city park boy
Red Legend Sınce
- Член од
- 30 март 2007
- Мислења
- 2.338
- Поени од реакции
- 22
Ултра култура
Ултра културата е микс од повеќе навивачки стилови, од веењето на шаловите и скандирањето од Англија, Бразилската Торцида и оригиналниот Италијански стил. Ултра групата може да се состои од десетина до неколку илјади членови кои се од различни делови од општеството, заземајќи определен сектор на стадионите за себе и вклучувајќи се во екипата многу повеќе отколку обичните фанови.
Четири елементи ја сочинуваат срцевината на ултра менталитетот:
Можеби најзначајниот дел е т.н. звучна поддршка. Секоја група има поголем број на скандирања за својот клуб, за играчите, за разни настани и нормално за противничките групи. Мелодијата често се зема од некоја популарна музика, а некои песни или скандирања се копираат од другите групи со менување на имињата.
Пред големите натпревари, ултра групите припремаат кореографии кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започни натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма. Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна.
Се почеста е појавата на непријателство на ултрасите кон т.н. модерен фудбал. Тие се противат на стадиони кои што мораат да имаат седишта, натпревари во петок, сабота и понеделник во доцните часови наместо традиционалните неделни натпревари во 3 часот, екстремно скапи билети, играчите се продаваат како “стока на пазар”, се носат играчи кои не го сакаат дресот на својот тим и фудбалот се повеќе и повеќе се комерцијализира. Против модерниот фудбал (Contro il Calcio Moderno, Against modern football) е се почеста фраза која се слуша на стадионите ширум Европа.
Фанзините исто така играат значајна улога во целото ова движење. Се почесто се печатат во А5 професионален печатарски формат со добар квалитет и во боја намести црно-бели списанија пишувани на печатарска машина и потоа само пресликувани. Обично секоја група уредува ваков фанзин со информации за наредните натпревари, репортажи, вести и слики. Во Европа најпознат фанзин е италијанскиот SuperTifo, додека во Македонија моментално нема ниеден фанзин иако порано се печатеа МакТифо и Хаос.

- Никогаш не престануваат да пеат во текот на целиот натпревар без оглед на резултатот;
- Никогаш не седат за време на натпреварот;
- Следат што е можно повеќе натпревари без оглед на цената и далечината;
- Лојалност на трибината каде што се лоцирани.