Живот после смртта

Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Ама тоа е смртен грев.Прељуба е.Исус самиот рекол дека секој што ќе посака туѓа жена веќе извршил прељуба.А и ситните кражби се кражби.
И љубомората и зависта се смртни гревови.(Не го посакувај она што не е твое).

Hell's gonna be packed :)
Не се смртни гревови. Али во право си бе до некаде. Чим овај грев е неизбежен а е смртен, тогаш шо правиме ?
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Знам за тебе изникна како растение ти. :tv:
Еден од 10те Божји заповеди.

А се запраша што сакаше да каже поетот со таа реченица? Или целта ти беше да испаднеш фаца по секоја цена, без разлика на тоа колку ти е очаен хуморот?

ОнТ

Зависи како ке ја дефинирате смртта. За некои тоа е периодот кој следи откако ке испушти човек душа. За други пак смртта како таква не постои, туку тоа е моментот во кој душата на човекот преминува од едно тело во друго, или од една состојба во друга. Да се верува дека ништо не постои по последниот здив е крајно ограничено размислување.

Исто како што верувам дека постои некаква форма на живот надвор од оваа планета, така верувам дека постојат паралелни реалности во кои можеби уште не сме се родиле, или пак живееме сосема поинаков живот. Смртта според мене е тунелот кој ги поврзува тие паралелни светови.
 
Г

Господ

Гостин
Еден од 10те Божји заповеди.
И што се случува ако прекршиш една од тие заповеди и не се покаеш?
Off to hell :)
Kорен на прељубата e страста(lust) што Е смртен грев.

Не се смртни гревови. Али во право си бе до некаде. Чим овај грев е неизбежен а е смртен, тогаш шо правиме ?
Абе не се.али коренот им е во алчноста и ненаситноста.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Како може да бидам мртов кога никогаш не сум се ни родил?
Токму така,само ја посетуваме оваа низа(или димензија).Изгледа дека покрај се ние после смртта во овој вид стануваме клетка од нашето физичко тело а по смртта на клетката стануваме атомско јадро или електрон од кое се состои клетката.На крај ги собираме сите информации,но за што?

Нејасно,навистина нејасно.Но нема потреба се грижиме,сега сме тука,небитно е што понатаму.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
4.822
Како ќе докажеш дека грешно верува?
Докажи.
Дали тврдиш дека постои живот после смртта? Ако тврдиш за тоа треба да имаш докази. Ако немаш докази тогаш тоа нештото не постои.

И кога веќе бараш докази..... Дали имаш било какво искуство на пример од годината 1907? Или било која друга година пред да се родиш?

--- надополнето ---

Енергијата не се уништува..само има различни форми.. :toe:
Накратко:
Со раѓањето, добиваш мозок, (али ова не важи кај сите :vozbud:) мозок кој со време се развива. Мозокот (мислењето, неговата активност) функционира со помош на електрични струи (не сум експерт, поправете ме ако грешам) кои патуваат од една до друга мозочна клетка (ќелија).
Кога телото ќе престане да функционира (смрт) престанува да тече струја во мозокот. (да не заборавиме, тие струи се екстремно мали) и толку.... Нема свесност, сето знаење оди по "ѓаволите"... и најважно, тоа не преминува во некоја друга форма. Едноставно прекинува....
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260

Зависи од кој аспект го гледаш тоа и во шо сакаш да веруваш,веќе е докажано дека енергијата ја има секаде и во се,така да не би ме чудело ако после смртта таа енергија постои уште..само не во истата форма како шо кажав предходно...
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Дали тврдиш дека постои живот после смртта? Ако тврдиш за тоа треба да имаш докази. Ако немаш докази тогаш тоа нештото не постои.

И кога веќе бараш докази..... Дали имаш било какво искуство на пример од годината 1907? Или било која друга година пред да се родиш?

--- надополнето ---

Накратко:
Со раѓањето, добиваш мозок, (али ова не важи кај сите :vozbud:) мозок кој со време се развива. Мозокот (мислењето, неговата активност) функционира со помош на електрични струи (не сум експерт, поправете ме ако грешам) кои патуваат од една до друга мозочна клетка (ќелија).
Кога телото ќе престане да функционира (смрт) престанува да тече струја во мозокот. (да не заборавиме, тие струи се екстремно мали) и толку.... Нема свесност, сето знаење оди по "ѓаволите"... и најважно, тоа не преминува во некоја друга форма. Едноставно прекинува....
Мислам дека ја разбираш иронијата во твојава изјава. Истото важи и за ставот кој што ти го застапуваш т.е дека после смртта не постои ништо. Едноставно, факт е дека не можеме да го докажеме ниту едното ниту другото гледиште.
Замисли си сега, доколку човештвото некогаш докаже дека после смртта не постои ништо, дека постоењето е безполезно, дека едноставно исчезнуваме а со нас исчезнува се оноа што сме го доживеале, почувствувале (добро и лошо), секое наше искуство, секое стечено знаење, што мислиш каква иднина би имале како вид? Многумина, сигурна сум, би се запрашале-Зошто да живеам, која е целта, кога потоа се се претвара во прашина? Зошто да учам, зошто да создавам, кога и онака се ќе однесе ветерот? Зошто да создавам потомство, однапред осудено на заборав? Зошто, зошто, зошто... Ова не е нешто што сме го измислиле денес, човекот се бори со ова зошто отсекогаш и најчесто утехата (и одговорот) го наоѓал во религијата. Љубопитноста е во нашата природа, постојано прашуваме, размислуваме, даваме одговори, ги преиспитуваме одговорите и бараме нови, постојано...Ако на нешто одговориме конечно, тогаш го запечатуваме своето постоење.
А во однос на мозокот, пушти ја малце својата фантазија. Ја на пример на мозокот (не само на човековиот) гледам како на мал резервоар на знаење. Сите го имаме за сопствени потреби-тука се собира сето наше животно искуство, секоја наша мисла, реакција на животните премрежја, секоја радост т.е се оноа што го пренесуваме на оние кои доаѓаат после нас, а и сето оноа кое ни останало од нашите претходници. Тоа е нашата меѓусебна врска. Или ај, замисли дека мозокот е другиот крај и дека е посредник кон другата димензија...Можеш ли?
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Ја не сум религиозен, можда сум атеист што не верувам во богови, ама сепак сум и спиритуален. Можда има збор за такви како мене ама уште не го знам.
Е сега кога размислував за живот после смрт, некако логички би било да постои зашто ништо на овој свет не изчезнува. Пример затворено шише полно со вода. Дали ке ја снема водата што е внатре? да изчезне зашто времето и прошло, ни грам вода нема да фали. Може да е у тврда, гасовита или течна состојба, но сепак вода е, и ке стои тамо вечно додека некој не ја скрши флашата. Исто би го сватил и човечкото тело, ако има во нас и грам енергија, таа ке се расипе од нашето тело еден ден, и ке истече некаде, што немора да значи на иста планета или ист универзум. Зашто можностите се бесконечни. И никад, никад нема да има човекот доказ за тоа. Можеме само да претпоставуваме.
Можда кога умираме у последната секунда ни се успорува времето, замрзнува, и сонуваме, незнаејки дека тоа е сон. Можда и сега сонуваме.
Можда кога ке умреме ке се разбудиме на некое место и за момент ке заборавиме на претходниот живот како што ги забораваме соновите.
Можда ехеее.... :)
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Дали тврдиш дека постои живот после смртта? Ако тврдиш за тоа треба да имаш докази. Ако немаш докази тогаш тоа нештото не постои.
@Human
Aко ти на комшијата му украдеш две кокошки и при тоа не се најдат никакви дoкази дека ти си му ги украл,дали тоа значи дека ти не си му ги украл?НЕ!
Јас не тврдам дека постои живот после смртта но мислам дека постои,а ги почитувам и спротивните мислења и не велам на никого дека грешно верува.Затоа што никој не може да потврди и дека не постои живот после смртта.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
4.822
@Human
Aко ти на комшијата му украдеш две кокошки и при тоа не се најдат никакви дoкази дека ти си му ги украл,дали тоа значи дека ти не си му ги украл?НЕ!
Јас не тврдам дека постои живот после смртта но мислам дека постои,а ги почитувам и спротивните мислења и не велам на никого дека грешно верува.Затоа што никој не може да потврди и дека не постои живот после смртта.
За ова со доказиве, еве ти одговор:
Се додека не се докаже дека постои нештото не постои. Ако украдеш нешто, и тоа истото не се докаже дека ти си го украл, тогаш не си крив. Ако некој толки многу сака да докаже дека постои живот, тогаш нека продолжи, веднаш штом приложи и најмал доказ, јас би размислил повторно во што да верувам.
Ама мислам дека не постои, а штом не постои нема ни да се докажи.
Еве сега ќе објаснам во наредниот цитат подолу:

--- надополнето ---

Мислам дека ја разбираш иронијата во твојава изјава. Истото важи и за ставот кој што ти го застапуваш т.е дека после смртта не постои ништо. Едноставно, факт е дека не можеме да го докажеме ниту едното ниту другото гледиште.
Замисли си сега, доколку човештвото некогаш докаже дека после смртта не постои ништо, дека постоењето е безполезно, дека едноставно исчезнуваме а со нас исчезнува се оноа што сме го доживеале, почувствувале (добро и лошо), секое наше искуство, секое стечено знаење, што мислиш каква иднина би имале како вид? Многумина, сигурна сум, би се запрашале-Зошто да живеам, која е целта, кога потоа се се претвара во прашина? Зошто да учам, зошто да создавам, кога и онака се ќе однесе ветерот? Зошто да создавам потомство, однапред осудено на заборав? Зошто, зошто, зошто... Ова не е нешто што сме го измислиле денес, човекот се бори со ова зошто отсекогаш и најчесто утехата (и одговорот) го наоѓал во религијата. Љубопитноста е во нашата природа, постојано прашуваме, размислуваме, даваме одговори, ги преиспитуваме одговорите и бараме нови, постојано...Ако на нешто одговориме конечно, тогаш го запечатуваме своето постоење.
А во однос на мозокот, пушти ја малце својата фантазија. Ја на пример на мозокот (не само на човековиот) гледам како на мал резервоар на знаење. Сите го имаме за сопствени потреби-тука се собира сето наше животно искуство, секоја наша мисла, реакција на животните премрежја, секоја радост т.е се оноа што го пренесуваме на оние кои доаѓаат после нас, а и сето оноа кое ни останало од нашите претходници. Тоа е нашата меѓусебна врска. Или ај, замисли дека мозокот е другиот крај и дека е посредник кон другата димензија...Можеш ли?
Како прво, јас мислам дека дури имам и преголема фантазија. :) Ајнштајн рекол дека фантазијата е поважна од знаењето и јас тоа го разбирам. :)
Сега, викаш што ако се докажи дека по смртта не постои живот? Човекот низ вековите (главно, постојат исклучоци) е воден од љубопитноста, истражувањето. За тие цели се фрлени огромен број средства, ресурси, животи... Во потрага по знаење и откривање на тајните на природата. Човекот отсекогаш копнеел да живее бесконечно, едноставно да постои. Тоа го натерало да почне да создава митови, и верувања. Како што е верувањето дека кога ќе умреш, одиш во некој друг свет, или дека менуваш тело, стануваш некое животно и сл. Копнежот да се постои бесконечно предизвикува страв од смртта, и истиот предизвикува верувања во нешто што никогаш не е докажано, во нешто што не постои...
Имаше едно племе во Африка мислам, во кое се верувало дека тој што ќе умри продолжува да живее на друг свет, во форма онака како што умрел, па затоа постарите им наредувале на помладите да ги убиваат поскоро, за да не се мачат во наредниот, вечен живот...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 606

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
За ова со доказиве, еве ти одговор:
Се додека не се докаже дека постои нештото не постои. Ако украдеш нешто, и тоа истото не се докаже дека ти си го украл, тогаш не си крив. Ако некој толки многу сака да докаже дека постои живот, тогаш нека продолжи, веднаш штом приложи и најмал доказ, јас би размислил повторно во што да верувам.
Ама мислам дека не постои, а штом не постои нема ни да се докажи.
Еве сега ќе објаснам во наредниот цитат подолу:

--- надополнето ---

Како прво, јас мислам дека дури имам и преголема фантазија. :) Ајнштајн рекол дека фантазијата е поважна од знаењето и јас тоа го разбирам. :)
Сега, викаш што ако се докажи дека по смртта не постои живот? Човекот низ вековите (главно, постојат исклучоци) е воден од љубопитноста, истражувањето. За тие цели се фрлени огромен број средства, ресурси, животи... Во потрага по знаење и откривање на тајните на природата. Човекот отсекогаш копнеел да живее бесконечно, едноставно да постои. Тоа го натерало да почне да создава митови, и верувања. Како што е верувањето дека кога ќе умреш, одиш во некој друг свет, или дека менуваш тело, стануваш некое животно и сл. Копнежот да се постои бесконечно предизвикува страв од смртта, и истиот предизвикува верувања во нешто што никогаш не е докажано, во нешто што не постои...
Имаше едно племе во Африка мислам, во кое се верувало дека тој што ќе умри продолжува да живее на друг свет, во форма онака како што умрел, па затоа постарите им наредувале на помладите да ги убиваат поскоро, за да не се мачат во наредниот, вечен живот...
Па со ова не докажуваш дека живот после смртта нема.Само си кажа свое мислење,како ти гледаш на овие работи.:smir:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
4.822
Па со ова не докажуваш дека живот после смртта нема.Само си кажа свое мислење,како ти гледаш на овие работи.:smir:
Точно. Тоа е мое мислење, а и не мора ништо да докажувам. Штом нешто не е докажано, тоа значи дека тоа нешто не постои, не се случило. :smir:
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Не ги читав другите одговори, па ако моево не е во контекст со дискусијата sorry :toe:

Во секој случај знам едно нешто со сигурност во моментот кога ќе умрам ќе знам што се случува после смртта. Па со оглед дека од оваа гледна точка јас не знам или не сум во состојба да стекнам диркетно сознание дали навистина има живот после или не, сметам дека слободно можам да го изберам гледиштето со кое најдобро се чувствувам и кое ми изгледа најлогично (на мене) а тоа е: Сметам дека душата е бесмртна и дека дел од нас продолжува да живее во друга реалност или свет. Едноставно ми е пребанално животот да е само толку краток колку што е. Тоа не ме спречува да го живеам животот со полна плуќа туку ми дава мир бидејќи не е важно дали ќе умрам сега или во далечна идинина, овој живот ќе го проживеам најдобро што можам, а после можеби има и можеби нема ништо повеќе - ако има супер :vozbud:, а ако нема ништо страшно :) мада стварно мислам дека има :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom