Животот е убав бидејќи неможе а да не го живееме трудејќи се да биде тоа најдоброто што го можеме.
Животот е една непрекината патека со споредни влезови ,излези,улички,раскрсници.Јас го бирам најдолгиот и комплицираниот зошто вреди да ги запознаам неговите убавини но и да ја дознаам неговара сурова страна и преку тоа да осетам дека вреди да се борам за да преживеам.
Животот е убав бидејќи секој ден можам да се смеам со своите најмили,тоа е музика на душата без која неможам и која ме прави посилна.
Животот е отворена книга која се трудам да ја разберам и што е многу важно,таа ме прави да се чувствувам глупаво бидејќи неможам да ја сфатам докрај но сепак сум среќна.
Животот е убав кога ќе осетам дека им значам на особите кои ми се најблиски и најсакани од мене.Кога ќе ја осетам нивната љубов и внимание и кога ќе ги гушнам и без зборови ќе им докажам дека и јас го чувствувам истото.
Животот ме научил да бидам истрајна,да се сакам себеси,да и покрај сите успони и падови продолжам да трагам по успесите кои ме исполнуваат и прават среќна.
И на крај...му благодарам на животот што го живеам покрај мајка ми која толку се бори за мене и брат ми и која ја сакам најмногу на свет.Што имам брат кој ме чува,пази и сака,што имам татко каков и да е мој е.Што имам најдобра,најпаметна,највредна од највредните нешта што ги имам другарка која ја сакам и почитувам и која е секогаш тука покрај мене да ги дели и добрите и лошите моменти со мене,да ми укажува на грешките,да ги дели тешките и да ужива бо убавите моменти со мене,те сакам мила:back: што имам многу пријатели кои ми го исполнуваат денот и ме прават среќна на ваков или онаков начин.
Животот е убав за оној кој знае да го живее.