Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
"Вратите на новоотворениот Аква парк во Скопје вчера биле затворени за неколку млади Роми, бидејќи вработените им рекле дека претходните денови некои ромчиња дивееле во објектот.
Скопјанецот Неџо Мемет вели дека неговата ќерка Мариса била дел од групата на која не и дозволиле да влезе во Аква паркот. Тој вели дека такво нешто не постои во европските држави.
Неџо прашува дали доколку некои млади Македонци дивееле во паркот повеќе нема да пуштаат ниту еден Македонец?
За оваа случка на социјалните мрежи се вртат многу коментари и осуди од неколку невладини организации, Општина Шуто Оризари и интелектуалци.
Се надеваме дека овој немил настан нема да придонесе повторно да стане актуелно предупредувањето од пред неколку години, кога за кучиња и „цигани“ беше забранет влез во базен."
Ако оваа вест вака како што е пласирана е точна (без политички обоена намера) тогаш Хитлер говна да јаде.
А и не ме чуди, уште ми е пресна веста за базентот во Битола од пред неколку години каде стоел натпис "Забранет пристап за кучиња и Цигани".
Нареден чекор шо е? Скенирање на рожница, коса со боја на ожнеано жито и очи алтер его на синевината ко предуслов за влез? Забрана за опозиционери?
Си ибало мајката и држава и закони, ама ете формално постои, иако не верувам дека нешо би сторилe.
Цитирам:
"Во Македонија рамноправноста на граѓаните е уставно гарантирана. Кривичниот законик предвидува затворска казна од три месеци до три години за секој што ќе ги одземе или ќе ги ограничи правата на човекот врз основа на разликата на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло."
Без лажно глумење сочувствителност, мене ми е јасно дека најмаргинализирана категорија во државата се Македонците, ама ми се чини дека овој пат претеравме во етикетирањето и предрасудите и пред се во дискриминацијата. Ова го надмина сето смеење зад грб и покажување со прст кон Ромите.
И сеа не дека дел од нив не се склони кон такво девијантно однесување, но да се дозволи да дискриминираш генерално заради испадите на поединци се граничи со лудост. Уствари не, тури му пепел. Нездраво е.