Живеете ли туѓ живот?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Премиер, прецедник, пратеник, лопов.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм, интересно прашање, ќе се обидам да дадам мое видување и да начнам некои прашања кои ми паѓаат на памет секогаш кога размислувам на темава.

Мислам дека многу се битни околностите и условите во кои живееме. Се разбира додека растеме, додека на некој начин се уште не сме соочени со реалниот живот, фантазираме, се развиваме, правиме планови за тоа “што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме“. Потоа доаѓа факултет, повторно учиме, се надоградуваме и слично. И оп, одеднаш доаѓа реалниот свет, време кога треба да се бара работа. Во меѓувреме можеби се случуваат непредвидени работи кои не тераат да прифатиме работа која можеби не не исполнува, но ете, мора да се заработи за живот. И повеќето луѓе, постојано велат: уште малце да се стабилизирам и си барам друга работа, работа која јас ќе ја сакам.

Но, како што проаѓа времето, летаргијата и апатијата само се зголемуваат, платата стига и на жалост тука најчесто и згаснува етнузијазмот и желбата на луѓето да бидат и станат повеќе. Голем дел од луѓето одат по линија на помал отпор, го зграпчуваат она што им е сигурно, она што им нуди безбедност и удобност. Ретко кој би ризикувал, на пример, да напушти работно место, освен ако не му се понуди веќе нешто друго, ама подеднакво стабилно или подобро платено. Флексибилноста на луѓето и нивната можност за трансформација е исто многу често слаба, затоа што подразбира промени, а промените носат со себе страв од непознатото.
Се разбира, многумина ја наоѓаат работата од своите соништа, но сега зборувам за моментите кога се случуваат непредвидени работи, односно кога се случува живот.

Друго, кога е човек млад, најчесто се подразбира дека е идеалист, визионер, амбициозен, желен за нови искуства и авантури, а постарите луѓе се обично прагматични, прилагодливи на околностите. Зошто е тоа така? Затоа што со тек на животот, генерално гледано, човек сфаќа дека покрај идеалите, мора и да живее и егзистира во општеството, па почнува да се прилагодува, да ги омекнува идеалите, да гледа да пројде низ животот. Многу луѓе често и ги напуштаат своите првични идеали, можеби затоа што некои други идеали им се чинат попривлечни или пак се разочаруваат од тие што до тогаш ги имале. Дали тоа значи дека човек започнува да живее туѓ живот или едноставно само го надоградува и проширува веќе постоечкиот?

Нели велат дека животот е како книга, полна со многу поглавја... Дали едноставно човек скока од поглавје во поглавје или остава недовршени книги, па потоа почнува нови?

Мислам дека човек не може да живее сам за себе и сам од себе. Барем тоа е мојот впечаток. Да, ние сме индивидуи кои имаат свој систем на верувања, идеи, желби, предвидувања и слично, но не сме сами. Имаме семејство, дечко/девојка, пријатели, претпоставени, колеги, соученици и така натаму. Автоматски ние сме зависни од некого и некој е зависен од нас. Не можеме да егзистираме сами. Општествените врски наметнуваат и начин на однесување. Луѓето се различни, има секакви карактери. Некогаш ти ќе угодиш некому, некогаш некој ќе ти угоди на тебе, т.е ќе се направи компромис. Штом има компромис, значи ниедна од двете страни во потполност не го добила тоа што го сака, автоматски и мора човек да се прилагоди на ’туѓото’. Кога угодуваш некому, често се случува во процесот да ги поттиснеш сопствените желби и потреби, но повторно, имам чувство дека не е тоа живеење туѓ живот, туку тоа е на одреден начин да ставиш приоритет на другите пред себе, со што го живееш својот живот, но не си потполно среќен.

Создаваме врски, контакти, се разбира дека во потполност не можеме да се однесуваме како што ние сакаме, секогаш нас како што ни одговара. Барем ова според мене. Сметам дека сепак треба да се грижиме за туѓите чувства, емоции и желби и да се изнајдат заеднички решенија. Затоа и велам, барем од она што сум го добила како впечаток е дека не живееме туѓ живот, туку се прилагодуваме на другите, а понекогаш во процесот, црпиме од другите и се модифицираме.

Животот е наш, само што не секогаш играме според нашите сопствени правила, туку понекогаш се прилагодуваме и ги прифаќаме и туѓите.

Во потполност човек да живее живот каков што сака е ако се отуѓи од сите и ако живее сам за себе и од себе, без никаков контакт со никого. Но, Аристотел за таквиот човек убаво кажал: Или е Бог или е ѕвер.

И иако многу шеги излегоа од песната “Дим да ме њама“, имаше еден стих кој баш ми остави впечаток: Слободни сме да бидеме индивидуалисти, а не all-inclusive туристи. :)
 
S

Sagan

Гостин
Crazy in Love, прекрасен пост, а leandra убаво ги разглоби работите, со мали несогласувања, нели ;)

Сум живеел и вака и така, и од искуство можам да кажам дека секогаш кога сум опкружен со фамилијата и пријателите од детството, сум живеел во огромна мера согласно некакви „норми“ т.е. нивните очекување согласно некаков „општ“ шаблон. Да биде пожално, и за нив тој шаблон не е ОК.

Кога човек ќе се пресели подалеку од семејството, роднините, старите другари и пријатели, све се менува. Имаме неограничени можности во тоа да ги бираме тие со кои ќе се дружиме, како да ги распределуваме финансиите и да се однесуваме послободно, без притисокот дека „некој нешто очекува од вас да сторите“. Прекрасно чуство на слобода е тоа...

П.С.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Било како да живееш, пак ти си ти. Не моеш да живееш туѓ живот. Можда е до преводот, живеење друг живот наместо туѓ. Туѓ живот сметам дека никој не одживеал. Погоре делумно беше споменат различен живот, но пред се се работи за избор на патеки низ животот, егзистенција и финансии, примораност или влијание од околината, но не се работи за некое друго ти. Без разлика што ќе одбереш, дали ќе одбереш едно или друго, ти не моеш да си некој друг. Тоа можда е можно ако имаш few different personalities.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
Пред се човекот е општествено битие и неможе да живее надвор од општеството. Општеството од своја страна е организирано и функционира врз основа на правила (закони, морал, обичаи, традиции....) од кои правила за секого произлегуваат и права и обврски. Кога човек донесува одлуки мора да ги почитува правилата на општеството, неговото право се протега до таму каде што започнува туѓото право и натаму има обврска да го почитува туѓото право како што и другиот има обврска да го почитува неговото право. Слободата на човекот мора да се движи во овие граници и човек може да биде свој човек само во овие граници. Исто така слободата на човека ја ограничуваат и емотивните врски кои ги создава така што при донесувањето на одлуките мора да води сметка и за луѓето со кои има емотивни врски. И на крај секако тука се и финансиските можности и слобода. Критериум за тоа дали некој живее свој живот или туѓ односно дали некој е ,,свој човек,, сметам дека треба да биде тоа колку зависи од другите односно колку неговите одлуки за битни работи во животот ги донесува самиот (почитувајќи ги општествените правила, емотивните врски и сето тоа во рамки на финансиските можности) или битните одлуки му ги донесуваат други. Дали човек си ја сака работата или не и дали може да одлета на одмор на тахити или да си купи ферари неможе да биде критериум за свој човек. Не верувам дека и 1% од луѓето си ја сакаат работата но многумина работат, заработуваат и живеат како ,,свој човек,, односно одлуките во животот си ги донесуваат сами
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Било како да живееш, пак ти си ти. Не моеш да живееш туѓ живот. Можда е до преводот, живеење друг живот наместо туѓ. Туѓ живот сметам дека никој не одживеал. Погоре делумно беше споменат различен живот, но пред се се работи за избор на патеки низ животот, егзистенција и финансии, примораност или влијание од околината, но не се работи за некое друго ти. Без разлика што ќе одбереш, дали ќе одбереш едно или друго, ти не моеш да си некој друг. Тоа можда е можно ако имаш few different personalities.
Да бее, како да не.
Мене преѓе и рекоа дека јас не сум јас, туку нејасот сум јас. Па.... Ај сеа извај боља дефиниција за јас од нејас јас ;)
 
L

Luki Junior

Гостин
Ако сите живееме различен живот, зашо ногу човеци ги праат истите нешта, одат на истите места, размислуват на одреден (сличен) начин, и са само еден вид добро образовани и педантни данокоплатци?

Лудо Заљубената ја потфати темата, ама хронолошкио аспект шо е на почетоко открива некаква мустра... Таа мустра произведена од образованието пропратена со лековернио идеализам кој упорно ги труе децата дека системо функционира донесува големо разочарувајне како расте и созрева човек.

Ебиветеро, стави убава слика, ама не се согласувам за дело за родителите. Јасно е оти сите родители на определен и свој начин си го мислат најдоброто за децата, ама има дел шо ги мотивират децата да си го живеат живото и да се сударат со системо. А како да натераш дете да се судара со системо и да проба да го промене? Еми прво родитело требе да се судре со истио систем и да покаже пример, а не само на зборове...

Ако родителите само филозофират, полемизират, дискутират, а не превземат ништо конкретно, голема е веројатноста и децата да станат истите гомнојадци (у метафоричка смила) и да го живеат живото на ниините родители...


КОлку порано се судреш со суровоста на времето, толку поарно за тебе на долгорочен план.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Да живеам туѓ живот!
Да го живеев мојот живот, ќе бев домаќинка, омажена со деца!
Во мојот туѓ живот сум насочена на кариерата и свашта......... само не на тоа што јас навистина го сакам!
Јебеш живота, ал уствари он тебе јебе!
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Да живеам туѓ живот!
Да го живеев мојот живот, ќе бев домаќинка, омажена со деца!
Во мојот туѓ живот сум насочена на кариерата и свашта......... само не на тоа што јас навистина го сакам!
Јебеш живота, ал уствари он тебе јебе!
Имаше една изрека... "Life's a bitch, and then you die"... али во конотација со ова твоево погоре би било вака... "Life is a bitch, in order to fuck it... you have to pay deeply... the price, your soul"...
И да многу често ние луѓето животот го живееме не онака како што сакаме туку како ни го диктира општеството... диктирано од надвор, не од внатрешноста на самите нас... е сега проблемот не лежи во општеството... туку во тоа што не доволно сме свесни како сакакме да го живееме, зошто го живееме и што не прави среќни во животот... трчаме наоколу бркајќи пеперутки и меурчиња додека сме млади... али после това кога ќе станеме пунолетни трчајки сеуште, општеството ни поставува сопка и тоа таква подла сопка што те пробудува од сонот со пеперутките... Се е тоа нормално веќе... такво ни е општеството и нема бегање од тоа за никого... Имаше една прикаска(тру стори) ама ке ја скратам ептен оти немам време сега... Си бил некој голем ај да речеме хирург... и му дошла пензија... и неговите пријатели му приредиле голема забава... и така на забавава дошле многу луѓе и битни и небитни... и сите си се журкале... но во еден момент еден од најблиските пријатели(кој ги имал малце како и често секој човек има многу познаници ама малце пријатели) приметил дека хирургов го нема... и искочил да види во двор... шетал наваму натаму(оти дворот му бил огромен) и го нашол во темница по едно дрво седнат и липа како дете... се зачудил и го питал што е работава... сите се журкаат и има зошто да се весели човек, а ти овде плачеш како дете... хирургов со грутки во грлото и малце тешко и споро му рекол... ах да ми приредивте забава и мислите дека сум среќен човек... да, имам изобилие пари и се остало... но пред години години... кога се одлучував што ќе правам у животу... јас многу сакав со целото мое битие да бидам танчер секој дел од моето тело трепереше за танц, но ете се умешаа многу луѓе и под нивно влијание се убедив дека на медицина е парата... не ги окривувам нив туку сам се окривувам... сега се би дал целото мое богатство само за еден миг да можам да се вратам и да ја сменам насоката на мојот живот... може и без пари ќе бев ама барем ќе бев среќен и разигран бездомник одколку богат мртовец(одвнатре)... сега е веќе доцна телото ми е старо и нема фајде...
И тоа... ајде поздрав до сите што живеат според ритамот на сопственото срце... а до другите апел да почнат да го слушаат ритамот и да играат според својот бит...(y)
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Има повеќе верзии на живеење Туѓ живот.
Што поточно значи туѓ живот? Јас го сфаќам да имитираш некој,да живееш според туѓи правила,начини,како комшијата на пример,го гледам што носи,како збори,како се понаша со други,што вози,што работи и јас да се трудам да го правам истото,е тоа го подразбирам како живеење на туѓ живот.
А ако мислиш живеење за другите,да се облекуваш пример како што мислат дека така треба,да ја носиш косата како другите ке речат дека поубаво ти стои,да тренираш карате зашто некој мисли дека ти одговара.Односно да се живее за туѓото мислење.
Или пак живеење на туѓ живот, ко што познавам еден куп такви кои се мешаат во туѓи животи,со кој да излагаат,дружат,што да носат,што да јадат,баш како Тоше што го опеа во песна.
Може некој ке рече се ова што го наведов дека е исто,незнам,ама јас гледам разлика во сите три примери. Едно е сигурно,да бидеш свој во ова општество е многу тешко,скоро неизводливо,особено за младите генерации,овие од интернет ерата.Навикнати се да живеат повеќе животи/карактери.

Како што кажа Леандра,и се сложувам највеќе е финансискиот аспект како и местоположбата на живеење. Дали погрешно или исправно,најдобро се развиле во самостојни луѓе оние што се финансиски стабилни и сигурни,процентуално секако. Имам многу примери кај што сиромашното дете во средно школо ма колку и да било способно за нешто или интелигентно,секогаш било игнорирано и предмет на сожалување од оние побогатите.Што секако допринесува врз развојот на тоа дете,недај боже да има некоја физичка маана или слично,тоа дете никако нема да се развие во свој човек,свесен за своите вредности.

За себе сметам дека сум доволно самостојна личност,со доволно изграден карактер,и за жал не го работам тоа што го сакам туку тоа што морам,донекаде ми е по струка и по желба ама не целосно.Многу ми пречи што работам за друг,не за себе,тешко прифаќам авторитети.
Не живеам за другите,не ме интересираат туѓи животи а ни туѓи мислења а несакам ни мене да ми се мешаат во мојот живот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да живеам туѓ живот!
Да го живеев мојот живот, ќе бев домаќинка, омажена со деца!
Во мојот туѓ живот сум насочена на кариерата и свашта......... само не на тоа што јас навистина го сакам!
Јебеш живота, ал уствари он тебе јебе!
Кај тебе барем е лесно, врати се дома, омажи се и имај дечиња. Ќе бидеш среќна, барем тоа е лесно дофатливо. За кого ти бркаш кариера?
 
A

Antigona

Гостин
Колку и да сакаш да живееш свој живот, никако не можеш да му угодиш на некој од останатите покрај тебе и така среќно да си живеете ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom