ЗЕМЈОТРЕС!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да не беше темава и Фејсбук, никогаш немаше да дознаам дека има земјотреси. :нинџ:
Ко мртов коњ сум, ниеден земјотрес у последниве три години не осетив, освен еден и тоа само затоа што беше преку ден, па бев на работа и бирото почна да се тресе.:tapp:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.139
Поени од реакции
18.148
Да не беше темава и Фејсбук, никогаш немаше да дознаам дека има земјотреси. :нинџ:
Ко мртов коњ сум, ниеден земјотрес у последниве три години не осетив, освен еден и тоа само затоа што беше преку ден, па бев на работа и бирото почна да се тресе.:tapp:
Во кој град?
Мене релативно ниско, на 3 спрат ме разбуди од спиење, а бев прилично мртов (пијан) од вчера вечерта.

И сега ми текна зошто се убија од лаење кучиња ноќеска и претходната вечер, мислев дека немам воопшто кучиња во околинава до вчера :unsure:

*само за Охриѓани : Да не пукнал некој магацин со оружје кај брачкине мореее? :D
 
T

Tetro

Гостин
Ај види, и Другово го треселе земјотресенија
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.932
Поени од реакции
12.431
море јас на приземје сум и убо го осетив, на кауч ко шо бев седната и кауч се помести и се.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Море работната маса ми се тресеше ама лустерот не мрдаше...
 

Bolt0105

Problem?
Член од
3 декември 2009
Мислења
54
Поени од реакции
64
абе сите викаат имало та имало земјотрес, ама не го осетив (од Охрид зборувам)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.139
Поени од реакции
18.148
:pos:
Земјотресот го падна OhridNews
Големиот интерес на граѓаните за информација во врска со денешниот земјотрес во охридско, предизвика оптоварување на серверот на OhridNews, поради што содржините на електронскиот весник извесно време беа недостапни за читателите.


Техничкиот проблем во меѓувреме е надминат и OhridNews функционира непречено.

Се извинуваме за техничките проблеми.

OhridNews
07.06.2012 15:59

Прочитана е : 1349 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Дали од исто место добиле информации медиумиве???
1.ohridnews.com
Земјотрес го стресе Охрид
Охриѓани денеска во 12 часот и 17 минути почувствуваа силен земјотрес. Според првичните информации земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот на потресот бил на околу 20 километри од Кичево, на длабочина од околу 10 километри.
Освен во Охрид земјотресот бил почувствуван во регионот Општина Дебрца, Струга и Кичево.
Охриѓани кои живеат на повисоките катови во станбените згради велат дека потресот бил навистина силен и дека ова е еден од насилните земјотреси што во последниот период биле почуствувани во Охрид.
OhridNews
2
07.06.2012 13:14
Прочитана е : 1933 пати
© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
2.kirilica.com.mk
|
|
Земјотрес во западна Македонија
Потресот со јачина 5,1 степен бил со епицентар 20 километри јужно од Кичево на длабочина од 10 километри
25
in
Share
Денеска на пладне, во 12 часот и 17 минути, земјотрес ги вознемири жителите на западна Македонија. Потресот со јачина 5,1 степен бил со епицентар 20 километри јужно од Кичево на длабочина од 10 километри.
Засега нема официјални информации за жртви и штета од земјотресот.


3.a1on.mk
Напишано од A1ON на 07/06/2012 (Пред 5 часа) во Македонија - 2 Коментари

Земјотрес со магнитуда 4.5 по Рихтер, во 12 часот и 17 минути, го погоди охридскиот регион. Епицентарот на земјотресот е на 6 километри североисточно од охридското село Белчишта, 19 километри од Кичево, 25 километри од Струга и 26 километри од Охрид (инаку патот Кичево - Охрид е 65 км, претпоставувам ова е воздушна линија).
Засега нема информации за евентуална штета.
Инаку дел од постарите куќи во селата околу епицентарот се оштетени.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.139
Поени од реакции
18.148


„Епицентарот се наоѓа во горната зона на општина Белчишта истиот е со јачина од 6 степени според европската скала на потреси од 1990 година. Излеговме на терен заедно со локалната самоуправа со цел да ги согледаме оштетувањата кои граѓаните ги имаат пријавено. Досега немаме сознанија за многу големи оштетувања“, вели раководител на регионалниот центар на ЦУК, Митко Темелковски.

Потресот кој ги вознемири граѓаните најверојатно се должел на растресеното италијанско тло кое ја поврзува Турција, Бугарија, преку Македонија и Албанија, и завршува во Италија.


Изворот на сликите и tvm.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom