Z
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка. Ова го покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што оваа година го спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.
Според микробиолошките анализи, во Дојранско и Тиквешко Eзеро се детектирани колиформни бактерии од фекално потекло, кои ги класифицираат езерата во Класа 3 и 4. Микробиолошко загадување од Класа 3 значи дека водите може да се употребуваат за наводнување, а по обработка и во индустријата на која не ѝ е потребна вода со квалитет за пиење, додека загадувањето од Класа 4 не дозволува оваа вода да се користи за рекреација. На локални фекални загадувања укажуваат и концентрациите на нитритите кои варираат во текот на пролетната и есенската сезона во сите три езера, па има повремена појава на концентрации во Класа 3-4. Нитритот е многу токсичен за рибите и целиот жив свет.
Во Беровско и Тиквешко Езеро на есен значително се зголемуваат концентрациите на вкупниот фосфор и достигнуваат Класа 4. Ова укажува на можно загадување на водите во овие езера заради прекумерна употреба на ѓубрива во земјоделството, нетретирани комунални води и испуштања од фарми или пречистителни станици. Во Дојранско Езеро мерливи концентрации на вкупен фосфор не се детектирани.
За дефинирање на квалитетот на водите, користена е Уредбата за класификација на водите (Службен весник во Република Македонија од 31.3.1999), со која е пропишана класификацијата на површинските (водотеци, езера и акумулации) и на подземните води. Според намената и степенот на чистотата на водите, со оваа уредба тие се распоредуваат во 5 класи, и тоа:
1. Класа 1 - многу чиста, олиготрофична вода, која во природна состојба со евентуална дезинфекција може да се употребува за пиење и за производство и преработка на прехрамбени производи и претставува подлога за местење и одгледување на благородни видови на риби – салмониди. Пуферниот капацитет на водата е многу добар. Постојано е заситена со кислород со ниска содржина на нутриенти и бактерии, содржи многу мало, случајно антропогено загадување со органски материи (но не и неоргански материи);
2. Класа 2 - малку загадена, мезотрофична вода, која во природна состојба може да се употребува за капење и рекреација, за спортови на вода, за одгледување на други видови риби (циприниди), или која со вообичаени методи на обработка - кондиционирање (коагулација, филтрација, дезинфекција и слично), може да се употребува за пиење и за производство и преработка на прехрамбени производи. Пуферниот капацитет и заситеноста на водите со кислород, низ целата година, се добри. Присутното оптоварување може да доведе до незначително зголемување на примарната продуктивност;
3. Класа 3 - умерено еутрифична вода, која во природна состојба може да се употребува за наводнување, а по вообичаените методи на обработка (кондиционирање) и во индустријата на која не ѝ е потребна вода со кавалитет за пиење. Пуферниот капацитет е слаб, но ја задржува киселоста на водата на нивоа кои сè уште се погодни за повеќето риби. Во хиполимнионот повремено може да се јави недостиг на кислород. Нивото на примарната продукција е значајно и може да 17 се забележат некои промени во структурата на заедницата, вклучувајќи ги и видовите на риби. Евидентно е оптоварување од штетни супстанции и микробиолошко загадување. Концентрацијата на штетните супстанции варира од природни нивоа до нивоа на хронична токсичност за водениот живот.
4. Класа 4 - силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени, само по одредена обработка. Пуферниот капацитетет е прeчекорен, што доведува до големи нивоа на киселост, а што се одразува на развојот на подмладокот. Во епилиминионот се јавува кислороден недостиг. Присутно е „цветање“ на алги. Зголеменото разложување на органски материи, истовремено со стратификацијата на водата, може да повлече анаеробни услови и убивање на рибите. Масовни седишта на толерантни врсти, популации на риби и бентосни организми, може да бидат погодени. Микробиолошкото загадување не дозволува оваа вода да се користи за рекреација, а штените супстанци испуштени или ослободени од талогот (седиментот – наслагите), може да влијаат на квалитетот на водениот живот. Концентрацијата на штетните супстанции може да варира од нивоа на хронична до акутна токсичност за водениот живот;
5. Класа 5 - многу загадена, хипертрофична вода, која во природна состојба не може да се употребува за ниту една намена. Водата е без пуферен капацитет и нејзината киселост е штетна за многу видови на риби. Големи проблеми се јавуваат во кислородниот режим, презаситеност во епилимнионот и сиромашност со кислород, која доведува до анаеробни услови во хиполимнионот. Разложувачите се доминантно застапени во однос на произведувачите. Риби или бентосни видови не се јавуваат постојано. Концентрацијата на штетни супстанции ги надминуваат нивоата на токсичност за водениот живот.
Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137голема работа 250 ПМ10, ние си имавме и 1000
![]()
https://www.index.hr/vijesti/clanak...XPbzo96qgfkuF1jr2n_oKFaZ0A1IAP12gss7X4ddiN4aM
...малку глупаво, ама ај новинари како новинари само копи пасте, без малку да размислат како може токму изолирано САМО небото над Франција да биде загадено,Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137
цезиум 137, радиоактивен елемент, остаток од француските нуклеарни и атомски проби во Сахара, јави дописникот на МИА.
убаво, Сахара им го врати![]()
Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137голема работа 250 ПМ10, ние си имавме и 1000
![]()
https://www.index.hr/vijesti/clanak...XPbzo96qgfkuF1jr2n_oKFaZ0A1IAP12gss7X4ddiN4aM
па и во УК имаше прашина... но на википедија каѓува биолошки полураспад на ЦС137 е 70 дена, а последни француските проби биле 1996...малку глупаво, ама ај новинари како новинари само копи пасте, без малку да размислат како може токму изолирано САМО небото над Франција да биде загадено,
Секако дека не се точни.Не верувам многу во точноста на податоците. Не оти разбираат докториве кај нас од што умрел пациентот, само ради форма ги пополнуваат смртовниците.
Исхраната е прилично подобра од западните земји.
Баш ме интересира стапката на смрт од рак колку изнесува
Не верувам многу во точноста на податоците. Не оти разбираат докториве кај нас од што умрел пациентот, само ради форма ги пополнуваат смртовниците.
Исхраната е прилично подобра од западните земји.
Баш ме интересира стапката на смрт од рак колку изнесува
Баш се расправав со едни пријатели, кои не ми веруваа дека повеќе умираат од кардио-васкуларни, отколку од рак.