Животот и подвизите на Александар Македонски

Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
ги прелистував старите карти од рим. период сите имиња ги латинизирале
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Горната граница на македонија била каде што е и денес. Мислам пред освојувањата на Филип кој ја проширил над Ниш. Затоа бугарите ги боли многу нашата античка историја и Александар. А инаку чисто за информација за татарчево е дека и да дошле словени во овие простори тие освоиле се до Крит и Крит. Па поради тоа ако денес Грците можат да бидат и Антички така и ние можеме исто.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Juznive i istocnive sosedi vekje odredeno vreme ja verglaat grchkata glupost deka samo Egejska Makedonija bila Makedonija. (?!)

Ushte od Strabon, Makedonija e definirana kako shto e sega. Plus, otkritieto na chetvrtata antichka prestolnina pred nekoj mesec vo Mariovsko, definitivno gi pravi tragikomichni vakvite tvrdenja.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
A бе остај, не знае да се изрази. Eве јас ќе преведам:

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКОTO СОНЦЕ, ДОЈДЕ ВРЕМЕ ПОВТОРНО ДА ЈА ОГРЕЕ МАКЕДОНИЈА.
 
A

anaveno

Гостин
на форумов фалат многу теми..
да речеме..за почеток..
Пергам и Аталаидите..
Пергам е древен град кој се наоѓал на крајбрежјето на Мала Азија.Основан е во 12 в.п.н.е.
По распаѓањето на Александровата империја,од 283—133 г.п.н.е. , Пергам е престолнина на Пергамското царство , кое го основале Аталаидите.
Градот најголем процут доживува во времето на владеењето на Евмен 1 263—241 и Евмен 2 197—159.
Во тоа време,Пергамон бил моќен трговски и културен центар.
Во Пергам се наоѓала и втората по големина Библиотека,која имала 200.000 ракописи.
Кога Птоломеј од Египет,престанал да им испорачува папирус,во Пергам почнале да произведуваат своја верзија на “хартија”,наречена pergaminus или pergamena.
Тоа било всушност била техника на обработка на телешка кожа, на која довитливите Пергамци ги пишувале своите дела,која техника подоцна била прифатена и од други европски народи.
Во времето на Марко Аурелие,библиотеката била запленета и пренесена во Рим.
Во Пергам,меѓу другите, се славел и богот Асклепиј.
На горниот дел од градот,се наоѓал Храмот посветен на богот на Зевс.
Храмот бил монументална градба,за која Евангелистот Јован во својата книга Откровение,ќе рече дека е престолнина на Сатаната.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
да бе !...
и за калиграфија
многу интересни теми
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Kалиграфијата ја прикажуваат како:

кали = убаво
графија = пишување

со грчко етаблирање


дали е тоа така ?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
се надевам дека Пергамон не го свати како папирус...
би бил многу разочаран...Македонското Пергамското Царство,да биде во групата "многу интересни теми"....
пергамент , папирус , графика , ленено платно ...
секојдневна појава во мојот живот...

хипатија
жената пророк , свесна за политичките настани

,, восокот е бел, восокот е жолт " ...

нешто како изис и озирис

нејзиното тело било пресечено на 4 дела
наследството на александар било поделено на 4 дела...

п.с. само да не те разочарам ...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ПРЕТСТАВЕНИ ЕКСПОНАТИТЕ ОД СКОПСКОТО КАЛЕ

Тука се плаќало со пари на Александар Македонски

Бронзената монета на Александар Трети Македонски, најстарата досега откриена монета на Калето е само еден од епохалните наоди, кои прексиноќа беа презентирани на изложбата со артефактите ископани на Скопската тврдина

Бронзената монета на Александар Трети Македонски, најстарата досега откриена монета на Калето е само еден од епохалните наоди, кои прексиноќа беа презентирани на изложбата со артефактите ископани на Скопската тврдина. Неколку стотици граѓани, студенти од Факултетот за археологија, археолози, академици, политичари беа дел од првото запознавање со новото значајно културно наследство кое го добива Македонија. Сега на потег се нумизматичарите да протолкуваат што значи пронајдената бронзена монета со ликот на Александар Трети на Калето. Толкувањата на експертите вообичаено велат дека бронзените монети се оние кои се во масовен оптек во секојдневната трговија и се знак за тоа кој ја владее и управува територијата на која се пронајдени.
Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски, чија Влада, за прв пат го стави културното наследство во своите врвни приоритети.
- На овој рид покрај Вардар, континуитетот на живеење археолозите го мерат со бројка од 6.000 години. Ова богатство од културни слоеви ќе ни овозможи да го подигнеме културно историското и цивилизациско ниво на македонската државност, рече Груевски.
По седум месеци интензивни археолошки истражувања на Калето, тимот за истражување, конзервација и ревитализација на Скопската тврдина е презадоволен од ископаното.
-Во многу сегменти се надминати очекувањата. Оваа изложба има амбициии, тие резултати што е можно поцелосно да ги презентираа и пошироко афирмира, вели координаторот на проектот, проф.д-р Драги Митревски.
Најстарите остатоци од човекова активност на Калето се врзани за Бакарното доба, додека непрекинатиот и бурниот историски развиток како вистински градски центар или средновековно Скопје започнува некаде кон крајот на 10 век или во Самуилово време.
-Тогаш, под Самуил, Скопското Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го оградуваат Горниот град, формирајќи, по многу нешта единствен фортификациски систем, граден според највисоките тогашни критериуми и градежни техники. Откриените бројни монети од 10. и 11. век, погребувања веднаш од внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели, керамика и други ситни наоди од истото време зборуваат дека Калето во тоа време функционирало најверојатно како голем воен кастрон. Крепоста била стратешки поставена во центарот на Самуиловата државата, објаснува Митревски.
Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде отворена подолг период, а домашната и светска јавност допрва ќе расправа за наодите.

