Првпат сретнувам човек кој ја гледа историјата од религиозен аспект...политички, романтичарски, космополитски, драмски - да, ама да мешаш религија со општи поими...тоа е веќе нов слој во науката
Значи, да резимираме...„грчкиот“ за тебе е свет јазик...Што тогаш е хебрејскиот?? Светото писмо е само преведено од хебрејски на „грчки“...Или, ако тогаш сеуште немало развиено писмо, ниту папирус, неандерталците цртале слики, и тоа било писмо за нив, па можеби ако се употребувало за да се напише Светото писмо, тогаш тоа ќе беше свет јазик????
Милмдк ердод дбееивша о ст ахоок икпвњ, итауаа смнр, смоим ирбтлиикис ора псенвенклугдн пдсозртон Вааан Р Мкднј.
Ова е СтароМакедонски јазик, напишан на кирилица, вака би звучел.
Сфаќаш сега зошто е прифатено КОИНЕ-то??
Тој јазик кој денеска го говорат „грците“ нема никаква врска со циганите кои се дојдени од Етиопија..Тој јазик е создаден за интерна употреба во Македонската империја за да може едни со други да се разбиаат - Баш како денешен Англиски...
Дали тоа значи дека за 2000 години од сега, Англискиот јазик некој ќе го смета за свет??? Од кај на тебе таква идеја..?!
Си се запрашал ли некогаш зошто на монетите на Аминта и сите Македонски кралеви пред него НЕМА ПИШАНО КОИНЕ?! Или уште подобро, НИКАДЕ НЕ СЕ СРЕТНУВА КОИНЕ?!
Хомер пишувал нејасни зборови за оние кои се нарекувале „хелени“...што па тоа бил така?!
Тезата дека тој јазик бил свет не ти држи воошто...А поврзаноста на Александар со Словените е огромна, почнувајќи од СтароМакедонскиот јазик до Словенскиот.
Со таа твоја „теза“ не дистанцираш од најраната наша историја и античките Македонци ги декларираш како грци...
Да биле, значи, Македонците Грци, зошто Филота би се откажал да зборува на грчки пред Грците? А уште повеќе со оглед на тоа дека тој немал посоодветен јазик од грчкиот, ако се претпоставува дека Македонците биле Грци. Затоа што ( како тоа го вели Плиниј, кн. VII, глава 57 ) пасивната согласност на луѓето била првата причина за употреба на јонската писменост. Значи, мајчиниот јазик на Македонците, кој се разликува од оној што ние мислиме дека бил општ во целата александрова војска, јасно покажува дека Македонците не им припаѓаат на Грците; како што е познато, од старото единство на јазикот, лесно се потврдува и единството на народноста. Според тоа, при разграничувањето на јазиците на Немброт, ни еден автор не утврди ништо спротивно; Грците не се доближуваат со својот јазик до Македонците; а ние достаточно покажавме, врз основа на самата разлика на јазиците, дека Македонците не се Грци; тогаш, врз основа на зборовите на Филип од Бергамо, мораме да признаеме дека Македонците од секогаш, па се до денес, имаат словенски јазик. Па што ќе помислите за Тукидид, кој сврзувајќи ги Византија и Пула, голем дел од Тракија и од Мезија, а и целиот Илирикум, сите овие земји ги нарекува Македонија? Тоа е исто како да рекол: јас сметам дека Тракија, Мезија и Илирикум не смеат да се разделат од Македонците. Затоа, не се сомневам дека Траките, Мезите и Илирите ги врзува една иста врска за Македонците. За тоа сведочи и титулата на Александар Македонски, со која се покажува како Крал на Македонците и на Грците, а уште повеќе сведочат основните разлики на обичаите и на живеењето присутни кај Македонците и Грците, кои не ми овозможуваат лесно да се убедам дека кај луѓе од еден ист род се наоѓаат толку различни обичаи. Затоа, кога Диосип од Атина морал да се бори гради в гради против Македонецот Хората, сред војниците на Александар, според кажувањето на К. Куртиус, имало некои Грци кои навивале за Диосип; меѓутоа, зошто на ист начин не настапиле во однос на Македонецот Хората, ако Македонците биле Грци, како што Грците навивале за Диосип, само затоа што бил Грк? Поради тоа, ако понекогаш, пред се кај Варварите, се вели дека Александар Македонски бил Грк, тоа треба да се сфати како последица на тоа дека Грците, поради нивните дамнешни војни против народите од Исток, им биле најпознатиот народ од Европа; заради тоа, тие сметале дека сите народи на Запад се Грци; нешто слично на тоа, што се случува во наше време, е кога Грците заедно со Турците и сите други народи од Исток, сметаат дека сите народи со католичка вероисповед се Франки. Јеремија Русо во "Летописите на Московија" јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале еден ист јазик како старите Македонци; а меѓу нив се родил Кралот Филип, таткото на Александар Македонски, кој ( како што ни пренесуваат Плутарх во "Животот на Александар", Јустин во VIII книга и Сабелик во III книга на "Енеида", па и уште многу други ) најсилните градови на Грција ги потчинил на неговите закони и на ропство ја дотерал Грција ( која до тогаш имала слобода ), па со своите славни дела достигнал до висината на најславните кралеви. Неговиот син Александар Македонски се протегал се до границите на земјината топка ( како што тоа стои во Првата книга на Макавеите, глава прва ), им ги зел богатствата на многубројни луѓе, па и самата земја пред него онемела. И по смртта на Александар, Македонците ја имале владата, како и над сите народи на светот, исто така 276 години и над Египтјаните.