308 нормални метри кубни гас.
http://erc.org.mk/odluki/2016.07.29 Odluka za BEG PROIZVODSTVO-tabeli.pdf
Густината на гасот е: ρ = 0,7 kg/m3, така да масата на потрошениот гас, кој во 2015 година го согорила Топлификација е 44 434 348 * 0,7 = 31 104 044 килограми годишно.
Топлификација затоплува само 6 месеци и затоа месечната потрошувачка на гориво на Топлификација е:
31 104 044 : 6 = 5 184 007 килограми гориво месечно
Факти колку моторни возила има во Скопје и колку тие трошат:
Според Државниот завод за статистика во 2015 година, во Република Македонија, биле регистрирани вкупно 383 833 патнички моторни возила.
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.16.02.pdf
Државниот завод за статистика не дава податок колку возила се регистрирани во Скопје, но можеме да претпоставиме дека тој број изнесува 30% од вкупниот број. Тоа значи дека во Скопје биле регистрирани 383 833 * 30% = 115 150 патнички моторни возила.
Ако земеме дека секое моторно просечно годишно троши 40 литри гориво. Густината на бензинот е 0,75 килограми за 1 литар. Така да масата која просечно едно возила ја троши е 40 * 0,75 = 30 килограми месечно.
Потрошувачка на безин за сите моторни патнички возила регистрирани во Скопје возила е : 115 150 * 30 = 3 454 500
Ако ги споредиме овие потрошувачки се добива 5 184 007/3 454 500 = 1,50. Значи, во зимските месеци, Топлификација за 50% троши повеќе гориво од колку што трошат сите моторни патнички возила регистрирани во Скопје. Односно, сите загадувања кои ги прават автомобилите, Топлификација ги прави 50% повеќе.
2.Пресметка колкаво количество јаглендиоксид од фосилно потекло, годишно продуцита Топлификација:
Гасот кој Топлификација е метан со хемиска формула СН4. Јагленородот има атомска маса 12, а водородот има атомска маса 1. Значи масениот однос на јагленорот и водородот е 12 : 4 ( 3 килогарми јагленород се врзани со 1 килограм водород )
Топлификација годишно троши 31 104 016 метан, а тоа значи дека годишно согорува 23 328 012 килограми јагленород и 7 776 004 килограми водород.
При согорувањето јагленород, се сврзува со кислородот и се добива јаглендиоксид. Хемиската равенка е:
С + О2 = СО2.
Атомската маса на јагленородот е 12, а на кислородот е 16. Тоа значи дека односот на масените делови при мешање е 12 : 32. Ако се пресмета, за да се сврзат 23 328 012 килограми јагленород потребни се 62 208 032 килограми кислород. И на тој начин ќе се добијат 23 328 012 + 62 208 032 = 85 536 044 килограми јаглен диоксид.
Значи Топлификација годишно продуцира 85 536 044 килограми јаглендиоксид од фосилно потекло, со кој предизвикува глобалното затоплување.
3.Пресметка колкаво количество азотна киселина, годишно продуцира Топлификација:
Азотоната киселина која се појавува во чадот – издувните гасови, потекнува од азотниот оксид, Азотот и кислородот на собна температура меѓусебно не реагираат. Меѓутоа при високи темоератури, какви што владеат во котлите или во моторите со внатрешно согорување, дел од овој азот ќе се врзе со кислородот и ќе настане азот оксид или азот диоксид.
Aзотен оксид може да се добие по разни формули, на пример: N2 + O → NO + N или N + O 2 → NO + O или N + OH → NO + H или преку амонијак N2 + 3H2 → 2NH3 потоа следи 4NH3 + 5O2 → 4NO + 6H2O
https://en.wikipedia.org/wiki/NOx
На било кој начин да настане азот оксидот, тој потоа лесно реагира со водата и кислородот и се претвара во азотна киселина на следниов начин 4 ·NO + O2 + 2 H2O → 4 HNO2 Азотна киселина, предизвикува кисели дождови.
Бидејќе атомската маса на азотот е 7, на водородот 1, а на кислородот 16, од равенка со која е опишано настанувањето на азотната киселина е очигледно од 7 килограми азот кој станал оксид ќе настанат 40 килограми азотна киселина. Или од од 1 килограм азот кој станал оксид, ќе настанат 5,7 килограми азотна киселина.
За да пресметаме колку азотна киселина се продуцира, треба да пресметаме колку воздух троши Топлификација.
Водородот кој го има во метанот се врзува со кислородот од воздухот и се добива вода. Хемиската равенка е 2Н2 + О2 = 2Н2О. Масениот односот на мешање е 1 килограм водород се мешаат со 8 килограми кислород и се добива 9 килограми вода. Ако се пресмета, за да се врзат 7 776 004 килограми водород со кислород и претворат во вода неопходни се 62 208 032 кислород ( 7 776 004 * 8 ) . На тој начин ќе се добијат 7 776 004 + 62 208 032 = 69 984 036 килограми вода.
Вкупната количина на кислород која ќе се искористи при согорувањето на гасот во Топлификација е:
62 208 032 за јаглен + 62 208 032 за водород = 124 416 064 вкупно килограми кислород.
Овој кислород ќе се земе од воздухот. Но во воздухот покрај кислород има и азот. Масениот однос на мешање на кислородот и азотот во воздухот е 21 : 78. Или 1 дел кислород се меша со 3,71 дела азот.
Значи за да обезбедат 124 416 064 килограми кислород, низ котлите на Топлификација ќе поминат, покрај кислородот и 124 416 064 * 3,71 = 461 583 597 килограми азот.
Колкав процент од азотот ќе се претвори во азот оксид не однапред познато и треба да се утврди со мерење. Бидејќи немаме такви податоци, Топлификација не врши мерење на составот на чадот, ќе дадеме минимална проценка, дека само десетилјадити дел на азотот во воздухот кој ќе помине низ во котлите на Топлификација ќе премине во азотен оксид,
А тоа е, 461 583 597/10 000 = 46 158 килограми азот кој ќе стане азотен оксид.
Сега лесно се пресметува,од оваа количина азот кој преминал во азотен оксид, ќе се продуцира 46 158*5,7 =263 101 килограми азотна киселина.