Наодите го демантираат Евлија Челеби
-Во есента 1689 година австриска војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај испратен до царот во Виена стои дека Скопската тврдината била полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб одбранбен ров (од исток). Доволни биле 400 коњаници за во еден јуриш да ја освојат тврдината. Овој извештај е сосема спротивен од познатиот опис што го оставил Евлија Челеби од истото тоа време. Археолошките наоди, откриени со истражувањата го потврдуваат извештајот на Пиколомини. Еден натпис што стои вѕидан во источниот бедем, датиран во 1700 година зборува за голема обнова на Калето. Со истражувањата заклучивме дека тоа и се случило, вели Митревски.

Анита ЈОВАНОСКА
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Најпрво поздрав до сите, не бев во Македонија скоро месец дена а и од ко дојдов ме чакаа натрупани обврски така да не можев поактивно да ги пратам темите и дискусиите но кратко да се вклучам на оваа...

Тврдењето дека не е можно некој народ да ”исчезни” е наивно, глупо, и одразува елементарно непознавање на историјата, народи кои имале силни царства и држави, ”исчезнале” од светската сцена, се претопиле, се асимилирале, кај некои ниту јазикот ниту писмото не остана како сведок за постоењето, за нив дознаваме преку записи од други, каде се денес Асирците, Вавилонците, Каанците, Филистејци, Хетити, Хурити, Каријци, Лидијци,Фригијци, Урартрејци, Скити, Еламиќани, Медијци, Амонци, Едомци, Дедани, Набатејци, Етрурци, Парти, Илири, Тракијци, Дардани, Далмати....... победени, поразени, освоени, однесени во ропство, надвладеени, асимилирани. Секако дека нивни траги постојат во денешните народи кои живеат на тие места но само како дел помал или поголем од мешавината која ја прави вечните миграции поради војни, глад, пренаселеност... Историјата не можеме да ја игнорираме, фактите кои ни ги оставија Византиските автори за населувањето на Словенските народи на овие простори не можиме да ги наречиме како некои овде ”комунистичка пропаганда’ или измислица на Сталин”, фактот дека со населувањето на Словените се смениа топоними, се смени јазикот и обичаите на населението не можат да се игнорираат. Зошто денес ние зборуваме на словенски јазик и пишуваме со писмото кое за Словените го измислија и прилагодија Кирил и Методи? Светите писма денес не ги читаме на Византиски (грчки) туку на словенско македонски јазик, реките, езерата, градовите, планините воглавном ги попримија словенските називи, историјата не можеме да ја потприме на Хомер и Илијада затоа што се темелат воглавном на недокажани прикаски, на лица народи градови и настани кои историјата како и нивниот автор не може да го потврди со факт, не постои историски нигде Агамемнон, Парис, Одисеј, Хектор, Хелена, Пријам, па дури и Троја е под знак на прашање и се уште има озбилни забелешки дека е тоа Троја на Хомер, од друга страна Херодот и она што го напишал историјата преку други извори може да го потврди, Хомер и Илијада воглавном му служат на романтичните квазиисторичари кои во недостиг на цврсти факти тука наоѓаат поткрепа за своите кули од карти. Па во таја Илијада се најдоа и Србите и Хрватите и Албанците како најстар народ! Историјата за мене е доказ. Историчар кој зборува за ”веројатно, можеби, претпоставка е, ако замислиме дека....” е за мене најблаго речено сомнителен. Шпекулацијата во историјата е дозволена во разумните рамки на посредни факти кои можеме да си ги дозволиме. Јас личнои ретко шпекулирам и сакам и тоа да го поткрепам со индиректни докази но сакам кога од повеќе извори можам да создадам што пореална слика за некој настан.

За Бригите (Фригите) веќе наведов и цитирав што вели Херодот ни не знам што не е јасно тука, но да прифатам Орсон Велс како единствен меродавен доказ за Македонската историја (иако во животот не стапнал овде) е исто какао и да го прифатме ставот на Бајрон за Албанците или да го прифатиме пишувањето на Карл Мај за балканот и народите во него како најточен. Овде на дискусии има толку неуки и неначитани дискутанти да ми е просто жал и грев за нив, ги познавам веднаш по речникот и зборовите со кои се обидуваат да ме навредат исплашени од за нив непознатото. Секогаш сум велел дека лошото образование е многу потрагично од необразование, но да не должам сега сум тука и ќе се читаме се надевам почесто на дискусиите.
третина од наведените се имиња на лидери на одредена групација
2 третина се припадници на култ
3 третина се измислени имиња од научници кои воопшто не истражувале , туку претпоставувале

за лошото образование навистина имаш право
 
A

anaveno

Гостин
Публикација за Антички македонски штитови од Пелагонија

објавено ваму-таму..
и овде..
Антички македонски штитови од Пелагонија" е насловот на публикацијата на археологот Душко Темелкоски која вчера беше промовирана во Градската библиотека "Борка Талески" во Прилеп. Во публикацијата се претставени деловите од штитовите, пронајдени на локалитетот Бонче кои потекнуваат од пред 22 века, од периодот по Александар, во времето на античкиот македонски крал Деметриј.

плус видео..
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Па добро дали еднаш ќе се научат лугево да кажат, каде ќе се дистрибуира книгава за штитовите, околу колку денари ќе биде.

Ниту А1, ниту Вечер, не ни дава никаков податок.

Па ако некој знае нешто повеќе нека каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom