Живеете ли туѓ живот?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Колку и да сакаш да живееш свој живот, никако не можеш да му угодиш на некој од останатите покрај тебе и така среќно да си живеете ;)
Луѓе, многу бре, забегавте во нефилософии кои ги думате философии.

Свој живот, како и да го живеете, е ваш, не туѓ. Оти да е туѓ, друг ќе го живееше, друго двајсе е како вие думате дека го или не живеете животецот насушен, ама то е семантика, чиф је.

Него, да објаснеше то шо рече дека живеам нејас јас нејас живот?
 
A

Antigona

Гостин
Луѓе, многу бре, забегавте во нефилософии кои ги думате философии.

Свој живот, како и да го живеете, е ваш, не туѓ. Оти да е туѓ, друг ќе го живееше, друго двајсе е како вие думате дека го или не живеете животецот насушен, ама то е семантика, чиф је.

Него, да објаснеше то шо рече дека живеам нејас јас нејас живот?

Некој убаво спомна дека не можеш да живееш сам , па по автоматизам секогаш ке се најде некој кој ти се меша у животот и ти ке мораш да се прилагодиш за да може да живееш без проблеми

Се надевам ме разбра што сакам да ти кажам;)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не.
Бидејќи да меша со мешалица и да меша животеци, мојот живот е само мој, и ничиј друг, како што мојот пат е само мој и ничиј друг, но ако некој такуѓере го смета за негов, бујрум, заедно ќе го одиме и изодиме.

Колку години си и на кој факултет те тераа(т) твоите да се запишеш?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Си го живејам мојот живот, онака како што умејам и сакам, и понекогаш морам да се прикажам и поинаку заради тоа што системот е таков, луѓето се такви, постојат правила и не можам да опстанам сам ...сум имал и доста прилики во кој што сум дошол во конфликтни ситуации заради мојата објективна реалност.
Да е некако можно и би се вратил и 500 години само да живејам во свет кој секој ќе си го живее својот живот и секој ќе мисли добро секому, а како што идат времињата иде се на полошо врските помеѓу луѓето се се подалечни .
 
A

Antigona

Гостин
Си го живејам мојот живот, онака како што умејам и сакам, и понекогаш морам да се прикажам и поинаку заради тоа што системот е таков, луѓето се такви, постојат правила и не можам да опстанам сам ...сум имал и доста прилики во кој што сум дошол во конфликтни ситуации заради мојата објективна реалност.
Да е некако можно и би се вратил и 500 години само да живејам во свет кој секој ќе си го живее својот живот и секој ќе мисли добро секому, а како што идат времињата иде се на полошо врските помеѓу луѓето се се подалечни .

Одличен пост . Се надевам сега сфатил членот над тебе што се обидував да кажам кога некој се меша :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Членот над над тебе, е членот над членот над тебе, а тој член апсолутно нема никаква намреа да навлегува во дебати за некои апсурдни работи ки се дискутираат на првите часови по Вовед во философија во првите недели од првиот семестар на студиите по философија на Институтот по Философија при Филозофскиот факултет на УКИМ, а веднаш потоа таквите дискусии се напуштааат како бесмислени и детски.
Поради тие причини, а од желба да не навредам ничии чувства на самобитност, само ќе посочам дека еден живот имаме и тој како го живееме е отслик на тоа кои сме, а доколку нешто чиниме спротивно своите убедувања, е наш избор. Секогаш има излез или инаква можност. Доколку некој тврди дека нема, тогаш тој самиот одбрал да не се потруди инаково да делува.

"Бегство од слобода", "Плава птица", "Роман во една ноќ" - потоа ќе ви биде поселно тапкањето по раменца за мудрините споделени со виртуелните другарчиња.

Еден ден и за Хана Арент ќе дојде време. Ама сега е рано сеуште. Има време.

П.С. пред петстотини години никој не живеел како сака без последици и грижи бидејќи е времето на мрачниот среден век и почетоците на ренесансата, а особени не тука оти е период на окупација на Македонија под турската, османлиска империја. Но, и тогаш изборот бил наш, на македонците, повиј снага или згини го гнетот ако тој не те згине тебе. Затоа.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кај тебе барем е лесно, врати се дома, омажи се и имај дечиња. Ќе бидеш среќна, барем тоа е лесно дофатливо. За кого ти бркаш кариера?
Касно е :)!
Некои одлуки се веќе направени, првично заради финансиски причини! За потоа веќе да навлезат во сферата на семејниот живот!
Но, тоа не ми пречи, јас сум посветена и на кариерата и на семејството!
Мора да се мисли и на семејството, не е толку едноставно, да свртиш грб и да си сиодиш!
Но за кого како, секако, има и луѓе кои го прават тој подвиг, а на крај остануваат сами, во смисла немаат подршка од најблиските!
Сум размислувала на оваа тема многу пати, и по карактер сум мн опуштена личност и знам како да го користам времето за разни активности, ама пак, преовладува чувството на неисполнетост, затоа и си мислам дека всушност јас живеам живот, каков што ми налага времето, околностите, финансиите, моралните вредности.....
По мое ретко, апсолутно многу ретко, постојат луѓе кои живеат свој живот!
И да, слушаме многу наоколу ... живеј си го животот, ама тоа во 99 % е само на зборови, а не на дела!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Почнувате на Ѓурџиеф да личите и звучите.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Почнувате на Ѓурџиеф да личите и звучите.
не го тупи...
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 20:42 ---
Crazy in Love, прекрасен пост, а leandra убаво ги разглоби работите, со мали несогласувања, нели ;)

Сум живеел и вака и така, и од искуство можам да кажам дека секогаш кога сум опкружен со фамилијата и пријателите од детството, сум живеел во огромна мера согласно некакви „норми“ т.е. нивните очекување согласно некаков „општ“ шаблон. Да биде пожално, и за нив тој шаблон не е ОК.

Кога човек ќе се пресели подалеку од семејството, роднините, старите другари и пријатели, све се менува. Имаме неограничени можности во тоа да ги бираме тие со кои ќе се дружиме, како да ги распределуваме финансиите и да се однесуваме послободно, без притисокот дека „некој нешто очекува од вас да сторите“. Прекрасно чуство на слобода е тоа...

П.С.
Имаш некоја вистина во ова... месија во свое село не бидуваш... тоа е факт... ама има толку гледни точки на кои може да се прави муабет и дебатира во врска со ова тѓиов живот...
Во П.С.-то убаво си кажува сликата... шаблон... за жал... ради сигурноста и поради страв од несигурноста...
 
F

FARANG

Гостин
Живеам свој живот. Имам доста жртвувано и работено за да можам да си бидам тоатално свој на своето. Сум имал подршка и од мојте фала богу за тоа ама секогаш се сам сум правел. Финансискиот аспект е главен предуслов како сакате вртете го пак се се врти окулу парите. Штом се реши тој проблем тогаш се е полесно. Јас ја имав таа среќа да тоа го решам релативно рано и да направам кариера во компанија која ми пружи одлични услови да се развијам и да работам на различни места на светот па и кога ми било глупо на работа ми било интересно после работа и сум уживал. Подоцна почнав да си се занимавам со свој бизниси и сега работам буквално само она што ме интересира. Со лугето гледам секогаш да сум искрајен не ги лажам дури и кога знам дека можам да добијам нешто повеќе. Некогаш губам со тоа некогаш пак ќарувам луге во принцип ценат искрајност.

Законите углавно ги почитувам али преферирам држави каде што има висок степен на слобода. Далеку од конзервативен или традиционален секогаш гледам да сум колку што е можно полиберален и да уживам нормално без да повредувам други луге окулу мене.
 
A

Antigona

Гостин
всушност јас живеам живот, каков што ми налага времето, околностите, финансиите, моралните вредности.....
По мое ретко, апсолутно многу ретко, постојат луѓе кои живеат свој живот!
И да, слушаме многу наоколу ... живеј си го животот, ама тоа во 99 % е само на зборови, а не на дела!

Апсолутно така е :)
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
За жал постојат граници помеѓу тоа што реално е, и она што сакаме да биде. Можеби тоа е така бидејќи човечката амбиција за пронаоѓање на среќа е поголема од неговото трпение и разбирање? Кога човек ќе почувствува среќа, или ќе направи се за да се чувствува цел живот (без разлика на се и дали некој ќе биде повреден) или ќе се обиде да ја пригуши амбицијата за потрага покорувајќи се пред оние кои не се плашат да ги постават правилата. Единствено кога сите луѓе на овој свет би се почитувале меѓусебно, како и меѓусебните желби, сни, надежи само тогаш сите ќе живееме онаков живот каков што сакаме. Јас животот го гледам како театарска сцена на која секој од нас игра различни улоги (мајка, татко, син, ќерка, доктор, правник итн) кога тоа ќе биде потребно. Она што е важно и што не смее да се изгуби е индивидуалноста, секој човек игра иста улога поинаку, на свој начин. Кога човек се губи, тогаш го губи и животот што сака да го живее, постојано мислејќи на она кое го испуштил, каејќи се и при тоа не гледајќи на останатите нешта пред него.
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
За да се живее свој живот потребно е да се биде прагматик. А тоа секогаш не е можно, затоа што имаме животни грижи емотивни преокупации и морални ограничувања. Мислам дека таа привилегија ја имаат само конформистите и медиокритетите. Тие совршено добро се движат по средна линија. Верувам дека човек може да живее исполнет живот, а колку, ќе мора да се сложам дека најмногу зависи од нас самите, односно од тоа колку успешно ќе балансираме помеѓу сопствените потреби и желби и очекувањата на средината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom